Македонија - Црна Гора | 04.09, среда 17:45 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас само можам да го искритикувам Пипан.ЕПтен глупо тајмаутиве ги побара особено последниов.Кој кур бара тајмаут на 10,5 секунди?Значи и порано да го побараше и покасно ќе беше мн подобро од ова.Доколку промашееше едно слободно рајс ќе имавме напад за победа а ќе беше 80-80 и ќе можеше тогаш тајмаут.Исто и како што го даде да побараше тогаш тајмаут ќе почневме нападот на нивна половина и со смислена некоја комбинација како ќе играме.ТРУПЕЦ Е.Далеку е овај од докузовски,одбранава е играат тапа.Кога можеше црна гора да не растрчува воодбрана тогаш што ќе биде со појакиве.И да победевме денеска со ваква одбрана немаше да поминеме ГРУПА !


Сите што го бараат Др. Марин Докузовски утре има собир пред неговата куќа, да му дадеме подршка и да го вратиме на клупата на Македонија и секако да не донесе до 4тото место а зошто да не и до медал !!! :vozbud:
 
Како бе немало да влезе топката? ЦЦЦЦЦ
И да не влезе топката у кош, ај секој напад нека стојат двајца од позади нека го мрдаат кошот па ќе проценуваме ние. ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ Не смее да ја допира да ја фаќа на тој начин мрежата и крај. Дали и влегол цел или пола исто е.
 
Како бе немало да влезе топката? ЦЦЦЦЦ
И да не влезе топката у кош, ај секој напад нека стојат двајца од позади нека го мрдаат кошот па ќе проценуваме ние. ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ Не смее да ја допира да ја фаќа на тој начин мрежата и крај. Дали и влегол цел или пола исто е.

Абе ајде ова е очигледно бесење па цела конструкција се тресеше, и таблата ја повлече надоле кој не верува нека загледа убаво, дека таблата не стоеше цврсто туку играше горе доле, и тоа и те како влијае поради тоа може топката да не удри на место од кое коа ќе се одбие ќе влезе во кошот, тие вибрации на обрачот и те како значат. На црногорецов мрежата у раце уште што не му остана овие викаат дали влиајело тоа на шутот.
 
Ми го сјебаа денот, упм, само на тоа мислам :S До кога бе вака...
 
Фиба утре ќе се изјаснела околу жалбата.стварно не знам што може да очкувамо.Значи реално би било да им ја одземат победата на Црна Гора,а да се преигурува нема шансе.Ама па ако се деси ова ќе се наруши кредибилитетот на Фиба,така да стварно тешко е било што да се очекува од ова.
 
Тоа што до последна секунда се тресевме е грешка на нашите, тоа што судиите буквално ни одземаа ПОБЕДА е грешка на судиите, јас стварно не знам што не ви е јасно тука, туку битно е да се плука по нашите.:tapp: Искрено и длабоко сум разочарана, не можам да си дојдам на себе.
 
Уште по првата четвртина пишував за судиите кои не ништеа цело време а на крај само не доуништија. Против Чековски свиреа како да го мразат за на крај да ни ја земат победата со недосуден кош а згора на тоа и недосуден аут. Мислам дека сега на потег е федерацијата кој треба да си провери во дворот за да види каква стока пушта да судат.
Од што ми се дигна притисокот отидов да се шетам надвор да се смирам.
Ебате тоа стоката судиска.
 
Ја не знам зашто не се виде на монитори што е како е, ајде мрежата беше со беше ама требаше аут на 1.6 сек да добиеме, како можеа таква грешка е недозволива, ама сепак во најголема мера можат веднаш да ги суспендираат тие судии, друго ништо...:unsure:
 
Фиба утре ќе се изјаснела околу жалбата.стварно не знам што може да очкувамо.Значи реално би било да им ја одземат победата на Црна Гора,а да се преигурува нема шансе.Ама па ако се деси ова ќе се наруши кредибилитетот на Фиба,така да стварно тешко е било што да се очекува од ова.


Позитивен исход е да ги прифатат тие приговорите и да биде казнет судијата со некоја казна како 1 година не судење на Европски натпревари.

Едноставно во Европа не смее да се поништи натпревар поради нерегуларност или да се промени резултат на истиот .Знаете ли кој проблеми ќе се направат после и тоа не само во кошарка туку и поважно во фудбал .Размислете само колку натпревари имате гледано со слични исходи и ништо не се менувало.Едноставно не смеат.

Највеќе АЛИ АПСОЛУТНО НАЈВЕЌЕ е да ни го признаат кошот/да досудат аут за нас/да му досудат фаул на чековски и да изиграме накнадно уште 1,2 секунди на 7 јули. Ама ова е во реонот на фантазија.Поголема шанса им НБА да признае дека цела лига им зима стероиди.
 
Дури сеа собрав сили после уткамицава пак да видам видео од ситуацијата, ај што е голема кражба со поените што не ги признаа со допирот на мрежичката, ама незнам зашто и никој не спомиња и тоа што у последните секунда и пол им ја досудија топката на Црногорците а ептен беше неспорно и видливо дека они ја исфрлија. Изглеа у цела гужва за тоа со мрежичката нашиве забораија и за тоа да регираат бар ќе имавме шанса за еден брз шут.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom