Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ај нека ни е честито Вилиан, па во Мај да крева тројна круна. :D

Читам дискутирате за Ам.
Класични офанзивни плејмејкери во тимот ни се само Мата и Оскар.
Хазард, Шурле, Вилиан, Брујн, Мозес ни се крила, незнам зошто тука има забуни.
Лево ќе се игра со Еден и Шурле, десно Вилиан и Брујн.
Мозес сигурно ќе лета перманентно или со позајмица.
Има доволно натпревари за сите, лани изигравме рекордни 69 натп. Нешто што состав од 14 или 15 квалитетни играчи не можат да издржат, мора да се жртвува некое натпреварување и да се игра рацинален фудбал. Мурињо прави тим кој ќе атакува на сите фронтови. Рачунајте дека тоа се натпревари кои се играат на принцип вторник-сабота.
Пример вторник Еден, Мата, Брујн недела Шурле, Оскар Вилиан.
Ќе има место и доволна минутажа за сите.


Ај нешто и за трансферот.

Не пишав коментар во врска со Вилиан за време на шпекулациите затоа што очекував да заврши во Челзи. Тимот со него е далеку по квалитетен.
Нападот доби на брзина, продорност и техника.
Има доста фанови кои се љубители на играта на Мозес, реално да збориме за две класи е подобар играч.
Во брзина и продорност се тука некаде, но бразилецов е далеку повеќе технички спремен и продуктивен.

Брујн е ок, но е релативно млад но не очекувам од нив двајца некој да се издвои т.с да има загарантирано место во тимот. Минутажата ќе се дели на 50-50.
Цената можеби е малце висока за 10 мил, но ајде ако е желба на Мурињо ок е.


Сега уште да се најде втор квалитетен напаѓач и спремни сме. :)
 
Торес нема шанси да го продадат, земат голема пара од продажба на неговите дресови, а кој купува дрес од Ба?

Без тропање глупости, Торес неможе да се продаде или тешко да се продаде ради неговата огромна плата, која што никој друг клуб несака да му ја овозможи, никакви дресови никакви други глупости не се во игра, единствено тој ако сака да игра редовно да замине во некој помал клуб рецимо како Наполи и со тоа да прифати помала плата, тогаш би било изводливо да се направи таков трансфер, но очигледно дечко несака да зима помала плата од 170.000 фунти неделно и не ги боли онакво дали игра или не, радио не радио мени свира радио, тоа е мубаетот цел со Торес, и на крај дај молим ви се кој купува уште дресови од Торес!
 
Торес нема шанси да го продадат, земат голема пара од продажба на неговите дресови, а кој купува дрес од Ба?

Не верувам дека е тоа веќе така откако во тимот дојдоа Мата, Хазард Оскар.
Проблем е што Торес е голем радник, вредно работи на тренинг, а и за време на утакмица премногу се труди, помага во одбрана и учествува во создавање на акции. т.с извлекување на крило и враќање назад. Проблем се головите и позиционирањето како класичен напаѓач.
Додека Ба е ептен дрво, даде неколку атрактивни голови и тоа е се од него, се е просечно. Не е ни приближно како што играше во Њукасл, ок и Торес не е на ниво но барем се труди и ни донесе корнер против Барса и титула во Ле.

Како и да е моментално и со двајцата не знаме на што сме, затоа и пишав нека ни треба втор напаѓач, првиот го знаме сите нели. :)
 
Не размислувам за младите мислам за старите :D
За младите догодина ќе размислувам.
Сега размислувам логично. 30м евра за Вилијан, 20м за Ширле, за Де Брујне, Ван Гинкел комбинирано повечеќе од 15м.

А реално прв тим на АМФ ни се Мазакар. Значи 75м дадени за играчи што нема да бидат прва постава (еве и Вилијан да биде прв тим тоа значи дека 20+милионскиот Оскар ќе биде на клупа)

Да ни треба играчи за на клупа ама треба да си крајно нелогичен човек за да помислиш дека играч што треба да ни биде за ротација вреди 20милиони.

Uli Hoeneß Ај те молам кажи ми за колку пари ви дојдоа играчите што лани ви седеа на клупа ?

Ова чисто да споредите најуспешната екипа лани со тој квалитетен ростер колку пари потрошија за играчи на клупа.

И нема да коментирам повеќе. Како што кажа Донев поназад немам ништо против Вилијан, ама во моментов и Меси и Роналдо да ги купиме трансферите би биле нелогични.

Ланската сезона на клупа ни седеа Гомез 30 мил.), Шакири (12 мил), Густаво (15), Тимосчук (15), Рафиња (5 мил), Пизаро без пари и Контенто е нашо дете.

Робен првиот дел од сезоната почесто беше на клупата, но откако се повреди Крос стана првотимец.
 
Значи од муабетиве заклучувам дека Торес е тезга а не фудбалер :) . Паметен потег е ова со Торес. Ти благодарам АНЧЕЛОТИ :cuc: ( за потегот , кој ќе не направи богати ) . И после нема да ги вратеме 50 М фунти пффффф абе тројно ќе ги зголемеме . ТОРЕС ШУТКА .
--- надополнето: 25 август 2013 во 23:45 ---
Шала на страна ама сите дркавте кога даде гол против Бенфика , кога даде гол против Евертон и кога даде гол против Барселона , затоа не кажувајте Торес вака Торес така :)
 
Ноер, Рибери и Алкантара нема да бидат во составот на Баерн против Челзи во петок... (y)
 
А кога ќе ми текне како му се улетивте на дечкото што спомна оти Тотнам и Шахтјор се договориле за Вилиан. :D

Со здравје да си го корситите успут. И утре Руни да ве реши. Поздрав.
 
Го земавте бе? Официјално? :(

Земен е уште одамна ама во тајност се држи. Официјално ќе биде во последната минута од трансфер периодот кога најмногу ќе боли :P
Тоа ни е стратегија за ослабување на противникот и уништување на играчот (хинт: Торес) :D
 
Земен е уште одамна ама во тајност се држи. Официјално ќе биде во последната минута од трансфер периодот кога најмногу ќе боли :P
Ау. :Ѕ Ќе не расплачите ептен. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom