Можеби звучи како клише ама сепак мора да се оддаде почит на кошаркариве што после Европсково ќе ја напуштат репрезентацијата. Не треба да се заборават феноменалните моменти што ни ги донесоа на минатото ЕП, и колективната радост на цела нација поради нивните успеси. Како мала земја, со заебан менталитет успеавм да стигнеме при врвот на кошаркарската репрезентација. И затоа мора да им се каже фала на Гече,Ѓорѓи,Владо,Бо или кој и да се реши да не го облече репрезентативниот дрес во иднина.
Да, имаше и моменти во кој што македонското проработе, моменти во кои што глумеа некое си лудило и се правеа повеќе од тоа што се, имаше моменти во кои што не го покажаа максимумот но сепак мора да се испочитуваат кошаркарите што колку толку создадоа една основа,и едно ниво кое што младите ќе се трудат да го достгинат во иднина.