Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.617
Поени од реакции
31.822
Не знам зошто никој не ми верува дека точно така беше. Гоогле доволно е една информација да даде, па после еднс по една се китат информациите. Има страница каде откако ќе внесеш име и презиме добиваш и телефонски број и адреса и други информации. Ако и личноста што ја бараш е регистрирана таму.
Jaс ти верувам, само викам дека е мегаглупо. За то време че ги изгледав сите епизоди од сите сезони на Lost.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
3
Roselinne Шерлок ти ли си бе? И немој да лажеш дека играл во втора лига. Андора, Лихтенштај и Луксембург немаат ни прва а камо ли втора. Друга толку мала држава не ми паѓа на памет. Еве нека каже Malcolm van den Сабаховић :D
Зошто да лажам? И онака немам веќе интерес за него што има да го фалам.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
3
Луѓе бе разберете имав силна желба да дознаам кој е и да го запознаам, после и нервозна бев многу и сакав да му вратам а и изгубив интерес за него како што повеќе го гледав. И сега што да правам кога во цела таа збрка се заљубив во другар му? Одев со план да го заведам него, заведувајќи го, јас бев заведена од другар му.
Ете се каам згрешив, сите грешиме некогаш. Што да правам сега? Со првиот завршена работа ама ме јаде грижа на совест, со вториот што да правам?...
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.850
Поени од реакции
11.075
Луѓе бе разберете имав силна желба да дознаам кој е и да го запознаам, после и нервозна бев многу и сакав да му вратам а и изгубив интерес за него како што повеќе го гледав. И сега што да правам кога во цела таа збрка се заљубив во другар му? Одев со план да го заведам него, заведувајќи го, јас бев заведена од другар му.
Ете се каам згрешив, сите грешиме некогаш. Што да правам сега? Со првиот завршена работа ама ме јаде грижа на совест, со вториот што да правам?...
А да заведеш некој другар на другарот со кој не се има видено од осмолетка? Нема да се лути вајда далечни ако се :)
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
3
Не лажам немам никаква причина за тоа и јас сум една од иљадниците регистрирани на кајгана, што би ми донело тоа. Моите постови сега ги читате за 10 минути ќе ги заборавите. Мене ми треба совет. Признавам дека згрешив и многу лошо и подло постапив.
 
Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562

Не сум никој и ништо да те осудувам, али би ти препорачал неколку сеанси кај психијатар, знаеш чисто за тебе убаво би дошло. Послушај ме, нема да згрешиш не дека те правам луда ама губење толку време со некој шо буквално не знам како изгледа,како се вика шо работи.. И едно нешто ме интересира КОЛКУ време праевте муабет без да знаеш како изгледа?
 
Знаев како изгледа уште од првата порака на четот, си има слики таму. И за брзо се видовме на скајп. Знаев какл се вика, дури ми праќаше слики од децата од сестра му. Ме излажа само за работата. Презимето не му го знаев и градот кај што живее. Градот ми го имаше кажано ама имав заборавено и никако не можев да ја најдам таа порака оти тоа ми го кажа уште кога бевме на чет не на whatsapp а таму пораките се губат.
 
Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Знаев како изгледа уште од првата порака на четот, си има слики таму. И за брзо се видовме на скајп. Знаев какл се вика, дури ми праќаше слики од децата од сестра му. Ме излажа само за работата. Презимето не му го знаев и градот кај што живее. Градот ми го имаше кажано ама имав заборавено и никако не можев да ја најдам таа порака оти тоа ми го кажа уште кога бевме на чет не на whatsapp а таму пораките се губат.

Колку години имаш? И дали искрено дали се надеваш дека после сапуницава некој би те советувал нешто? Минато си е минато, јас ова да го иам напраено би се срамел од тоа што сум напраип и би пробал да идам даље. Више ако го сакаш тој другиот барем не пробувај да му се доближиш да не им расипеш барем другарство на двајцава. И да move on and be a better person :)
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
3
Па реално јас и другиот немаме никакви шанси зашто тие двајца се многу блиски. Јас сум навистина заљубена во другиот но ќе ставам сега крај на се. Брзо ќе заборавам и ќе се опоравам од сето ова.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.134
Поени од реакции
16.011
Не лажам немам никаква причина за тоа и јас сум една од иљадниците регистрирани на кајгана, што би ми донело тоа. Моите постови сега ги читате за 10 минути ќе ги заборавите. Мене ми треба совет. Признавам дека згрешив и многу лошо и подло постапив.

Едвај го прочитав твојот пост, на пола ќе се откажев, али се премислив за да видам што ќе излезе на крај.
Мене ми е малце ова ко измислено. Дотолку замаранција за некој што не си го ни видела, не ми е баш нормално.
Совет, изгаси си го интернетот на некое време, оти ако ова е вистина, дефинитивно некои луѓе не треба да имаат пристап до него.
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
33
Поени од реакции
10
Па реално јас и другиот немаме никакви шанси зашто тие двајца се многу блиски. Јас сум навистина заљубена во другиот но ќе ставам сега крај на се. Брзо ќе заборавам и ќе се опоравам од сето ова.
Не си луда затоа што почнал да ти се допаѓа некој што го знаеш само виртуелно, всушност така е најлесно. Сликата е мистична, посебно кога на неа ќе видеме убава личност. Лесно може да ја посакаш. Личноста на сликата е во само една позиција ниту се движи ниту дише, па тоа ја прави помистична. Како луѓето ги посакуваат познатите што ги виделе на слика или на тв? Но едно е некој да ти се допадне а сосема друго да се опседнеш со некоја личност толку многу за на крај да паднеш во очај. Уште еден пример, некои луѓе се среќаваат само еднаш па после го продолжуваат контактот на скајп, фејсбук, ватсаап, па така се зближуваат и запознаваат па ќе помине долго време додека повторно се видат. Тоа не е виртуелно? Ти си го гледала овој човек на скајп, те заведол и со самото зборување како што кажа ти, те привлекла мистеријата, ИЛУЗИЈА. Толку длабоко навлегол во твојата психа, си создала слика за него, па после сето тоа си посакала и во живо да го имаш. Ама ете кога си го сретнала во живо, си сфатела дека таа слика што си ја имала за него не е реална, не те ни привлекувал, немало хемија.
Инаетот и гордоста те заслепиле. Силното посакување да се има во живо она што ти било само илузија, она што си го создала сама во главата, да ја решиш мистеријата па човекот што секоја ноќ го гледаш на екранот (осеќаш ти е толку блиску а толку далеку), да го допреш во живо, сето тоа се руши кога сфаќаш дека тој ја нема истата желба за тебе. Тука проработува инаетот, гордоста, повреденото его, плус опсесијата за него, илузијата, па резултатот е тој. Тешко е човек да се опседне со нешто, паѓа во очај исто како твојот случај. Ама ти најдобро си знаеш. Јас по она што го приметив од твојот пост, дечкото не сакал да те запознае или не бил сигурен затоа толку време сте контактирале ама ништо не биднало. Или сакал да се дружи до тебе само онлајн или имал некоја причина што те избегнува. Рече си го запознала на чет, на чет највеќе одат луѓе со проблеми во љубовниот и сексуалниот живот. Сите одат таму да запознаат некого. Викаш чет полн со перверзни луѓе, па и тој е еден од нив. Само што не ти дошол директно да ти напише на чет нешто перверзно туку рекол меѓу сите перверзни тука мене ќе ме смета за нормален, културен и ќе се изненади дека и нормални луѓе се спуштаат на чет, луѓе што сакаат нормален контакт. Тоа и му успеало. Лека полека те заведувал и освојувал за после да оствари тоа што замислил. Зошто не те викнал да излезете и зошто исчезнал еден месец? Не е дека не му се свиѓаше, да не му се свиѓаше немаше да губи време со тебе. Сигурно додека те запознавал сфатил дека можеби не си таква како што мислел, можеби од тебе нема да добие што сака, или едноставно и ти си му станала мила, приметил дека ти си почнала озбилно да ги сфаќаш работите па нејќел да те матка веќе и исчезнал. Доказ дека те посакувал само физички, откако те видел на езеро се вратил после еден месец исчезнување па после второто ислезнување се вратил пак откако те видел за викенд. Ама и тој е сличен на тебе, кога те прашал каде излегуваш дошол таму а не ти кажал, нели е малце чудно тоа? Сигурно те меркал цела ноќ, а можеби нешто кај тебе не му се допаднало, затоа почнал да бега. Изгубил интерес да те запознае во живо. Интересот се враќа кога почнува интензивно да те гледа за викендите. Како и да е, другиот дечко, со него си се зближила преку интернет, се знаеш за него, контактираш редовно, па си го среќавала во живо, не е толку тешко да те привлече. Си сфатила дека си згрешила за првиот, очајно си постапила, дури и срамно ама ајде од грешките се учи. Ете меѓу тебе и вториот има хемија во живо, а на интернет не те привлекувал. Ама блиски другари, тешко ќе ја биде работата. Јас ќе ти дадам совет а на тебе е да одбереш што ќе правиш. Имаш неколку опции.
1.Да заборавиш се, да изгубиш контакт со двајцата и да продолжиш со животот.
2.Да признаеш се, дека многу ти се свиѓал првиот па си сакала само да се зближиш со него затоа си барала информации каде излегува. Дека откако сте се сретнале неколку пати, си сфатила дека не ти се свиѓа веќе. Да кажеш дека сега ти се свиѓа другиот. Тие како другари најдобро си знаат колку би го ставиле на ризик другарството поради женска, а и прашање е дали првиот е навистина заљубен во тебе или само онака. Јас мислам не е, нема ни да му смета ако бидеш со другар му, ама никогаш не знаеш. Сепак тие ќе си одлучат.
3.Ништо не признавај и пробај поврзи се со вториот ама и првиот да знае, не да биде тајно. Зближи се со првиот, објасни му дека не ти се свиѓа веќе, биди му другарка ако прифати. Така полека ќе се зближуваш со вториот, ако му се свиѓаш ќе биде нешто.
4.Биди кучка пак, пробај на сличен начин да влезеш во животот на вториот како што си влегла кај другиот, со тактики. Првиот нека не знае. Е така ќе немаш проблем да бидеш со вториот. Додека дознае првиот веќе ќе ја имаш наместено работата. Ова е многу ниско и мене ако ме прашуваш не треба да го правиш ова. Но ти си знаеш најдобро, бараше совет пробав да ти дадам а твое е што ќе избереш. Јас ти ја препорачувам третата опција.
Со среќа.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
DaFuq?Некој или се изнагледал филмови или има многу голема бујна фантазија...Ова би било добра приказна за некој тинејџ филм...Еве како би одело:Роденден,добива компјутер се приклучува на интернет се запознава со популарното момче од соседниот клас.Мегутоа тој не ја приметува....и натаму знаеме што се случува...Ми наликува на еден филм само не се секавам кој беше.
Добро си кажа на почеток девојко.Не си поминувала многу време на интернет.Требало да остане така.Продолжи си со стариот живот,тоа ке ти биде најдобра опција.Ако продолжиш вака ке забегаш па потоа ни психолог нема да те извади...Ако е сето тоа вистина што го напиша си ја добила одмаздата,си го добила тоа што го сакаш и бидејки не си задоволена по некое чудо си се заљубила во неговиот другар? :eek:
Го молам Бога компјутерот да и се расипе за да не има трајни последици.
Доколку е лага,честитам.Можеш да се пробаш во режисерските води.Секој би ти завидувал на приказните.
Девојче,знаат твоите што правиш на интернет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom