Не дека сум бил на којзнае колку места, ама од тоа што го имам искусено и доживеано, Сончев Брег не го менувам за ниту едно место. Бев пред 2 години, бев и годинава. Првата година бев некаде после 12-13 јули, годинава на 26 јули, по 10 дена и 2те години. Можам само да кажам дека првата година мислам дека имаше повеќе народ. Можеби така се погодил периодот, но како и да е, прејако поминав и двете години.
Пред се барем според мене, во Сончев Брег се оди за ноќна забава и русинки, белорусинки, украинки итн...
Годинава од 10 дена само еднаш влегов во морето, 2-3 дена спиев до 3-4 и другите по малку сончање или на кафе/пиво во Мусаи или Бедрум. А ноќите беа резервирани за клубовите низ Сончев Брег.
Мексо ќе го издвојам како место со најмногу македонци(барем во тој период кога бев и јас), значи од наши вриеше затоа и го избегавав, не дека имам нешто против тоа, но далеку поопуштена ми беше атмосферата во другите дискотеки.
Валхала - одма спроти Мексо. Можеби повеќето и го избегаваат ради тоа што навистина личи на џунгла кога ќе го погледнеш од надвор, но според мене многу добро и можеби најопуштено место од сите. Музиката лично мене ми беше врв. Мешавина на стари и нови странски хитови. А внатре германки, норвежанки, русинки, украинки и белорусинки, и тука таму по некоја бугарка.
Амиго - минатиот пат кога бев, местово ми беше врв. Идев во 11-12 и се до крај. Годинава реновиран, проширен но некако ко да го има изгубено тој шмек, ко минатата година. Последните денови од јули со народ беше тапа, па се дешава кај 2 саат и да го затворат. Дури се разочарав по шо ептен го сакав местото. После почетокот од август почна да заличува на нешто, а општо и повеќето дискотеки почнаа да се полнат.
Лазур - бев понеделнички. Знам дека го промашив денот, но навистина беше тапа. Внатрешниот дел тука таму по некој, надвор полу празно. Можеби според повеќето и најдобра дискотека таму, но мене таков впечаток не ми остави.
Боунс - помалку црнци од митата година, а некако и помалку девојки. Сепак музиката таму е на ниво секогаш.
Караоке бар - одма спроти Боунс. Се случуваше да поминеме со друштвото да испееме по некоја песна. Сепак интересно беше
А народ, кога - како.
Викинг - лошо искуство. Премногу словаци, холанѓани прејаки плавуши но некако ептен диви ми делуваа, не расположени за дружење. Што не беше случај низ другите дискотеки кога налетував на такви.
Значи ако ви е дојдено до сончање и капење, ви ги препорачувам плажите и местата на јужниот сосед. Но ако идете со цел да ќарете по некоја девојка, или пак луди ноќни журки, во Сончев Брег немате промашај.