Пост на кој сте се изнасмеале

Си имам голема мака,па кој може нека помага :(
Одев со едно девојче четири месеци,сериозна врска,вљубени до уши,ептен убо ни беше.Или барем така мислев се додека една вечер запознав една друга женска.Многу ми се свидна, значи лепотица.Испив две чаши коњак за да соберам сила да и пријдам.И пријдов,се запознаме, почнавме да шараме на фејсбук киссови миссови ова она,помислив дека тргна работата.И раскинав на оваа со која одев,и бев подготвен да почнам со новата.Тогаш девојкава ми вика Сакам да не брзаме,да одиме чекор по чекор.Се сложив,не ми се брза.Отидовме еднаш на кафе, разговор супер се си тече како што треба,дојде време да ја испратам.Ме изгушка и ми вика ѕвони ми утре.Викам океј,ќе станам накај 11 и ќе ти ѕвонам.Ми вика не,јас спијам до кај 4,ѕвони ми после 4.И викам најубаво е ти да ми титниш кога ќе станиш па да ти се јавам,и женскава ми враќа со ова, цитирам 'Не сакам да бидам таа што ќе биде првата.Нема да дозволам да покажам емоции зошто ако на луѓето му обрниш малку внимание,стануваш досаден'.Ја прашав дали тоа значи дека јас сум досаден?Ме бакна во образ и си замина.Не сфатив ништо.
Следниот ден седиме со другари,и едниот од нив нешто ме закачка Ееј,како е новата женска? Бидна ли нешто? ова она и ме прашуваат кое е девојчето,кај учи и слично.Им кажувам која е,и наеднаш еден другар се смее и ми вика Ти нели знаиш дека јас се мотам со неа?Извини брат нешто ова она,со други зборови сакаше да каже Повлечи се.Е сега,тој другар ми има женска а се мота со оваа,значи не планира ништо сериозно.
Се изнервирав.Мислам дека имав право да бидам известен.Девојчето знаеше дека сум луд по неа, можеше да ми каже дека има некој или бар да не ми обрнува толку внимание.Ја видов вчера во парк, се насмеав и таман да и речам Еј,што правиш? таа си поминува лагано со другарка и без да ме погледне.А денеска,капак на се,му пишала на еден друг другар што ми било мене,зошто и се немам јавено.
Не можам веќе,толку многу се чувствувам глупаво,наивно.Ми се наметнува прашањето во главата Дали намерно си играела со мене само за да му се одмазде на другар ми?Ако знае. Ама според однесувањето во паркот,сигурен сум дека другарот и има кажано нешто.Не може така да ме помине кога бевме ептен блиску,нема шанси да не ме видела.Дали треба да се повлечам или да продолжам со неа?Бидејќи поради неа си ја уништив врската,ми се свиѓа многу и не можам да се помирам со фактот дека ја губам.И без разлика што се однесуваше како вистинска кучка, не можам да ја исфрлам од главата.Постојано мислам на нејзината невина насмевка,па на нејзината коса,па на нејзиниот парфем.И знам дека не заслужува,ама ја сакам.Многу ја сакам. По цели денови мислам на неа.Не можам да ја заборавам.Не знам што да правам.Треба ли да се повлечам или да се обидам да ја освојам?Ако не бидам со неа,мислам дека светот ќе ми се руши :place:

:D
 
На темата Фан-клуб-РК-Вардар
Реванш натпревар Пик Сегед - Металург, Станиќ брани се живо и диво, неможат гол да му дадат...
Коњаникот Сабја Абе кај ќе дозволи Наркоманиќ од готово вересија, шанси нема :)
Ете зошто требаше да го купиме, крв му ебам. Курац што ќе најдеа замена за него, а и ние реално подобра опција од него немаше да најдеме...
:pos:
 
Ај една случка случка од форумов.
Уште во времето кога правевне трансвер од виртуелна македонија, кога Борис ВМ си ги ставаше внуките од миладиновци за супер модераторки и кога нај активни теми станаа
- ДЕНЕС ДОБИВ ПЕТКА МАТЕМАТИКА
- Браво теткино !!
- Ајде да се множат !!
- Леле паметна на чичо.
Во времето кога конекцијата беше дајал-ап и модемот свиреше и пиштеше 15 минути пред да се логираш на нет.
Во времето на еден од првите профили на кајгана.
Си хејтам ја шо си хејтам, како по обичај религија политика ова она, серпико трча по мене мава банови брише Маркус кутриот секогаш го врти другиот образ како добар рисјанин.
Се логирам и гледам порака.
-Ептен си ми интересен ај на МСН еве ти го мојот тааитаа@hotmail.com :eek:
...

Александар, ти си? :cautious:
 
Ме заеба! Заборавив дека веќе ти се дадени детални информации за мене. :pos:

Шо сум те заебал јас ? Јас не те терав да јадеш чаши и да рипаш од кола ! :unsure:

leandra Те потсеќа на нешо муабетов од погоре ? Пред неколку години М... ти ли си бе !? Само шо М избега од форум никад више не се логираше :pos:
 
Шо сум те заебал јас ? Јас не те терав да јадеш чаши и да рипаш од кола ! :unsure:

leandra Те потсеќа на нешо муабетов од погоре ? Пред неколку години М... ти ли си бе !? Само шо М избега од форум никад више не се логираше :pos:

Да муабетот е тој :pos:

Само Анфем шо се зеза у овој случај, а тоа беше жива вистина :)
 
Тео-Мате-матика.
Црн појас - девети Дан!

Ноќта саботата пред утрото е петок, затоа што прво иде ноќ, па изгрева сонцето и настапува утро. А плус и после заоѓањето на сонцето настапува ноќ. Таа ноќ не смее да се заборави, затоа што ако ја заборавиме, тогаш веќе имаме друга математика. Затоа земи ги предвид и таа и таа ноќ и ете имаш две ноќи и плус една ноќ од петокот ете ти три ноќи. А за деновите имаш еден ден у петокот, па сабота нели и недела утрото како што велиш го нема во пештерата значи 1+1+1=3 дена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom