Ако погледнете статистика ќе видите дека и Србите не се којзнае колку јаки. Ние имаме 32,7% за 3, тие 30,0%, ние 49,4% за 2 поени, тие 50,6%. Со скокови и асистенции сме тука.
а.
Е ама бато, вака и за нас викаа пред 2 години. И ние имавме ужасни проценти. Но оваа Србија ја краси одлична одбрана, која се прилагодува на секој противник. Сето тоа е добро простудирано од Дуда, стар лисец, знае дека нема јаки индивидуалци (ко некогаш што имале) и фрла Се на одбраната.
Напред Крстиќ ќе биде многу поопасен од Вучетиќ. Овој беше заебан пошто правеше простор, успешни блокови но е камен технички. Крстиќ знае да погоди од пост, а и од полудистанца. Сепак, ја мислам дека Пеџа може колку толку да го запре, барем за 1/3 да му го намали ефектот. Од Гече тешко да очекуваме нешто во одбрана.
Голема е разликата меѓу сегашнава наша игра и таа во 2011. Во одбрана не сме препознатливи, играат само 10 минути добра одбрана, во Литванија барем 30 минути ги гризевме противниците. Дури во првиот меч со Црна Гора бевме надпросечни во напад за наши прилики, но вчера видовме дека со добро дефанзивно организирана репрезентација имаме проблеми.
Играме „ако фати шутот - фати, ако не здравје...“. Слаб е и ефектот на Војдан на ова ЕП. И во одбрана и во напад, непрепознатлив, лесно го минуваат, го нема неговиот шут од дистанца...
Првата петорка која ја вади Пипан на овие две утакмици е со намера да се игра јака одбрана, сите петмина се добри дефанзивци, а Перо и Војдан се врвни. Но баш тие двајца потфрлаат, Бо игра пола-пола, Самарџиски исто. Едино Дамјан е на ниво. Така не иде, мора барем 4/5 да бидат на ниво ако сакаме одбрана ко таа од две години, одбрана шо не однесе таму кај што завршивме.
