Честитки за победата до фановите на Ливерпул, баш ми е мило за вас, особено кога ве читам како ја славите победава, со душа ја чекавте, и сосема заслужено ја добивте. Ги добивте на игра, апсолутно, секоја чест за Роџерс, добра тактика и игра цел меч, тотално ги затвори и отсече Јунајтед, особено Перси.
Друго нешто што сакам да го прокоментирам, факт е дека Јунајтед имаше убедлива победа против Свонси, и одлична игра во дефанзива против Челзи, ама некако кога се во фаза на напад безидејном без final touch ми се, со ваква игра против големи екипи ќе им биде тешко, денес Ливерпул идеше на победа, на 3 бода, и ги доби, можеби Челзи и Моу беа во лоша проценка кога идоа на резултат и нерешено, сметам дека Јунајтед е многу ранлив, некако воопшто не ми се сигурни сезонава, сепак не ги исклучувам од борба за титула. Како и да е, денес се виде колку Руни значи за тимов, малце да ослаби и незаменлив играч е за Јунајтед.
Второ, Ливерпул, одличен старт, паметна игра, ама сеуште не се материјал за шампион, тенка клупа и превише себичлук во екипава, Стариџ и Суарез ако не почнат да делуваат повеќе тимски и да се трудат за тимот пак ќе фејлнат до крај поради соло акции и промашување зицери, се надевам дека ова Роџерс го знае, иначе имаат солиден прв тим за ЛШ.