Втор
--- надополнето: 31 август 2013 во 19:27 ---
Тука сум бе друже,сега се вклучувам,гледам сте изнапишале 2-3 страници,не би се мешал таму.
На ова само ќе ти одговорам

Како прво,ти од старт велиш дека не сакаш во рајот,па како после некого ќе го обвинуваш ако заглавиш во пеколот

Ете гледаш,Господ се грижи за тебе,ти ги дал благодетите што ти ги набројав погоре,ти дал разум да размислиш за сето тоа и ти дал упатство по кое треба да работиш за да се спасиш,и ти сето тоа го одбиваш и на крај сакаш да го обвиниш Господ за се.
Не си фер.
Е сега ако рајот и тебе не ти е потребен,не си во пат позиција туку си во џехенем позиција

Мора и таму некој да иде бе брат,за сите има место и во рајот и во пеколот,а ти си го одбираш патот.
Велиш кој се вратил од таму,па кој се вратил во мајчината утроба после раѓање па ти веруваш дека од таму си излегол

Никогаш не си ја видел душата,а веруваш дека ја поседуваш.
Никогаш не си го видел разумот,а тврдиш дека го имаш.
Е сега,ако цело време дискутираме за овие прашања и на крај ми викаш АКО ПОСТОИ ГОСПОД.
не ја гледам целта и на прашањава и на дискусијата.
Бидејќи ако ти не веруваш дека Господ постои не знам зошто се замараш со подфорум религија

Оди пиј си кафенце,растеретен од сите религиски проблеми
убаво се изјаснувам, АКО постои, тоа значи дека не сум убеден дека постои, али и дека не сум убеден дека НЕ постои. значи треба да ми се докаже. до тогаш ќе бидам скептик во СЕ' што не е докажано, па дури и тогаш не значи дека ќе прифатам, затоа што можда ќе се покаже некоја друга метода која ќе го побие претходното. така да, моите прашања и те како имаат цел.
сега за болдот. за да стигнеме до тоа мое “не си фер“, треба прво да се одговори на моето оргинално прашање, иако сега ќе го преформулирам малку. дали ОН е фер? односно, зошто ми дал разум кога јас со мојот разум МОРА да правам како што он сака. он сака=рај/пекол, не ми дава да си изберам јас. и ми го скокна она моето, ЈАС НЕ САКАМ НИ ВО ПЕКОЛ! значи, не сакам ни рај ни пекол. сакам да ме остави на мира да си го проживеам она за кое сум сигурен, а тоа е битисувањето тука, на земјава, а не да фантазирам за некој рај, или да се плашам цел живот од некој пекол. кога ќе умрам, сакам да си умрам, ништо повеќе.дали е фер што ме условува? не е тоа избор, него ме условува! дали е фер тоа да бидам условен?
но ОН, мора да се изживува со нас (нели е семоќен), наместо да си креирал роботи кои .... сите без исклучок ќе му прават друштво во рајот.
околу раѓањето, душата и разумот. тоа СЕ' може да се докаже дека постои.
раѓањето можеш во секое време да го видиш.така да ДОКАЗ
разумот е ставка која лесно се докажува. си има ако ништо друго тестови за интелигенција и ЕТЕ. доказ дека си разумен, или ако ти е ајкју под 50 НЕразумен. иако, и без тој тест, во секојдневието сме опкружени со разумни и неразумни личности. поголем доказ амин!!!
или душата, ... хммммм, ти мене зезаш? енергија!!! пак со модернава медицина се докажува постоењето. просто, споредба помеѓу мртовец и жив.. стави го на апарати, оние со милион и една диода на главата, и ќе се види енергијата која постои кај живиот, ,а кај мртовецот е НУЛА. .......
а за последното, ... јас би сакал да пијам кафе на раат, растеретен од религиските проблеми, но они не ми даваат раат, тука е проблемот. секојдневно за исламот се слуша/гледа како ВЛИЈАЕ на сите околу него. сакал-неќел се наоѓам погоден од убиства, извици на алах акбар, пеење од џамија, ........ај да не биде дека само против исламот (иако темата е за ислам), еве и камбаните ми сметаат, .... како да си го пијам тоа кафенце на раат кога не ми давате? но ај, не е тоа толку битно, јас и моето кафе, него што правиме со прашањето дали е господ некој мазохист кој не створил за да не мачи цел живот и ветува нешто што не знаеме дека со сигурност постои, и зошто не створи со разум?
ух, се изморив, отидов кафе да пијам, али ирско кафе
