Тијана Дапчевиќ ќе ја преставува Македонија на Евросонг 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Муабетот беше со земји со кои сме во добрососедски односи, а реално со ниеден сосед не сме нешто посебно другари.
Со србите може сме малку поблиски да речам ама пак нема којзнае каков братски однос.(Не ни ја признаваат црквата, блокадиве со пченицава итн итн)

Реално добри односи со ниеден од соседиве немаме.
Добро не се ептен како Грците ништо да не ни даваат. Пак ни фрлаат нешто ситно инаку и без тие 28 поени ќе бевме минатата година. Ја заборавив и Турција. :D
 
Луѓе што се напињате толку... кој сакаат нека го праќаат, бар ќе имаме на што да се смееме три вечери.
Јасно е дека годинава следен победник е некоја скандинавска земја. На Евровизија и Адел, и PSY, и Џенифер Лопез... кој сакаш прати го, пак ќе победи некој непознат пејач со потекло од комшиските земји.
Чим годинава Каскада и Бони Тајлер освоија едно од предпоследните места што сакате.

Мој совет е, Сања Ристеска ни е спасот за да бидеме во Евровизискиот топ 10, па вие колку сакате смејте се :D

А за Тијана... нека оди, сите отидоа па зошто и она да не........................

уствари Ламбе не беше до сега, него го заборавија :)
 
Добро не се ептен како Грците ништо да не ни даваат. Пак ни фрлаат нешто ситно инаку и без тие 28 поени ќе бевме минатата година. Ја заборавив и Турција. :D

Не муабетот ми беше дека ако се водиме по таа логика за добрососедство.
Не дека има врска тоа целиот настан е политика ниту „м“ нема од музика.
Демек некој од Македонија ќе фрла пари да гласа за кој било на евровизија.Западњациве пак чисто сумњам дека воопшто и ја следат.

Барем според мое мислење договорено е однапред кој колку поени ќе добие и кој ќе победи.
 
Многу е неправедно што нашата фолк-естрада секоја година ја одминува Евровизијата. Тоа е голема грешка.
Ние имаме богата фолкорна традиција.Но никогаш не е доцна. Алачки може тој вкус на традицијата да и го долови на Европа.
Благица Павловска е во најубавите години, а ни Сузе Спасовска не е за фрлање. Бетер од Леди Гага е. Заедно со Ферус Мустафов ќе бидат смртоносна комбинација.
Не се сомневам дека Драган Вучиќ може да направи чуда на таа Евровизија, да ги остави европејците без зборови. После може и да ја укинат.
Или би можеле да пратиме хор по црковно, византиско пеење.
 
А да ги собериме сите овие заедно и да има напрајме БУМ на та Евровзијата и нек се чудат после што ги снашло и нив и нас :D
Ако се резилиме да се изрезилиме до крај барем :cautious:
 
А да ги собериме сите овие заедно и да има напрајме БУМ на та Евровзијата и нек се чудат после што ги снашло и нив и нас :D
Ако се резилиме да се изрезилиме до крај барем :cautious:

Добра идеја. Може и така да направиме. Ќе му дојде нешто како шок терапија. Ама мислам дека треба да оставиме нешто и за наредната година. Полека маста да им ја вадиме на евровизионерите.
Но кај нас евровизиски случаи има многу, така што и за ова ќе се најде лек. Драганче Митрески, Гулабица, Распеани скопјани...
 
Иначе мислам дека волку рано објавија кој ќе не претставува, за порано да ја направат песната, за ако излезе некоја катастрофа ко Империја, да имаат повеќе време за да ја сменат, а не ко минатиот пат на трчање.:icon_lol:
 
Добар вокал е Тијана, не замислувам со каква песна би одела затоа што нејзе буквално сите жанрови и одат од рака. Дека ќе направи шоу, ќе направи, тоа и се бара. Доста позитивна личност, харизматична и мислам дека е тоа плус ствар за добро пласирање. Калиопи го даде својот максимум со позитивноста и сите ја засакаа, верувам дека и Тијана ќе биде така бидејќи е позната по одличната интеракција со публиката. Добар избор, дури и што сигурно има власта “замешано“ прсти, јас давам зелено светло за изборот. (y)
 
Изненадувачки, но доста популарна е и во Грција поради неколкуте преработки на грчки песни на албумот „Земља мојих снова“ од 2004, но и поради овој „несекојдневен“ дует:

Нема да ме изненади ако добиеме поени и од Грција овој пат.
 
Нема да ме изненади ако добиеме поени и од Грција овој пат.

Ко демек гледачите ги даваат гласовите, а не телевизијата (по нечија директива) :pos:
 
Ко демек гледачите ги даваат гласовите, а не телевизијата (по нечија директива) :pos:

Е тоа не знам. Ни јас имам доказ дека не е така, ни ти - дека е. ;)
--- надополнето: 29 август 2013 во 12:42 ---
Ако сакаме да влеземе во финале и да освоиме некое понапредно место на Евровизија мислам дека Тијана треба да не претстави со нешто вакво http://www.youtube.com/watch?v=hfjHJneVonE&feature=youtube_gdata_player
:)

Е тоа не знам. Ни јас имам доказ дека не е така, ни ти - дека е. ;)
--- надополнето: 29 август 2013 во 12:42 ---

Ма нема везе, ова ти е ко да споредиш торта со бонбонче :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom