се клизна, што да ти правам
си ми го исцепкал постот (ко мики си станал)
првиот дел. мене ич не ми е гајле ...... егоцентрик сум и си го гледам гајлето тука, во овој момент на земјава.јас не барам ништо, и затоа не сакам ни рај, ни пекол. ОН бара од мене да верувам во него, и како таков треба да ми докаже (он или некој верник) ........... сакаш со јазична гимнастика да ме ставиш во тесно, али не тоа така. тоа што сум OPEN MIND воопшто не ме прави дека трагам по нешто.
али, АЛИ третиот дел е тоа што не ме остава на мира и ја ремети првата точка. дали сакаш да кажеш дека сите тие снимки се НЕвистинити? дека тие не се доказ за однесувањето на исламистите? јадењето срце? знам дека ќе ми кажеш дека тоа не се исламисти, дека се отпадници, ......... но што јас/ние имаме од сето тоа? имаме НЕмир.
НЕспокојство. се она што е лошо. и гледаш како тоа влијае на мене? или ..... ќе кажеш тоа е далеку, .....ОК, нека биде така. тогаш нека биде тоа дека го слушам оџата како пее. или пак можноста да во некоја идинина јас/децата живеат по шеријатските закони. ДА, така ги учам децата, да НЕ веруваат во господ. за таквите ко нас е предвидена смртна казна во таква држава.
така да не сум контрадикторен, барам/сакам доказ за се', ги имам снимките од медиумите, изјави од учесниците, е сега останува уште да идам таму и видам со свои очи. иако камерата ми ја дава таа опција и да не бидам. за бог немам доказ!!!
тоа дека природата е совршена, ........хмммммм, ......... ДА, совршена е, но НЕ заради горниот. симбиоза е клучниот збор. како ти од религиска гледна точка ќе го објасниш следново? се појавија озонските дупки. и се ширеа. но откако човекот увиде дека прави штета со одредени хемикалии, и престана (намали) со нивната употреба, дупките почнаа да се намалуваат. како ќе го објасниш тоа? дека господ ги затвара? или дека природата се погрижува за тоа? или пак господ и дал моќ на природата да биде таква?
јас викам дека си пронаоѓа рамнотежа и тоа сама. исто како кога во еден сферичен сад ќе пуштиш тошче и по некое време ќе застане кај што му е потребно најмалку енергија. е токму таа енергија (во било која форма) е главниот двигател на се па дури и на нас луѓето. ....... има една работа во физиката, “енергијата НЕ се губи, него само преминува од една во друга состојба“.
ај претерав, предолг е постов, ќе се изгуби секоја смисла
после пак

сега идам да пијам ПАК ирско кафе

.