Народе, ќе ве молам за еден совет.
Хостот ми ги избриша сите податоци на сајтот, по што поднесов барање за back up. Истите ми ги врати делумно, односно само текстовите, а сликите не, со образложение дека имало некои корумпирани фајлови на back up серверот, и баш сите мои слики биле меѓу нив (?!).
Сакам да напомнам дека воопшто ништо немам чепкано претходно, значи не сум индиректно виновна за бришењето на фајловите.
Што чаре за вакви случаи? Како да се заштитам во иднина од вакви глупости и да се поштедам од нервирање? Има ли воопшто решение? Само не ми кажувајте да менувам хост, оти ова може да се случи и кај друг.