Си имам голема мака,па кој може нека помага
Одев со едно девојче
четири месеци,сериозна врска,вљубени до уши,ептен убо ни беше.Или барем така
мислев се додека една вечер запознав една друга женска.Многу ми се свидна, значи лепотица.Испив две чаши коњак за да соберам сила да и пријдам.И пријдов,се запознаме, почнавме да шараме на фејсбук киссови миссови ова она,помислив дека тргна работата.И раскинав на оваа со која одев,и бев подготвен да почнам со новата.Тогаш девојкава ми вика Сакам да не брзаме,да одиме чекор по чекор.Се сложив,не ми се брза.Отидовме еднаш на кафе, разговор супер се си тече како што треба,дојде време да ја испратам.Ме изгушка и ми вика ѕвони ми утре.Викам океј,ќе станам накај 11 и ќе ти ѕвонам.Ми вика не,јас спијам до кај 4,ѕвони ми после 4.И викам најубаво е ти да ми титниш кога ќе станиш па да ти се јавам,и женскава ми враќа со ова, цитирам '
Не сакам да бидам таа што ќе биде првата.Нема да дозволам да покажам емоции зошто ако на луѓето му обрниш малку внимание,стануваш досаден'.Ја прашав дали тоа значи дека јас сум досаден?
Ме бакна во образ и си замина.Не сфатив ништо.
Следниот ден седиме со другари,и едниот од нив нешто ме закачка Ееј,како е новата женска? Бидна ли нешто? ова она и ме прашуваат кое е девојчето,кај учи и слично.Им кажувам која е,и наеднаш еден другар се смее и ми вика Ти нели знаиш дека јас се мотам со неа?Извини брат нешто ова она,со други зборови сакаше да каже Повлечи се.Е сега,тој другар ми има женска а се мота со оваа,значи не планира ништо сериозно.
Се изнервирав.Мислам дека имав право да бидам известен.Девојчето знаеше дека сум луд по неа, можеше да ми каже дека има некој или бар да не ми обрнува толку внимание.
Ја видов вчера во парк, се насмеав и таман да и речам Еј,што правиш? таа си поминува лагано со другарка и без да ме погледне.А денеска,капак на се,му пишала на еден друг другар што ми било мене,зошто и се немам јавено.
Не можам веќе,толку многу се чувствувам
глупаво,наивно.Ми се наметнува прашањето во главата Дали намерно си играела со мене само за да му се одмазде на другар ми?Ако знае. Ама според однесувањето во паркот,сигурен сум дека другарот и има кажано нешто.Не може така да ме помине кога бевме ептен блиску,нема шанси да не ме видела.Дали треба да се повлечам или да продолжам со неа?
Бидејќи поради неа си ја уништив врската,ми се свиѓа многу и не можам да се помирам со фактот дека ја губам.И без разлика што се однесуваше како
вистинска кучка, не можам да ја исфрлам од главата.Постојано мислам на нејзината
невина насмевка,па на нејзината коса,па на нејзиниот парфем.И знам дека не заслужува,ама ја сакам.
Многу ја сакам. По цели денови мислам на неа.Не можам да ја заборавам.Не знам што да правам.Треба ли да се повлечам или да се обидам да ја освојам?Ако не бидам со неа,мислам дека светот ќе ми се руши