Сообраќајни прекршоци и казни

Ме застанаа возев без кацига, нешто запишуваше таму цајканот и ме пушти. Не ми даде лист да потпишам ништо.

Прашањето ми е, ме казна? :icon_lol: И ако ме казна дали може да се пишат казнени поени, мислам казна е 35 евра за кацига

Штом не ти дал лист да потпишеш нешто, можно е и воопшто да не е направен записник, туку да си запишан само на обичен бел лист.
Подоцна дали ќе ти биде препишан прекршокот во записник е убедување на службеникот. Ако подоцна кога ја предавал смената, податоците од твојот прекршок ги препишал во записник, ќе ти стигне казната од 35 евра, доколку се одлучил да поминеш само со опомена, нема да има ништо.

За казнени поени си требал да прашаш на лице место, т.е. и самиот службеник требало да ти го постави тоа прашање. Мислам дека 20 казнени поени е за овој прекршок.
Поздрав другар :)
 
На која висина е дозволен товар на камион?
 
Пред околу година дена ме сопре полиција на мотор за кој немав дозвола. Пред околу 6-7 месеци ми стигна покана за на суд, на кој ми ја одредија казната која ја платив во одредениот временски рок. Е сега денеска ми донесе полицаец некое известување од сектор за прекршоци кое гласи дека поднесува "Барање за поведување прекршочна постапка" и дека треба во рок од 3 дена писмено да се изјаснам за фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка или лично да отидам таму за 3 дена.
Дали некој имал искуство или знае што треба да значи ова?
 
Во случај на сообраќајка разгледајте ја убаво улицата или раскрсницата,а не е лошо да сликате или снимате ситуација и внимавајте како давате исказ кој влегува во записник.
Заради недедоволно познавање на ЗБС,сообраќајните правила и знаци,неколку пријатели од лошиот записник и тотално неписмените агенти во осигурителните компании,загубија право на осигурување само поради десно правило и тоа на раскрсница со знаци.
 
Здраво вчера еден другар го застанаја без возачка дозвола има 17 г. му пишаја 400 е. и полицаецот му рекол да оди во соба бр ... во 1ч. бил денес таму и полицаецот му рекол ако нема кај да ги најдеш ти е пари чекај на суд покана и демек за да не плати таму да си најди врски на суд дали е возможно ако има некоја врска на суд да не плати казна во износ од ти е 400е. ? дали можи да се извади некако или ке мора да плати на суд ? и како е постапката за да оди во социјално ? поздрав ако некој има искуство со ова нека пиши
 
Пред година ипол другарче го фатија на обиколница без возачка и му пишаа казна. Ја плати казната за 1 недела (250евра) и после тоа отиде на суд. Му кажал на судијата што како се случило и судијата почнал да пишува жалба/молба/барање(не ме држи убаво сеќавањето) за да не ја плати казната. Другарчево потврдило дека ја платило казната и дека е на суд за да не му бапнат забрана за полагање уште 2 години и судијата му рекол дека не требало да ја плати казната бидејки малолетник не смееле да го казнат и дека судот и полицијата воопшто не биле координирани.Доколку сакаш да праам муабет со него пиши ми тука или пп и утре или задутре ќе ти кажам што точно му кажал судијата. :D
 
Негативните бодови на возачката книшка за колку години се бришат? Некој вели на 2 некој на 3... Знае некој точно ?
 
Негативните бодови на возачката книшка за колку години се бришат? Некој вели на 2 некој на 3... Знае некој точно ?

Мене кога ми пиша гадот ми рече за 3 години и како ништо да не било.Ни лук јал ни лук мирисал.
 
Дали имам обврска да застанам ако ми свири паркирана џандарска кола од кога сум ја поминал?
 
Што се случува ако не се земат казнени поени во предвидениот временски рок?
Имав 8 дена да платам 45 евра или за 30 дена да земам 25 казнени поени.
Логика и причини, не барајте.

1. Ме интересира само што се случува ако не се плати за 8 дена и не се земат поени за 30 дена.
2. И што ако отидам после 30 дена да платам?
 
па вероватно многу повеќе. суд (судки трошоци), и казна во пари и поени во книшка, .... па ако се работи за поголем прекршок и одземање на дозвола на определен период. ова последното е во посебни случаи
 
Што се случува ако не се земат казнени поени во предвидениот временски рок?
Имав 8 дена да платам 45 евра или за 30 дена да земам 25 казнени поени.
Логика и причини, не барајте.

1. Ме интересира само што се случува ако не се плати за 8 дена и не се земат поени за 30 дена.
2. И што ако отидам после 30 дена да платам?

Да ти земат возачка мецец-два,плус казна,плус казна за задоцнето.Или по судови да се влечеш.
 
Да ти земат возачка мецец-два,плус казна,плус казна за задоцнето.Или по судови да се влечеш.

Ниедно од наведеното...
Ќе го викаат на прекршочна комисија, и ќе му опнат 45 евра.
 
На која висина е дозволен товар на камион?

Максимална висина на каминот (од земја до горе) треба да биде 4.00 м/
--- надополнето: 8 септември 2013 во 04:36 ---
Дали имам обврска да застанам ако ми свири паркирана џандарска кола од кога сум ја поминал?

Не. Ако тргнат по тебе, со вклучени ротациони и сирена, тогаш мораш да застанеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom