Македонија - Црна Гора | 04.09, среда 17:45 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
N

Nicky Santoro

Гостин
Tи брат стварно немаш поима што збориш...
Ај пак провери колку ПОЕН имаме...

Добро бе изумив.Т.е не сум јас тренер кошаркарски па да ми падне прво на памет тоа.Немора 0 да имаме еве кажи исто е пораз или не ? Што има врска тоа што сме спичкале 7-8 поени со тоа што судијава на крај не направи будали и слепи ?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.678
Поени од реакции
66.758
Ти ја сфаќам иронијата, но не е на право време и на право место! Сами сме криви што се доведовме до ситауција во последните секунди да се решава победникот, но тоа не ја прикрива ни ја намалува ужасната судиска грешка! Треба притисок кон нив, колку што можеме, макар иако знаеме дека со ништо нема да резултира!

Лицемерите го скратиле моментот и забраниле коментари на видеото, мизерија !!!
Па управо тоа и ми беше целта на постот, што ретко кој сака да признае дека сами се ставивме во таква ситуација, туку 100% ни е крив судијата...

Ваљда ги читаш коментарите од типот, и 30 поени да прокоцкавме, сепак, судијата ни е крив...

И не ми е јасно како може да има Црногорец судија на мечот, покрај Италијанот и тој другиот...
--- надополнето: 4 септември 2013 во 22:38 ---
Добро бе изумив.Т.е не сум јас тренер кошаркарски па да ми падне прво на памет тоа.Немора 0 да имаме еве кажи исто е пораз или не ? Што има врска тоа што сме спичкале 7-8 поени со тоа што судијава на крај не направи будали и слепи ?
Ради тие 7-8 поени, у уште 5 нереализирани напади, му се натртивме на судијата...
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.855
Поени од реакции
10.227
Луѓе ЏАБЕ дебатираме више дали сме оштетени или, што побрзо се концентрираме на утрешниот натпревар тоа подобро. Не е ова НБА џабе и жалби и малби и не ни е првпат да сме оштетени ТЕПАНИ КУЧИЊА СМЕ НИЕ, НАПАТЕН НАРОД, потешкиот пат е наша судбина. Ајде сите на
МАКЕДОНИЈА-Литванија и ОДИМЕ НА ПОБЕДАААААААА!!!!!!!!!!!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.921
http://www.youtube.com/watch?v=MaqofYX159I

Сета конструкција на кошот а затреси со се обеси на мрежичката!!!

И судиите не видоа ништо :facepalm::facepalm::facepalm:

Да бидиме малку реални...

Прашањата се:
1. Дали тресењето на обрачот вијаело врз шутот на Чековски? - доста дискутабилно. Дека обрачот се тресеше кога топката го допре тоа е сигурно, но мислам и дека немаше шанси таа топка да влезе и да не беше допрена мрежичката и не сум сигурен колку тоа вибрирање влијаеше врз крајниот резултат на шутот.
2. Дали Чековски направи фаул? - противничкиот играч игледа како да бил фаулиран, но не се гледа очигледен фаул од Чековски на снимките.
3. Ако на Чековски му е досуден фаул, а факт е дека Црна Гора доби топка од страна заради фаул, зошто не беше исфрлен од игра?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Па управо тоа и ми беше целта на постот, што ретко кој сака да признае дека сами се ставивме во таква ситуација, туку 100% ни е крив судијата...

Ваљда ги читаш коментарите од типот, и 30 поени да прокоцкавме, сепак, судијата ни е крив...

И не ми е јасно како може да има Црногорец судија на мечот, покрај Италијанот и тој другиот...
Па да де! Судијата е крив за поразот, крај! Сами сме криви што се доведовме да решаваме у последни секунди, но победивме пак, регуларно, судиите не ни впишаа поени! End.

И не беше Црногорец судија аман не го слушајте Игорче, Хрват беше!
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Па ради тие 5-6 поени му се засиливме на судијата али и да признаеше судијата поените немаше да му се нафрлиш ти на играчиве за тие нереализирани напади така?
Јас само можам да го искритикувам Пипан.ЕПтен глупо тајмаутиве ги побара особено последниов.Кој кур бара тајмаут на 10,5 секунди?Значи и порано да го побараше и покасно ќе беше мн подобро од ова.Доколку промашееше едно слободно рајс ќе имавме напад за победа а ќе беше 80-80 и ќе можеше тогаш тајмаут.Исто и како што го даде да побараше тогаш тајмаут ќе почневме нападот на нивна половина и со смислена некоја комбинација како ќе играме.ТРУПЕЦ Е.Далеку е овај од докузовски,одбранава е играат тапа.Кога можеше црна гора да не растрчува воодбрана тогаш што ќе биде со појакиве.И да победевме денеска со ваква одбрана немаше да поминеме ГРУПА !
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Да бидиме малку реални...

Прашањата се:
1. Дали тресењето на обрачот вијаело врз шутот на Чековски? - доста дискутабилно. Дека обрачот се тресеше кога топката го допре тоа е сигурно, но мислам и дека немаше шанси таа топка да влезе и да не беше допрена мрежичката и не сум сигурен колку тоа вибрирање влијаеше врз крајниот резултат на шутот.
2. Дали Чековски направи фаул? - противничкиот играч игледа како да бил фаулиран, но не се гледа очигледен фаул од Чековски на снимките.
3. Ако на Чековски му е досуден фаул, а факт е дека Црна Гора доби топка од страна заради фаул, зошто не беше исфрлен од игра?
Chekovski, G.
PF 4

Не му е судена лична на Чековски. Видете им ја и реакцијата на судиите, еден судеше поени за нас, другиот досуди топка за Црна Гора. За на крај да поништат поени, фак лоџик!
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Еве го правилото за сметање
31.2.4 Interference occurs when:
• After a shot for a field goal or the last or only free throw a player touches the
basket or the backboard while the ball is in contact with the ring.
• After a free throw followed by an additional free throw(s), a player touches the
ball, the basket or the backboard while there is still a possibility that the ball will
enter the basket.
• A player reaches through the basket from below and touches the ball.
• A defensive player touches the ball or the basket while the ball is within the
basket, thus preventing the ball from passing through the net.
• A player causes the basket to vibrate or grasps the basket in such a way that, in
the judgement of an official, the ball has been prevented from entering the
basket or has been caused to enter the basket.
• A player grasps the basket to play the ball.
Вибрираше ама проценката на судијата е отворено прашање (она искрено не ми делуваше дека ќе влези). Аутот не го дискутирам.

Другото кога не се согласуваат можат после со договор да донесат одлука
46.11 Make the final decision whenever necessary or when the officials disagree. To
make a final decision he may consult the umpire(s), the commissioner, if present,
and/or the table officials.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.921
Chekovski, G.
PF 4

Не му е судена лична на Чековски. Видете им ја и реакцијата на судиите, еден судеше поени за нас, другиот досуди топка за Црна Гора. За на крај да поништат поени, фак лоџик!

Затоа и мене ми е мистерија што досудија судиите. На Чековски не му запишана лична, а тие имаа топка од страна. Во кутриот play-by-play пишува дефанзивен скок :facepalm:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Стварно не знаат што досудиле.
Ајде тоа со мрежата, што после?!
Фаул во напад не е. Чековски ќе искочеше да беше фаул.
Аут е од црногорецот.
Наводно е досудено бесење на кошот. Чекај бе! Нит го фаќа обрачот Станко, нит има логика да му судат бесење на обрач, кај него е топката можда иде на закуцавање..
Колку повеќе мислам, толку повеќе се нервирам
+Ако било фаул од кој било наш требаше да има слободни пошто бевме во бонус.
Многу матни резултати имаше денес,па можеби и оваа требаше така да заврши за кладилници.

Израел изгуби од Велика британија,Финска ја тепаше Турција,Франција изгуби од Германија ....:confused::confused::confused:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.660
Затоа и мене ми е мистерија што досудија судиите. На Чековски не му запишана лична, а тие имаа топка од страна. Во кутриот play-by-play пишува дефанзивен скок :facepalm:
Штом пишува дефанзивен скок имаат досудено аут за Црна Гора.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
7
Ни самите судии незнаеа шо досудија! Ако беше проценето дека допирот на мрежичката не влијаело на падот на топката у обраачот тогаш требаше да се досуди аут оти јасно се гледа од хелихоптер дека топката у аут ја исфрли нивни играч! Ако било фаул од Станко тогаш тоа му беше негова петта со што треба да излезе од терен и а јасно се гледа дека тој останува во игра последните секунди!! Очигледна кражба стварно усте не можам да поверувам што ни се случи !! Чиста победа ни зедоа мамето да му го ебам нивно!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom