Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Конкретно за Гоце ме интересира:
На која жиро сметка да ги уплатам париве ? Исто така, дали треба да се уплатат и дополнителни 100 ден за оштета ...или ?
Документот што е за жиранти ...треба претходно од дома да ми биде пополнат или тоа таму ти го даваат заедно со останатите документи за кои што ќе платам 200 ден ?
1 или 2 Меници ?
:unsure:

По стоти пат:
Инаку сето одеше вака:
- Се уплаќа во банка/пошта 200 денари за документи за веслување и 250 денари за КЗЖ;
- Уплатницата за документи ја давате на портирница, земате документи, пополнувате и од уплатниците кои се во нив пополнувате и уплаќате станарина за септември;
- Така спремни со документите, уплатниците, и претходно споменатите потребни документи (обврска за жиранти, фотокопии од лични карти итн) одите во управа и ве сместуваат.

Косрисник: Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
Жиро-сметка на трезорот: 100000000063095
Депонент: НБРМ
Жиро-сметка на корисник: 160011089878813
Приходна шифра: 723119
Програма: 60

Истите се и за двете уплатници, само едната се назначува за документи за вселување и износот е 200 денари, а другата за КЗЖ е 250 денари.
Жирантите документот го имаш на некоја од страните на министерството или
https://www.google.com/search?q=док...chrome..69i57.4156j0&sourceid=chrome&ie=UTF-8
и ќе ти излезе. Тоа го пополнува фирмата на твоите жиранти односно сметководителот. И тоа треба да ти е спремно претходно.
Една меница од 100 денари.
 
Треба да направам приговор за ,,Гоце". Некој знае како оди, што треба како треба? Каде и до кога да го доставам? Бруцош сум и аплицирав за Гоце. Фала однапред!!!
 
Прво честитки за сите што се примени во било кој дом..тие што не се со среќа наредниов пат :) Јас бруцош годинава примен во Стив 1/2 ..вторник се вселувам Боже здравје..на слепо ни знам со кој че бидам ни ништо :pos:ако има некој ко мене ваков нека пиши пп да видиме шо е како е :)
 
За реновирањето на Гоце не е задолжен СПУКМ туку Министерството.
А за гости... ќе си викаш преку ден :D

Or hide em in the wardrobe...
али гарант важи за гости надвор од гоце така да... ние можеме да си пиеме кафе :)
или па дури е топло на тераса, па нека ми рече некој нешто :D
 
Ај некој што се вселил во Пелагонија нека ми каже што документи треба..читам нешто 2 меници,нова обврска за жиранти итн итн
 
Ај некој што се вселил во Пелагонија нека ми каже што документи треба..читам нешто 2 меници,нова обврска за жиранти итн итн

Ќе ти дадат таму нова обврска за жиранти која пополнета треба да се однесе до 30ти, заедно со копиите од личните карти на жирантите и две меници. Останатото е исто како и за другите домови.
 
koi dokumenti se potrebni za brucosi sto se oslobodeni od plakanje vo pelagonija?
Кога ќе се вселуваш ќе треба да уплатиш две уплатници, едната за КЗЖ, другата за потребните документи. Со втората уплатница од студентскиот дом ќе си ги подигнеш документите. Меница и жиранти не ти требаат штом си ослободен/на. Исто така ќе си доставиш и документи по кој основ си ослободен/на.
Пример ако двајцата родители ти се невработени ќе доставиш потврда од заводот за вработување за двајцата итн.
 
uste edna potvrda od zavodot treba da izvada? edna veke imam dostaveno koga se prijavuvavi i dali treba da prisustvuva roditel koga ke se vseluvam?
 
две меници и жиранти ми побараа мене :(
 
uste edna potvrda od zavodot treba da izvada? edna veke imam dostaveno koga se prijavuvavi i dali treba da prisustvuva roditel koga ke se vseluvam?
Да тие што се ослободени доставуваат документи врз основа на што се ослободени во студентскиот дом, на денот кога ќе се вселуваат или пак во рок од 10 дена.

Било каква потврда и од двајцата родители во врска со приходите. Ако е пензионер достави чек, ако е невработен потврда од заводот, ако е вработен достави потврда за последна исплатена плата. Ако е починат тогаш посмртница. Ако зема социјална парична помош тогаш потврда од социјалното.
Ослободени се мислам оние чиишто месечни примања во семејството се под нето минималната плата односно под 8000 ден.
Можеш и сам да се вселиш, не е потребно да присуствува родител.
--- надополнето: 8 септември 2013 во 18:39 ---
две меници и жиранти ми побараа мене :(

Ме зафркаваш ? Две меници, а за што ? Ослободен/на си или ?
 
--- надополнето: 8 септември 2013 во 18:39 ---

Ме зафркаваш ? Две меници, а за што ? Ослободен/на си или ?

не те зафркавам ништо, јас се вселив на 2ри не сум бруцош али сум ослободен од плаќање како студент со починат родител, ги однесов сите останати документи и носев една меница и изјава од старите пополнета од жиранти (за секој случај). Ми дадоа изјава и вика да ја донесеш до крајот на месецов пополнета изјавата со печати и тн плус 2 меници пополнети
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom