Maкедонија - Србија | 06.09, петок 21 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако погледнете статистика ќе видите дека и Србите не се којзнае колку јаки. Ние имаме 32,7% за 3, тие 30,0%, ние 49,4% за 2 поени, тие 50,6%. Со скокови и асистенции сме тука.

а.

Е ама бато, вака и за нас викаа пред 2 години. И ние имавме ужасни проценти. Но оваа Србија ја краси одлична одбрана, која се прилагодува на секој противник. Сето тоа е добро простудирано од Дуда, стар лисец, знае дека нема јаки индивидуалци (ко некогаш што имале) и фрла Се на одбраната.

Напред Крстиќ ќе биде многу поопасен од Вучетиќ. Овој беше заебан пошто правеше простор, успешни блокови но е камен технички. Крстиќ знае да погоди од пост, а и од полудистанца. Сепак, ја мислам дека Пеџа може колку толку да го запре, барем за 1/3 да му го намали ефектот. Од Гече тешко да очекуваме нешто во одбрана.

Голема е разликата меѓу сегашнава наша игра и таа во 2011. Во одбрана не сме препознатливи, играат само 10 минути добра одбрана, во Литванија барем 30 минути ги гризевме противниците. Дури во првиот меч со Црна Гора бевме надпросечни во напад за наши прилики, но вчера видовме дека со добро дефанзивно организирана репрезентација имаме проблеми.

Играме „ако фати шутот - фати, ако не здравје...“. Слаб е и ефектот на Војдан на ова ЕП. И во одбрана и во напад, непрепознатлив, лесно го минуваат, го нема неговиот шут од дистанца...

Првата петорка која ја вади Пипан на овие две утакмици е со намера да се игра јака одбрана, сите петмина се добри дефанзивци, а Перо и Војдан се врвни. Но баш тие двајца потфрлаат, Бо игра пола-пола, Самарџиски исто. Едино Дамјан е на ниво. Така не иде, мора барем 4/5 да бидат на ниво ако сакаме одбрана ко таа од две години, одбрана шо не однесе таму кај што завршивме. :)
 
Не прајте анализи, Џаро е на паркет.

Или завршува со конечен резултат 0:0 или е наша, крај на муабетот :icon_lol:
 
Добро што изгубија црногорците.
Значи се иде во наша корист само нашиве резултати не се во наша корист. Па ајде да победиме веќе еднаш мајкуму..

Само да те попрам :)
 
Само да те попрам :)
На тоа мислев.
Сега за сега супер ќе биде ако победиме вечер, ќе имаме големи шанси за пласман понатаму. Литванциве да кикснат некако (што не ми се верува, ако треба и судиите ќе помогнат) ќе биде уште подобро, ама сепак џабе резултати на другите мечеви кога на нашите мечеви губиме.
 
За оние шо се песимисти, ќе играт пет против пет играчи на терен, значи шанса за победа секако имаме.
 
Внук/а на Баба ванѓа?

Абе биди реалистичен малце, имаме шанси, да, ама Србите ги ОБОЛЕА Литванците, а ние губевме со 9 разлика од нив 2 четвртини, реално гледано ја губиме, освен чудо не спасува, а сите че го чекаме вечер тоа чудо.
 
За оние шо се песимисти, ќе играт пет против пет играчи на терен, значи шанса за победа секако имаме.

А тие што се реалисти ќе сфатат дека не се 5 против 5, туку дека играат и играчи од клупа а таму поголем е бројот на србите него ли нашите.
Сепак нашиве до сега тоа не ги спречило па зошто би ги спречило сега.
Доволно изненадувања се направија на првенствово така да наша победа може да се очекува.
 
BTfLHqMCYAAJR9q.jpg


Видоа не иде, мора Џаро да мести нешто. :icon_lol:
 
Само да ни тргне шутот за 3 кога веќе се решени да ги шутираат. Вчера само 6 од 28, многу лошо, подобро Бо да шутнеше 28 пати, сигурно 10 пати ќе дадеше. :))
 
Како бе ја ставиле баш од 9, имав договерено да ја гледам со пријатели измешано Македонци и Срби ке се правеше атмосфера и ке имаше заебанции а сега ние (Србите) фудбал сите ке гледаме па ако фатиме нешто на полувреме, како и да е, мое мислење е очекувам убедлива победа на Србија од досега покажаното од двете репрезентации, од Македонија ова првенство искрен да бидам ништо не очекував и така испадна( мада првата со Црна Гора судиите маме ебаа), Србите исто така неочекував вака да играат мислев дека ке завршат после Литванија и ке се мачат со другите репрезентации со оглед на тоа што играат без Теодосиќ, Лучиќ и Савановиќ, мада позитивно ме изненадуваат, сепак треба да му се верува на Дуда уметник е да направи екипа, како и да е вечер со среќа нека ви е и на вас и на нас па подобриот нека победи ;)
 
Груевски објавува охрабувачки слики со кошарките
Пипан најавува (убеден?) дека денеска ќе видат

=

Наредена е ќе ни ја пуштат Србите ем и они ќе фатат пари :cool: :D

Признај дека ја изигра сингл 1. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom