Не знам како да почнам и ќе ви речам направете ме луда и било што, сфатете ме како сакате. На интернет сум многу ретко, а речиси никогаш не запознавам луѓе виртуелно. Дури и да запознаам некој не би се сретнала со него во живо. Затоа што не дум била заинтересирана. Мојот социјален живот е многу добар, излегувам, имам големо друштво и постојано запознавам многу луѓе. Е сега кога се разболев многу силно, беше месец фебруари, останав дома цела недела. Од мака постојано да го отварам фејсбук или да бидам постојано на whatsapp со луѓе кои добро ги познавам, решив да правам нешто забавно, како шега, нешто ново. (влегував и на форумов си читав и тепав досада) Ок, да скратам, направив вовед како нов бестселер да спремам. На телефон инсталирав една проклета апликација, еден чет што ме поремети начисто следните неколку месеци. Прво се регистрирав, чет полн со перверзњаци, никого не сфаќав озбилно само се шегував и подалеку контакт освен на четот со никого не остварив. Ама запознав еден дечко. Ептен ми се свиѓаше како си пишуваме и после продолживме на wbatsapp. Пишувавме по цела ноќ до сабајле, се гледавме и на скајп. Сакав да го запознаам во живо ама тој не се осмелуваше да ми рече. Иако го познавав само виртуелно многу ми стана мил. Ме праша каде излегувам и дошол на истото место а јас не знаев другиот ден ми кажа. Го прашав зошто не ми кажа дека бил таму, рече дека не знаел дека и јас сум таму. Ок. Продолживме по старо, се осеќав чудно. Сакав да се запознаеме во живо, ама работата си стоеше во место, се по старо. И наеднаш го снема!!!! Дотогаш бевме 24 часа онлајн заедно а сега го снема. Го снема и од на чат, го снема од секаде. Почнс многу да ми недостига. Бев навикната на него. Еден месец го немаше. Се врати на whatsapp по еден месец. Се извини, рече бил Италија на одмор. Кажа дека ме видел на езеро претходниот ден. Хммм, па мене ми текна, се врати откако ме виде, иначе претходно сакаше да се ослободи од мене. Почна да ми игра топло ладно и начисто да ме скрева. Не можам веќе да се расправам ако нема желба да се видиме во живо, му тепам досада во доцните часови со пишување. Почнав погрубо да се однесувам со него. Тој пак супер со мене. Ај пак ме навлече. Помина некое време пак го снема!!!! Јас во мојот живот досега прв пат вака сум се однесувала, сега ќе ви кажам како. Никогаш, за ниедно машко не сум правела вака. Кога нешто не одело, не одело. Се помирував и живот иде даље. Ова не личеше на мене. Не знам што ми се случи, како да бев маѓепсана и опседната. Ме привлече мистичноста, тоа што беше мистериозен. Многу интелигнтно и прецизно разговаравме. Еве како откачив... Откако по втор пат го снема, ме погоди шок, се вознемирив, зошто вака ми направи, мислев на некој начин барем ме почитува. Никако не ми беше јасно зошто не сакаше да се запознаеме и зошто не му се свиѓав. Од ден на ден нервозата растеше, да му се јавам нема шанси, паднав во депресија. Веќе не личев на себе. Не мр интересираа ни забави повеќе, запознавав многу машки ама ниеден не личеше на него, мојата желба беше него да го запознаам, престанав да запознавам други луѓе. Тотално блокирав се ми беше испомешано. Нема воља за ништо. Тогаш решив, не сакам веќе да го запознаам туку ќе го заборавам. Ни така не можеше. Можеби егото ми беше повредено. Е сега реков ќе го шашардисам. Почнува играта... Се што знаев за него основни информации бешр неговото име и државата во која живее. Јас живеам во странство а тој во соседната земја, оддалечени сме 15 км. Неговата земја е многу мала. Немам негово презиме, немам фејсбук, ама неговата земја е многу мала и пробав да го најдам. Лесно и едноставно. Напишав на гоогле името негово и до името негово името од земјата. А пред тоа го додадов на whatsapp на друг број на таблет ама го имаше избришано whatsapp. И на гоогле веднаш ми излезе негов нетлог профил. Фејсбук