Еве што откри денешен АС:
Реал во 2006 го одби Нејмар!!!
Мадрдиски АС успеа да ископа информации од минатото, кога кон крајот на сезоната 2005-06, на проба во кантерата на Реал Мадрид дојде талетнираниот бразилец Нејмар Џуниор Сантос Да Силва, момче кое 7 години по пробата во Мадрид потпиша за Барса.
Недела, 26 март 2006, Реал Мадрид на Бернабе слави со 4-0 против тимот на Ла Коруња, а на трибини е Нејмар, кој заедно со својот татко и својот агент беше понуден на Реал Мадрид, бидејќи сон на 14 годишното момче беше да игра во Мадридскиот клуб.
После неколку тренинзи, на 30 март 2006 Реал го зема Нејмар во кантерата на пробен период. Беше ставен во иста категорија со Карвахал, кој од сезонава е во првиот тим на Реал, како и со Алекс Фернандез, кој сега игра во Еспањол и со Пабло Сарабиа, фудбалер на Хетафе.
Пробниот период заврши, а Реал беше спремен да потпише со Нејмар, но тогаш таткото и агентот на фудбалерот побараа од Реал Мадрид 60 илјади евра, што за управата предводена од Рамон Калдерон не сакаа да ризиквуваат и да дадат 60 илјади евра за талентираниот Бразилец.
Како игра на судбината, 7 години подоцна Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид се обидува Нејмар да го грабне пред носот на големиот ривал Барселона, нудејќо 100 милиони, дупло повеќе од тоа што го нудеше Барса, но Нејмар сега ја одбра Барселона, а не клубот за кој сонуваше да игра како дете.