Па реално јас и другиот немаме никакви шанси зашто тие двајца се многу блиски. Јас сум навистина заљубена во другиот но ќе ставам сега крај на се. Брзо ќе заборавам и ќе се опоравам од сето ова.
Не си луда затоа што почнал да ти се допаѓа некој што го знаеш само виртуелно, всушност така е најлесно. Сликата е мистична, посебно кога на неа ќе видеме убава личност. Лесно може да ја посакаш. Личноста на сликата е во само една позиција ниту се движи ниту дише, па тоа ја прави помистична. Како луѓето ги посакуваат познатите што ги виделе на слика или на тв? Но едно е некој да ти се допадне а сосема друго да се опседнеш со некоја личност толку многу за на крај да паднеш во очај. Уште еден пример, некои луѓе се среќаваат само еднаш па после го продолжуваат контактот на скајп, фејсбук, ватсаап, па така се зближуваат и запознаваат па ќе помине долго време додека повторно се видат. Тоа не е виртуелно? Ти си го гледала овој човек на скајп, те заведол и со самото зборување како што кажа ти, те привлекла мистеријата, ИЛУЗИЈА. Толку длабоко навлегол во твојата психа, си создала слика за него, па после сето тоа си посакала и во живо да го имаш. Ама ете кога си го сретнала во живо, си сфатела дека таа слика што си ја имала за него не е реална, не те ни привлекувал, немало хемија.
Инаетот и гордоста те заслепиле. Силното посакување да се има во живо она што ти било само илузија, она што си го создала сама во главата, да ја решиш мистеријата па човекот што секоја ноќ го гледаш на екранот (осеќаш ти е толку блиску а толку далеку), да го допреш во живо, сето тоа се руши кога сфаќаш дека тој ја нема истата желба за тебе. Тука проработува инаетот, гордоста, повреденото его, плус опсесијата за него, илузијата, па резултатот е тој. Тешко е човек да се опседне со нешто, паѓа во очај исто како твојот случај. Ама ти најдобро си знаеш. Јас по она што го приметив од твојот пост, дечкото не сакал да те запознае или не бил сигурен затоа толку време сте контактирале ама ништо не биднало. Или сакал да се дружи до тебе само онлајн или имал некоја причина што те избегнува. Рече си го запознала на чет, на чет највеќе одат луѓе со проблеми во љубовниот и сексуалниот живот. Сите одат таму да запознаат некого. Викаш чет полн со перверзни луѓе, па и тој е еден од нив. Само што не ти дошол директно да ти напише на чет нешто перверзно туку рекол меѓу сите перверзни тука мене ќе ме смета за нормален, културен и ќе се изненади дека и нормални луѓе се спуштаат на чет, луѓе што сакаат нормален контакт. Тоа и му успеало. Лека полека те заведувал и освојувал за после да оствари тоа што замислил. Зошто не те викнал да излезете и зошто исчезнал еден месец? Не е дека не му се свиѓаше, да не му се свиѓаше немаше да губи време со тебе. Сигурно додека те запознавал сфатил дека можеби не си таква како што мислел, можеби од тебе нема да добие што сака, или едноставно и ти си му станала мила, приметил дека ти си почнала озбилно да ги сфаќаш работите па нејќел да те матка веќе и исчезнал. Доказ дека те посакувал само физички, откако те видел на езеро се вратил после еден месец исчезнување па после второто ислезнување се вратил пак откако те видел за викенд. Ама и тој е сличен на тебе, кога те прашал каде излегуваш дошол таму а не ти кажал, нели е малце чудно тоа? Сигурно те меркал цела ноќ, а можеби нешто кај тебе не му се допаднало, затоа почнал да бега. Изгубил интерес да те запознае во живо. Интересот се враќа кога почнува интензивно да те гледа за викендите. Како и да е, другиот дечко, со него си се зближила преку интернет, се знаеш за него, контактираш редовно, па си го среќавала во живо, не е толку тешко да те привлече. Си сфатила дека си згрешила за првиот, очајно си постапила, дури и срамно ама ајде од грешките се учи. Ете меѓу тебе и вториот има хемија во живо, а на интернет не те привлекувал. Ама блиски другари, тешко ќе ја биде работата. Јас ќе ти дадам совет а на тебе е да одбереш што ќе правиш. Имаш неколку опции.
1.Да заборавиш се, да изгубиш контакт со двајцата и да продолжиш со животот.
2.Да признаеш се, дека многу ти се свиѓал првиот па си сакала само да се зближиш со него затоа си барала информации каде излегува. Дека откако сте се сретнале неколку пати, си сфатила дека не ти се свиѓа веќе. Да кажеш дека сега ти се свиѓа другиот. Тие како другари најдобро си знаат колку би го ставиле на ризик другарството поради женска, а и прашање е дали првиот е навистина заљубен во тебе или само онака. Јас мислам не е, нема ни да му смета ако бидеш со другар му, ама никогаш не знаеш. Сепак тие ќе си одлучат.
3.Ништо не признавај и пробај поврзи се со вториот ама и првиот да знае, не да биде тајно. Зближи се со првиот, објасни му дека не ти се свиѓа веќе, биди му другарка ако прифати. Така полека ќе се зближуваш со вториот, ако му се свиѓаш ќе биде нешто.
4.Биди кучка пак, пробај на сличен начин да влезеш во животот на вториот како што си влегла кај другиот, со тактики. Првиот нека не знае. Е така ќе немаш проблем да бидеш со вториот. Додека дознае првиот веќе ќе ја имаш наместено работата. Ова е многу ниско и мене ако ме прашуваш не треба да го правиш ова. Но ти си знаеш најдобро, бараше совет пробав да ти дадам а твое е што ќе избереш. Јас ти ја препорачувам третата опција.
Со среќа.