не излезе само нетлог. Во нетлог видов и кога има точно роденден, точна локација, регистриран пред неколку години а му стои во информации сингл, па овој човек вечно бил сингл. Информации од омилена боја до хоби и какви женски сака и се тоа. Омилени работи, кај бил на одмор и така натака. Но што ќе ми се мене овие информации, не се толку битни освен роденденот. Го отворив whatsapp, изгубив неколку часа ама ги читав нашите пораки и ми го имсше кажано името од другар му. Ете, едно инфо плус. Ставам на гоогле името и името од земјата до него, пошто мала земја. Ми фрли фејсбук профил. Го превртев цел фејсбук и го најдов во неговите слики и во пријателите. Сега дознав како се презива овој што го барам. Го ставив на гоогле името и презимето и точната локација и ми излегоа еден куп информации. Никогаш ми немаше кажано дека играл втора лига фудбал, името на тимот, дури цела статистика, колку натпревари има играно, колку гола има дадено, која позиција и така натака. Информација по информација, дознав дека работата му е сосем поинаква од она што го кажа, каде работи, името на фирмата, работно време, кога матурирал, во кое школо, адреса, домашен број, имиња од цела фамилија, фамилијарен ресторан. Ама сепак ги немав најбитните информации, каде да го сретнам а да изгледа случајно. Со лажен профил да го додадам на фејсбук ќе примети дека сум јас, да го додадам другар му нема да прифати непозната личност плус да споделува информации. Сега продолжив да го пребарувам гоогле со името и презимето на другар му. Ми фрли профил од еден друг чат. Направив лажен профил и го додадов. Го зедов на лажниот whatsapp и преку него влечев информации за другар му. Му го знаев буквално секој чекор. Каде што ќе излегуваше петок и сабота таму и јас. Го прашував на другар му каде и со кого излегува, тој ќе кажеше каде и дека со другари па знаев дека со изгубениот ќе оди. Излегувавме во друга соседна земја, јас ќе појдев и се правев дека не го гледам а другар му секако ме знае како друга личност на whatsapp. Го заведував, а се повеќе сфаќав дека не ми се свиѓа веќе, не е ист како што го замислував. Сепак планот успеа, после неколку викенди ми дојде и рече ете случајно се среќаваме неколку недели па редно е да се запознаеме. Му реков ладно НЕ! Ете успеа планот, мистеријатс разрешена, го видов во живо, дојде и до запознавање работата, осветата извршена. Ама зошто се осеќав одвратно? Зошто вака му направив на човекот? Ок можеби заслужи можеби не ама се покајав. После ја чукнав главата од ѕидот и се запрашав алооо што правам јас? Не се препознавам себеси. На кое ниво паднав да заведувам некого и да се осветувам, да манијачам некого и да знам информации за него што прави и преку ден и преку ноќ. Зошто вака се однесував? Вредеше ли? Колку време изгубив. Му вратив и што, не ми излегоа рогови. Ама тој после тоа се заљуби во мене, постојано ме бараше, викаше дека се кае што изгубил прилика да ме запознае. Јас не бев веќе лута на него, би била со него ама проблем е што не ми се свиѓа повеќе. Дури и ми е жал сега за него, приметив дека е добра личност. Јас се заљубив во другар му а тој не знае дека со мене по цела ноќ пишува, не знае дека јас сум таа. На лажниот whatsapp... Иначе престанав да излегувам во втората соседна земја, да се смирам малку се ми е измешано. Во првата соседна никогаш не сум била од страв да не помислеше порано тој дека одам за него. А другар му негов ме гледаше секој викенд во вторава соседна земја кога доаѓаа заедно, ама не знае тој дека пишува со мене и дека од него црпев информации каде ќе излегуваат и што прават. Прекинав со глупостите и го избришав лажниот whatsapp. Сега што да правам??????? Заљубена сум во овој ама немаме шанси јас и тој, сигурно знае дека му се свиѓам на другар му. Плус не сакам да го повредам другар му, не сум му лутс повеќе. Стварно ми е жал за се.