Nekade u mk ima li konsultativna agencija kade sto mozat da mi predlozat biznis ideja ?
Има како не....
Ама 90% да не речам 99% се преваранти и фолиранти! Возат скапани коли од 85-90 годиште и продаваат демагогија и бели бубрези наоколу... немаат саглам инвентар во канцелариите, во кои чекаат жртви, а ветуваат големи бизниси за клиентите. Моето мислење е тоа, што немора да значи дека сум во право... Дали тие консалтинг агенции се викале ‘‘Македонија Експорт‘‘ ‘‘Трипл С‘‘ или ‘‘KA груп консалтинг‘‘.... мене ми се исти тасе! Кој тоа и за која пара ќе ти даде идеја за да успееш во бизнисот? Колкав процент колку чини идејата? Зарем има некој таков што може да ти гарантира за бизнисот!?..... Ми вели еден од нив: во ова и ова ако инвестираш гарантирано 90-100% успех, наша поддршка за испитување на пазарот проширување клиентела и таргети, пласман, маркетинг..... нема шанси да се утне!.... ако е така, зошто ти не инвестираш? Продади го станот што го имаш, во кој што живееш, ако си толку сигурен! Ќе имаш од почеток трошоци за кирија, но трошоци околлу следење на пазар маркетинг и пласман ќе немаш (пошто си ти експерт во тие области) инвестирај наместо да се гужвате во канцелариичево од 10 квадрати и ти да возиш крш кола. Инвестирај и обогати се!..... Молк! А потоа полуодговор, абе ние со консалтинг се бавиме? Стварно? А што е тоа? Се мачка на леб?

....Консалтинг во развиените земји: ЕУ САД Аустралија, Русија каде што врие од инвеститори, кои незнааат каде да инвестираат.... овде 5 инвеститори и консалтинг!? Ако имаш стварно идеја зошто не инвестираш?... Или, имаш идеја, ОК инвестирајте вие како консалтинг куќа 50% останатите 50% (ако ми се допадне идејата) ќе ги инвестирам јас!.... Нема одговор! Е па нема се разбира! Со туѓи пари и внукот на вујна ми знае да работи!
Некои од нив успеваат да егзистираат! Да, ама не од вакви клиенти како мене и тебе што сакаме да вложиме 30-40-50,000 Евра.... тие живеат како крлежи припиени за некоја голема компанија или неколку како Телеком, Пивара, Алк, Оне, некоја од банките и тн или владин проект (зошто да не!? о-хооо најслатка пара).... имаат некој на место во тие компании (или во владата), кој пак го убедува менаџментот (или претпоставените) дека на компанијата и требаат услуги од вакви консалтинг фирми! Тоа е моето мислење, можеби скептик сум но ми се чини подалеку од нив! Прво и основно да се запрашаме.... кој од познатите брендови во светски рамки во последниве 20-30 години станале тоа што се благодарејки на консалтинг фирми?
Трејд марк на медиумот ‘‘Капитал‘‘ е: ‘‘Само идејата е капитал, се друго е пари.‘‘ Никој не ти дава капитал за мали пари!