Во формација 4-2-3-1, каква што отприлка играме сега, со уште еден играч од стилот на Казорла и Росицки( читај Озил) ќе нема место во прв тим за Подолски на пример. Тој би требало да биде замена и конкуренција за Жиру .Тука е и Саного кој полека треба да стекнува искуство со 20тина минути од добиен натпревар.
Од друга страна во некои натпревари може и формацијата лесно да се трансформира во 4-1-3-2( налик дијамант), со двајца напаѓачи( во конкуренција би биле Жиру, Подолски, Волкот, Чембрлејн) и поофанзивни бекови.
Реално во офанзивниот дел ни е потребен уште еден играч, Дали ќе биде тоа класичен напаѓач или офанзивен среден е ствар на проценка. Али по мене офанзивен среден ни нуди повеќе варијанти во оформување на формацијата. Поради тоа и не го сакам Ди Марија бидејќи ќе мора да се игра стриктно како десно крило( барем го немам видено во друга улога досега).
Те сваќам,но покрај доведувањето на креативец мора да се донесе и замена за Жиру.Подолски не функционира како ЦФ,Саного е неискусен и Волкот е ограничен.Недај боже да се повреди Жиру многу ке патиме без негова квалитетна замена.Немаме друг искусен класичен шпиц играч.