Брак помеѓу интелектуалец и работник и рок на траење

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
После војната,демек по ослободувањето се знае какво беше образованието
на нашиот народ.Не знам точно но имаше голем број и на неписмени,што
накнадно тие први години и се описменуваа во вечерните училишта и често
децата одеа на училиште но и нивните родители попладне во основно.
Оние пак со поголемо образование т.с. средно беа малку а некаде поставувани
и за учители или директори.А пак со високо образование тогаш можело на
прсти да се избројат во секој град колку ги имало.
Но морало да се живее и се разбира да се раѓаат љубови а со тоа и бракови.
Тогаш беше честа појава на бракови од партнери со различно образование.
Најчесто мажот беше тој со повисоко образование или пописмениот да не речам.
Па и женските деца помалку ги праќале на високо образование-рано се мажеле.
Но денешната состојба ја знаеме,образованието е на високо ниво.Средно мора.
Но и со високо веќе процентот оди накај троциврена бројка.Порака и од владата.
И во вакви услови имаме раѓање на љубови и склучување на среќни бракови.
И знаеме дека најчесто такви се браковите со еднаквов степен на образование
на младенците,тој младоженецот со факс,ама и невестата со факс.
Но не е баш секогаш така,љубовта е некогаш посилна и имаме склучувања на
бракови каде едниот партнер е со високо образование - интелектуалец,а додека
другиот пертнер е работник со 3 годишно образование.Може и да се и двајцата
при склучување на бракот невработени или пак само едниот,но бракот почнал.
Колку му давате рок на траење на ваквиот склучен брак. Има ли рок на траеење.
Познавате ли во ваша близина вака склучен брак,со вакви партнери.Како им оди.
 
Мерилото на интелигенција не е во бројот на дипломи. Ќе се зачудиш колкав е бројот на интелектуалци во работничката класа, особено во земји каде е тешко да се просперира, како на пример Македонија.
 
Мерилото на интелигенција не е во бројот на дипломи. Ќе се зачудиш колкав е бројот на интелектуалци во работничката класа, особено во земји каде е тешко да се просперира, како на пример Македонија.

Ретко од тебе нешто со што може да се согласам во целост.
 
Како што кажа Anfem има многу луѓе кои имаат доста дипломи без разлика на кој начин ги стекнале па не се паметни. Бидејќи дипломата не е мерило за интелигенцијата на една личност. Од друга страна има доста интелигетни луѓе кои немаат диплома... Кај нас во Македонија има еден проблем интелигенцијата се мери според Дипломата, Работното место и тн. Што е сосема погрешно на кој луѓето тука оценуваат кој е интелигентен... А брак може да успее помеѓу Интелектуалец и работник секако во бракот не игра 100% улога парите и сл. Туку поврзаноста помеѓу двата брачни партнера.
 
Мерилото на интелигенција не е во бројот на дипломи. Ќе се зачудиш колкав е бројот на интелектуалци во работничката класа, особено во земји каде е тешко да се просперира, како на пример Македонија.
И јас мислам дека интелегенцијата е вродена и нема врска со образованието
 
Мерилото на интелигенција не е во бројот на дипломи. Ќе се зачудиш колкав е бројот на интелектуалци во работничката класа, особено во земји каде е тешко да се просперира, како на пример Македонија.
Се согласувам, и јас имам на работа колега Кв работник „попаметен“од мене
но и од сите 70 инжињери заедно.Но не е за тоа темава.
Порано знаеме често на бракови на пример на доктор и мед. сестра.
(пред 30-40г) и тие бракови опстојале и сега ги однесоа внуците во школо.
Дај денес колку ќе најдеме такви бракови и колку ќе бидат успешни.
Имат ли време на траење. Јас мислам кога тогаш ќе пукне и секој на своја
права страна. Мислам од старт е таквиот брак осуден на неуспех.
 
А како се рачуна кој е интелектуалец а кој не?Сигурно не е критериум само факултетот

Еве на пример ти не си, буцио не е, сусаро е, разиел е. Спореди и види критериуми сам.
 
А како се рачуна кој е интелектуалец а кој не?Сигурно не е критериум само факултетот
За интелектуалец да се нарече некој треба да е факултетски образован, а сега друга работа е што тоа не значи дека секој интелектуалец кој ја задоволува оваа деф.за интелектуалец е начитан со богат вокабулар ,културен ,информиран ,интелегентен ,сестран човек со кој може да да се разговара за различни теми ..... и затоа мислам дека може да опстои брак помеѓу двајца со различно образование ако се поклопат карактерно ..
 
Мерилото на интелигенција не е во бројот на дипломи. Ќе се зачудиш колкав е бројот на интелектуалци во работничката класа, особено во земји каде е тешко да се просперира, како на пример Македонија.

и што има врска интелегенцијата со интелектуалци, никде во темата не пишува брак помеџу интелигентна и неинтелегента особа
 
Незнам за периодот после војната , но денешните бракови успеваат повеќе зависно од финансиската состојба и приходи на мажот/жената , отколку интелектуалноста. Факт е дека девојките повеќето би одбрале некој добро ситуиран со одлични приходи а со средно образование , отколку високо образован а со помали приходи и по скромен живот. И да , немој некој да ме цитира и да ми каже дека ако имаш високо образование автоматски заслужуваш да заработуваш повеќе од некој со средно образование. Се зависи од способноста и квалитетите на човекот , дипломата е само хартија која во денешно време доволно е малку да ти сече , за да дојдеш до неа.

Да не заборавам да кажам дека се повеќе и машките гледаат да земаат некоја странкиња само и само да се извлечат од бедава овде ... Парата го врти светот на некој начин , колку и да се негира овој факт е точен.
 
Знам такви парови, ама не сум чула брак да се растури заради различниот степен на образование на сопружниците. :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom