Значи ако те сфатив добро ти предлагаш да свиткаме грб и да им удоволиме и да се надеваме дека ке ги притиснат од страна? А дури да ги притиснат ние губиме а тие добиваат.
И што во иднина? Ќе се надеваме дека нема да ни воведат ембарго затоа што некој таму ке ги притисни и сите карти ке ги вложиме на таа игра?
И да не навлегувам дека најверојатно ке си се обврзиме следната година да нема заштитни мерки за откуп на жито без разлика колку е тоа паметна одлука или не или ке си се обврзиме на било што ке им текне на памет пошто ке увидат дека ембаргото делува. Сигурно и другите нема да седат со скрстени раце и нема да ја искористат оваа наша ахилова пета која ке ја понудиме на тацна.
Не за џабе никаде во светот не се преговара со терористи. Во случајот не мислам на косоварите како на терористи туку општо насекаде низ светот. Ако еднаш им успее, ако само еднаш попуштиш на заканите , можеш да бидеш повеќе од сигурна дека ке ја искористат истата тактика и следниот пат пошто нели делува. Кој луд не би ја искористил?
Затоа некако планот А колку и да бил поволен за нашата економија не ми е некако по ќеф. Не прави премногу ранливи во иднина и подложни на уцени и тоа не само од косоварите.
Од друга страна пак ако покажеме заби и неволност да им удоволиме, секако економијата ке ни трпи што секако краткорочно е поприлично лошо, но долгорочно гледано сметам дека тоа би било каде каде поповолно решение отколку виткање грб пред уцени. Како прво ке знаат дека сме сериозни и дека нема заебанции со такви работи па макар и по цена на суфицитот и друга работа ке не примора да не ги ставаме сите јајца во иста кошница , што секако би не направило помалце ранливи од вакви условувања.