Пред 3 дена бев сведок на ужасна сцена . Мајка водеше две мали ќерки по тротоарот на партизанска и се караше со маж и кој возеше полека по улицата на 15тина метри разделеченост . И тоа карање падна "Е*и се" беше стартот , следеше уште минута дерење и "решавање" на проблемите на сред улица пред ушите и очите на двете девојчиња.
Без да знам што е содржината , само што го изгледав
What Maisie Knew
Овој филм треба да е лекција за сите морони од родители кои "одгледуваат" деца со ставање на своите проблеми на прво место и што е најстрашно карање пред едно дете кои ама баш со ништо тоа го нема заслужено и кое го приморуваат да расте со такви ужасни спомени . Најжалното е што ваквите родители се повеќе и повеќе ги има.
Колку што можам да видам не кажав ништо повеќе од чичко Имдб , а да сум на место на некого што уште го нема гледано филмов не би чекал за да го изгледам .