Бог да ги прости,петте наши деца-студенти-македонски херои.
Да се каже нешто повеќе за М.М. и нејзината понатамошна кариера (која ја градела и со вакви срамни дела)
-------------------
Инаку вакви убиства почнуваат уште во 1945 година на Божиќ,по бунтот на војниците од Артилериските бригади,сместени во касарните на скопско Кале,а потоа и бунт во Штип.
Но и во текот на НОБ,имало вакви „режирани убиства на наши борци и партизани“
некои и без судење,а само со обвинение за дезертерство или неморал, и тие стрелања обично се вршеле пред стројот на бригдата, за да другите се опаметат и не тргаат по такви патишта.(Случајот во Крушево каде се стрелани партизаните,сопрузи маж и жена и кој оставаат едногодишно болно дете сирак) кои се уште не е до крај расветлен.
Има стрелања и при борбите за ослободување на Скопје кај село Шишево-Матка.
Но имало стрелања и на патот за Срем,во почеток на 1945 година,некаде пред Куманово стрелан е партизан,но неговите другари одбиле да ја извршат егзекуцијата,но се јавиле три храбри хероини доброволки кој пукале во борецот.
Се се думам да отворам тема за сите овие случувања од тие години.