Група Б | Јесенице | - ЕП Словенија 2013

Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899

Групата Б, група во која учествува нашата репрезентација, група во која освен нашата, се и уште 3 репрезентации од бившата држава, група која според квалитетот е најнеизвесна, и шанса за пласман понатаму имаат речиси сите шест репрезентации, со исклучок на БиХ, која со Телетовиќ и нема така изгледни шанси за втората фаза од шампионатот.
Во Јесенице, заедно со Македонија се најдоа и репрезентациите на Литванија, Србија, Црна Гора, БиХ и Летонија.
Како најголем фаворит за првото место во групата секако е Литванија, не така јака како порано, кога во тимот имаа неколку ѕвезди, но сепак доволно силна. После нив следуваат Србите, сеуште е неизвесен настапот на првиот плеј во тимот, Теодосиќ, но и без него се доста јака репрезентација, тоа го покажаа и на последниот подготвителен турнир, каде имаа три победи, од кои една многу битна, а тоа беше против репрезентацијата на Турција, во која настапуваат голем број на НБА играчи.
Македонија би требало да се вмеша во тоа трето место кое носи пласман во наредна фаза, како конкурент за тоа место сигурно ќе им биде Црна Гора, која без Пековиќ не е баш толку моќна, но да не заборавиме дека на последното ЕП во Литванија 2011, токму од нив доживеавме пораз и тоа на почетокот на шампионатот, но на крајот испадна најмалце битен тој пораз.
Во доста добра форма влегуваме на шампионатот спротивно од тоа како ги започнавме подготовките, на турнирот во Германија, имавме три победи, против силната репрезентација на Грција, потоа домаќинот Германија, и на крај противникот во нашата група, БиХ.

Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во градот Јесенице, во салата Подмезакла, првично направена за хокеарски натпревари, но за првенството е реновирана, и спремна да ги пречека шестте репрезентации, капацитет на салата е 5500 гледачи.



Распоред на натпреварите

Прво коло, 4 септември
Летонија - БиХ
Македонија - Црна Гора, 17.45 часот
Србија - Литванија

Второ коло, 5 септември
Црна Гора - Летонија
БиХ - Србија
Литванија - Македонија, 21 часот

Трето коло, 6 септември
Црна Гора - БиХ
Летонија - Литванија
Македонија - Србија, 21 часот

Четврто коло, 8 септември
БиХ - Македонија, 14.30 часот
Србија - Летонија
Литванија - Црна Гора

Петто коло, 9 септември
Летонија - Македонија, 14.30 часот
Литванија - БиХ
Црна Гора - Србија
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Македонија, Литванија и Црна Гора одат понатаму. Србија најголемо разочарување ќе биде, и ќе имаат само една победа со Летонија.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Зашто бе овие Словенциве ги штелувале сите сали на 5500 места? o_O
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.903
Поени од реакции
84.296
Литванија главен фаворит, а сите останати можат да се победат меѓу себе.
Ќе биде тешко за нас, и се ќе зависи од првиот меч. Ако ги тепаме Црногорците супер ќе биде. Дури е можно и до последно коло (а познавајќи ја репрезентацијата до последна минута) да се бориме за пласман во следна рунда ама се надевам дека тоа нема да се случи. Не би било лошо да внесеме некој бод во следна рунда (ако се пласираме), не е до толку тешка групата како што ја прават некои, ама треба да се игра паметно и сконцентрирано.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.169
Поени од реакции
2.635
Македонија, Литванија и Црна Гора одат понатаму. Србија најголемо разочарување ќе биде, и ќе имаат само една победа со Летонија.
Баш треба повеќе од Србите да се плашиме.Одбраната ѕид им беше вчера.4 пати не успеваа време од 24 секунди да искористат Турците.
Инаку oчекувам од нашите да дојдат до три победи во првава фаза.Ако успеат уште некоја да додадат со една нога се во
1/4 финалето кое ќе биде повеќе од значајно за нас.
 
Z

Zoza

Гостин
Litvanija najgolem favorit,Makedonija sekako se nadevam so dobri pobedi ( onie srce da te fati do posledna sekunda) iskreno se nadevam na pobeda nad Srbija Bosna eventualno i na Crna gora
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Србија ќе се прошета во нашата група,како и Литванија.Ние ќе висиме на конец од минута во минута на секој натпревар и според мене најважен натпревар ќе ни биде првиот против Црна Гора.Го добиеме ли тој ,понатаму е се можно.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Србите да ги тепаме па друго шо сака нека биди.
Против Летонија и БИХ можиме да се надеваме на победи. Не ја знам Црна гора како се движи ама сепак тоа прво коло е се може да се случи.
Литванците ми се чини дека најдобри се, ако ги тепаме полуфинале не ни бега.
 
B

Blade Torch

Гостин
Поминуваме понатаму лесно , со само еден пораз (од Литванија или Србија)
 
D

D_NazGUL

Гостин
Литванија главен фаворит, а сите останати можат да се победат меѓу себе.
Ќе биде тешко за нас, и се ќе зависи од првиот меч. Ако ги тепаме Црногорците супер ќе биде. Дури е можно и до последно коло (а познавајќи ја репрезентацијата до последна минута) да се бориме за пласман во следна рунда ама се надевам дека тоа нема да се случи. Не би било лошо да внесеме некој бод во следна рунда (ако се пласираме), не е до толку тешка групата како што ја прават некои, ама треба да се игра паметно и сконцентрирано.
Точно и јас се сложувам дека со добра игра групава лесно ќе ја минеме. Сепак не заборавај, тука Литванците пред некој ден не здробија, а минатото првенство токму од Црна Гора изгубивме на старт.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Реално во групава квалитетот според мене е следен.

Литванија
Србија
Македонија
Црна Гора/Босна
Летонија

Распоредот налага оти ќе мораме да победиме во првото коло против Црна Гора бидејќи, следат два тешки дуели со Литванија и Србија, во кои нема ден пауза. Па потоа ден пауза, и реално треба да следат две, се надеваме победи против Босна и Летонија. На Црна Гора едноставно треба да и се врати, поискусни сме и поквалитетни од нив тоа е факт.

Литванија според мене е најискусна од сите во групава, најсилна во ротација и пред се под кош. Екипа за медал и реално голема велесила во баскетот во било кој состав и да настапи.
Србите сите ги отпишаа поради две работи, прво неиграњето на клучни играчи и лошите квалификации ама Дуда Ивковиќ на подготовкиве покажа оти тие не само што имаат широка клупа, туку и квалитетни играчи. Недовиќ одлична замена за Теодосиќ, под кош Катиќ и Крстиќ робусни и квалитетни центри.
Црна Гора е анонимус, не сум ја гледал можам да кажам оти Дачиќ и тој Американецот се главни играчи, имаат проблем и тие со ротација и во подготовкиве се очајни. На нив мислам дека исто како и на Босна им фали искуство кое ние го имаме од минатото првенство.
Босна е екипа која зависи од Телетовиќ и Дедовиќ, посебно првиов, Аца не е некој тренер , ама не смеат да се потценат. Реално факт е дека се назад зад нашиот квалитет.
Летонија е аутсајдер во групава и секое губење на бодови против неа е катастрофа. Кога НБА ѕвездата Биедринс не игра се е полесно за сите вклучувајќи не и нас.

За Македонија нема што да се филозофира.
Поискусна, поквалитетна и подобро организирана од пред Литванија, пред се во подготовкиве (со исклучок на немањето на кондиционен тренер) значи оти ние и те како не само што можеме туку и мораме да ја минеме групава.
Дамјан и Чековски од минатото првенство далеку поиксусни, истиот ростер на играчи што не прави како колектив една од најсилните екипи во групава па и на првенството. Антиќ додатно поискусен за две големи европски титули, плус имајќи предвид оти и вакви подготовки силни со вака јаки екипи немавме пред првенството за Литванија 2011. Сето ова искуство и квалитет го покажавме на турниров во Улм и тоа не е случајно.
Мораме да бидеме спуштени на земја и да ја минеме првава фаза, освојување на второ место во групава би било одличен успех и чекор напред за евентуално четвртфинале (пренесување на бодови).

Дефинитивно според мене искуството и колективот се една разина на повисоко ниво од Литванија.

Одиме во втора фаза!
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
1. Литванија
2. Македонија
3. Црна Гора

Можно е и ние да бидеме прво, гледам по кладилнициве ни даваат мали коефициенти, конечно не сметаат како фавортити. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom