MoneyBookers (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата -X- Manager
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми веруваш?

:)

Јас ти верувам, само ме интересира покрај тие 3.000 акаунти на МБ на колку сметки влечеш во МК ... тоа е поинтересниот дел. Нејсе, сигурно не е муабет за во јавност, така да ако можеш да споделиш нешто интересно ок, ако не живи и здрави.
 
На триеситина акаунти. Но сега смислив план како воопшто да не влечам пари во Македонија. ;)

Но тоа дефинитивно не е за во јавност. Цел муабет ми беше, нема никаква потреба да го нишаме бродот со пријавување пари. На УЈП не и е гајле, нив повеќе ги интересира како да ги оданочат оние кои издаваат станови на пример, бидејќи таму се работи за големи пари, така да со ситните суми на МБ не се ни занимаваат.

Најсмешната работа е што дури и ако ти докажат дека парите на МБ ти се од кладилница, пак не смеат да те даночат, туку треба да те казнат што воопшто си се кладел, затоа што за македонските граѓани он лајн кладењето е забрането (што пак се коси со европските регулативи, но не е тема ова).
 
Добар ден неможев да ги разлистам многу многу претходните страни ,па имам едно прашање.Имам 160 евра на Маниброкерс и сега како да ги извадам дали мора на девизна сметка или може и на транакциска жиро сметка.И колкава е провизијата еден пријател ми вика дека била 21 евро,тоа е многу јас мислам.И дали може да направам транскакција без одобрен акаунт бидејки не ми стигна кодот со 6 цифри а пред 5 месеци е направен акаунтот.Фала многу.
 
Не мора на девизна. Во која банка ти е сметката? Провизијата е околу 2 евра не 21. А за другото не знам мислам дека треба да ти е одобрен ако не си го добил кодот контактирај ги да ти го пратат пак.
 
MB акаунтот ми е во евра, а треба да примам долари. Дали ваква трансакција е изводлива да се направи и како?
 
MB акаунтот ми е во евра, а треба да примам долари. Дали ваква трансакција е изводлива да се направи и како?
Ќе ти се конвертираат во евра доларите така да немај гајле .
 
Изводлива е само може ќе ти земат некој процент за конверзијата.

- sent from mobile -
 
Луѓе ве молам кажете ми дали можам да верифицирам Visa Electron од Тутунска на MoneyBookers (за обложување) и какви информации ќе ми бараат.
Кога земате пари од MoneyBookers ги подигнувате од банкомат или на шалтер ?
 
Ќе ја регистрираш треба да имаш минимум 3 евра мислам кога ќе ја внесеш картичката ќе ти земе одредена сума до 3 евра максимум , и треба да се јавиш во банка да прашаш точно колку ти зеле во евра и да ја внесеш таа сума .
 
^ Ќе ти дојде порака на мобилниот колку ти земало ако при аплицирањето за дебитната имаш оставено број, барем мене ми дојде за неколку работи што плаќав.
 
На триеситина акаунти. Но сега смислив план како воопшто да не влечам пари во Македонија. ;)

Но тоа дефинитивно не е за во јавност. Цел муабет ми беше, нема никаква потреба да го нишаме бродот со пријавување пари. На УЈП не и е гајле, нив повеќе ги интересира како да ги оданочат оние кои издаваат станови на пример, бидејќи таму се работи за големи пари, така да со ситните суми на МБ не се ни занимаваат.

Ставрогин, ги читам твоите поствови во темава, па решив да ти предложам нешто:
Јас често депонирам пари на Moneybookers, и тоа не баш мали суми, понекогаш и 1-2К месечно.
Како што прочитав, ти го кориштиш Moneybookers за обратен трасвер на средства т.е. за повлекување.
Би сакал да ти предложам, доколку е прифатливо и за тебе, наместо да повлекуваме/депонираме од и на различни с-ки и наместо да плаќаме провизии на банките, може да се видиме во четири очи, и да ги сведиме овие "deposit / withdraw" на еден кафе муабет. (гледам не ти е непознат и betfair, па може да размениме некое искуство и за тоа).
Доколку си заинтерсиран, пиши пп, па ке се договориме.

Поздрав.
 
Некој да игра покер на (dbgpoker или некој друг со лобито од dolaropoker) и да вади пари преку moneybookers да ми каже како идат работите?
 
Здраво
дали некој има користено
Skril prepaid Mastercard?
Би требало да е нешто слично како Payoneer картичката
 
Здраво
дали некој има користено
Skril prepaid Mastercard?
Би требало да е нешто слично како Payoneer картичката

Не функционира за македонските сметки. Не ги издаваат за корисниците на Манибукерс од Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom