Литванија - Maкедонија | 05.09, четврток 21 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај со ладна глава малку...

Со Црна Гора натпреварот го загубивме заради одбраната. Лошо, многу лошо, непрепознатливо за нас. Дубијевиќ и Вучевиќ ни ја рушеа одбраната премногу лесно. Иако не се глеа тоа по поените нивни, сепак очигледно беше колку проблеми прават при пик н ролот на Црна Гора, нашиве се понашаа ко пијани, не успеваа лесно да се ослободат по центарските блокови, катастрофална координација. До душа и многуте лични на почетокот придонесоа за тоа.

Во напад игравме пак обратно од нашите очекувања, надпросечно! 50% шут од поле за нас е фантазија! Иако без некои воиграни акции, индивидуалните способности на Бо, Дамјан и Владо не извадија до крај! Тројцата феноменални!

Владо 10 поени и 5 асистенции, тимот неспоредливо посигурно делува со него на терен. Единствена негатива од неговото присуство на терен ја имаме во дефанзива, мислам дека затоа и Пипан игра со Бо на плеј и близнаците. Инаку, нападите со Владо ни се многу поорганизирани.

Бо класика, милина ти е да го гледаш, и како се бори и какви кросовери им прави! Ги вадеше од патики 2-3 пати денеска. Цар!

Дамјан ме изненади најпријатно! Од Војдан очекувам добри партии али колку е Дамјан напреднат, секоја чест! :cuc: Денеска имаше лудило од партија: 19 поени, 5 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки, 77% шут! Статистика каква што имаат врвни европски крила!

Огромен проблем, ни е што немаме константен напаѓачки центар, а ни крилен-центар (четворка). Гече, секоја чест, не ни мислам да очекувам повеќе од него. На 36 и со толку скршеници на себе има сеуште добар придонес во тимот. Пеџа е приказна за себе, иако дефанзивно беше добар денеска, во напад, шта речи? Перо и Станко се дефанзивци. Они може да прикажат по една две вонсериски партии на првенстово во напад. Но и во одбрана денеска беа под ниво, Станко го уништија со ЧЕТИРИТЕ лични во прва четвртина.

Значи, во напад играта ќе ни се основа на Бо, но овојпат близнаците можат многу да помогнат, а и Владо ми изгледа посигурен од 2011! Тоа ме радува, што во напад сме подобрени, но тоа не треба да влијае со толкав голем импакт врз играта во одбрана ко што беше денеска. Затоа што одбраната е таа што можеш константно да ја држиш, шутот може да те изневери!

Со Литванија утре, ќе биде претешко. Има многу финеси за поправање, но ќе биде тешко и на психолошки план. Победа денеска ќе ни отвореше многу врати! Сеа ќе треба да проработи менталитетот! :)

И сеа приметив дека у погрешна тема сум го пишал постов, fuck that shit.
fuckthat.jpg
 
Ако дадеме појче кошови од литванија, големи ни се шансите да победеме


Па зависи од судиите.Денес дадовме повеќе кошови али сепак изгубивме.
 
И сеа кој испадна крив, Бранко? Ве читам по фејсбуци и кајгани и ја маде ставам дека не можете уште толку да се издиференцирате. Чудно, Македонецот од се успева да најде начин да се пљука, кољи, да еби мајки, шајки... Али своите.

Остај те тој филм. Литванија не чека ко млада невеста.
 
Па зависи од судиите.Денес дадовме повеќе кошови али сепак изгубивме.


Да имаше некоја Hall of Fame за постови и најдобри реплицирања, овој пост ќе одеше таму дефинитивно! :cuc:

Туку ја стаив и во другата тема, еве и овде, да служи за мотивација...

BTWIvqtCYAActMd.jpg


Кога добро ќе размислиш ептен се поклопува со “Шо ги е*ам, ќе ги куцам“ :icon_mrgr:

Нејќу да мислам, нејќу да прогнозирам, ептен ми е страв...
 
Да имаше некоја Hall of Fame за постови и најдобри реплицирања, овој пост ќе одеше таму дефинитивно! :cuc:

Туку ја стаив и во другата тема, еве и овде, да служи за мотивација...

BTWIvqtCYAActMd.jpg


Кога добро ќе размислиш ептен се поклопува со “Шо ги е*ам, ќе ги куцам“ :icon_mrgr:

Нејќу да мислам, нејќу да прогнозирам, ептен ми е страв...

и успат ова...

670508.jpg

:D
 
Да си пробаме со проверени ствари, може ќе фати мајата:


Заборавив ова во првиот пост да го ставам, ама ајде здравје понатака, а ваљда и без тоа ќе победиме
 
Литванците играат up tempo кошарка. Да му ја отсечиме брзата транзиција, да му го скратиме процентот за 3, имаме и те како шанса за победа. Ако добро ги зачуваме Клеиза и Калниетис, се ќе биде полесно.
 
Литванците играат up tempo кошарка. Да му ја отсечиме брзата транзиција, да му го скратиме процентот за 3, имаме и те како шанса за победа. Ако добро ги зачуваме Клеиза и Калниетис, се ќе биде полесно.
и јас приметив прееска тоа, имаат многу брза транзиција од одбрана во напад, нашиве се малце ко теретни возила за таа работа, ме плаши тој факт :oops:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom