- Член од
- 29 август 2012
- Мислења
- 85
- Поени од реакции
- 18
Сега и јас ќе ви раскажам една случка. Се дешава откако умре дедо ми, во текот на тие 40 дена. Нели, се верува дека духот на починатиот до 40-тиот ден, шета во домот за да се опрости од домашните за последен пат, а на 40 ден заминува на оној свет и таму му се суди... и бла бла бла да не раскажувам повеќе за тоа. Да преминам на главното. Дома немаше никој, пошто сите беа на гробишта. Само јас останав дома. Поточно бев во куќата отспротива. Тука живее еден другар мој. И во еден момент, отидов до дома нешто да земам. Ја отворив вратата и кога влегов во ходникот немаше ништо чудна. Погледнав на лево да видам колку е саат. Саатот пошто се наоѓа над собата на дедо ми, веднаш забележав сенка на вратата од собата и срце ми застана. Толку сум се исплашил што со цел памет уште појдов натаму. А пред некој ден тука у комшии кај мене се десија серија на фрабежи. Затоа и мислев дека е некој крадец иако судејки според сенката на вратата која беше сосема мирна ми се чинеше дека седи на креветот. А креветот знаеше многу да крцка некад, а сега ниеднаш не крцна. Беше мн страшно, ама сепак сакав да видам кој е. Одма до вратата стоеше џогерот, кој што имаше метална рачка. И си реков и да е крадецот, ќе го удрам па што сака нека биде( ваквиот „мудар“ потег ми беше од филмовите на Џеки Чен, пошто он нели се тепа со се што му дојде при рака ). Ама у тој момент не ми беше баш волку смешно. И така застанав пред вратата и почнав да наслушувам а ништо нема. Мртва тишина а сенката на врата уште стои тука. И по неколку секунди рипнав у соба, кога гледам никој нема. Си мислам у себе некој ме дупи. Ја погледнувам вратата и сенката ја нема. Па и супермен да беше овде, за една секунда неможе да се сокрие. Без заебанција, сите прозори и врати беа зарворени. Немаше од каде некој да влезе. Искрено мн верувам у духови и затоа мислам дека ова беше дух и тоа на дедо ми. Пошто и на сенката се гледаше стар човек со онакви капчиња старовремскине, баш како што го погребавме. Како и да е, на моиве не им кажав, пошт ќе ми речат, срамота е да се заебаваш со вакви работи и ќе ми се смеат. Епа тоа е тоа, не е за заебанција ова. Може ќе ви делувам ептен филмски пошто друго е да раскажуваш, а друго е го искусиш тоа. Позз