Вашата дефиниција за дама

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Светот напреднал значително од тоа време.Ако мал милион други размислувања,предрасуди,стереотипи се надминати,зошто сликата за дама не се менува?Ако тогаш била потчинета на мажот и не смеела да каже ниту збор,во време кога жената е успешна фигура во многу бранши и те како е променета перцепцијата за тоа што значи една дама.

Ако јас имам успешна кариера,дали сите ќе мислат дека не му ја препуштам на мажот фигурата на глава на семејството,заштитник,мој маж и татко на моите деца?
Кон болдираното: say what now?
Кон прашањето: Не значи ама баш тоа ќе претпостават луѓето.

Манирите не се неопходни за успех, но се неопходни да бидеш ЧОВЕК. Човекот со вистински манири е сегде препознатлив, во било која средина (не зборувам за фаците кои глумат лудило и изиграваат џентл.....што и да е а во душа се тешки сељаци). Човек манирите ги учи за СЕБЕ, а не за другите и за да успее. Се додека човек (жена) се труди да биде нешто за другите е само глумец во лош театар, затоа што кога тогаш маските паѓаат. Семејството може да ти ја даде основата, но семејството неможе да те направи ДАМА или ГОСПОДИН во правата смисла на зборот, човек со наметнати или одглумени манири не е ништо повеќе од дресирано куче.

Како што кажа некој погоре дама и во пижами е дама, а јас би додал дама и гола е дама. Облеката и накитот неможат да ги заменат држењето и достоинството.
Ок ова све супер ама зошто ми го кажуваш ова мене? Зошто викам дека не се потребни манири како што биле потребни тогаш? Зошто викам дека манирите се учат во семејството? Не знам...

Кон болдот: ако те издресирале ништо не направиле. Потребно е да ти ги дадат идеалите на таа култура која ги вредува манири и која од децата произведува дами и господа. До овде сигурен сум се сложуваме.
Е арно ама, во денешно време тоа го нема. Никој не ги учи децата на таква култура. А ако не го добиеш тоа во детството, тешко е подоцна да го стекнеш.
 
Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
And Jaqen H'ghar Сум забораил да спомнам долу дека,I don`t give a shit for anyone`s opinion!
Мислите,погорните не се ебат ? Мислите вие не се ебете? ех драги,се ебете та се ебете,само нема кој да ве снема и да ве пушти во јавност.
Не. Дамата останува невина до крај на животот. И нејзините деца исто.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
За мене, од кога знам и сум свесна за себе, оваа жена претставува дефиниција за дама...
Штета што нема да имам можност никогаш да ја запознаам.

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Природно е да се биде пола од времето дама во средена облека, а пола од времето рокерка/хипстерка во широко црно ор самтинг, или пак во една ситуација да се говори интелектуално за почетокот на светот, а во следната безобразно/хејтерски за комшиката.

Кога ги прави некоја и тие и тие работи, обично луѓето наоколу мислат дека глуми лудило или фејка нешто, а уствари нема везе. Проблемот е што ретко се наоѓа некоја што е и тоа и тоа, бидејќи луѓето сакаат да се дефинираат себеси некако, а и да бидат препознатливи во околината по нешто.

Многу од моите другарки кои ги почитувам не би ни помислиле да облечат штикли и фустан, ко тоа да е особина само на некои жени, а овие демек ко да немаат желба од тоа. Или обратното, девојка која е секогаш средена те гледа од глава до пети и те потценува дека си нешто помалце само затоа што си изгужвана и со непогодени бои. Рецимо, мене другарките ме зезаат што изигравам дотерана за викенди, а колешките ми проценуваат карактер според несредената облека за факултет.

Женски. can't live with them, can't live without them. :)

А и вие мажите, очекувате совршенство од жените. Барајќи дама по сите прописи, при првата кавга во јавност ќе ви рече: "Па ти си XX години, зар доликува вакво однесување за некој од твоја возраст?" Или ја носите на свирка, а таа не игра зошто музиката не и` се погодила.

Ако продолжам со примери, ќе испадне генерализирам, али јебига, не сфаќајте се` буквално.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209

....како што кажав погоре...облеката не ја прави дамата...скап фустан и штикла не те прави по автоматизам дама....и рокерка и хипи и незнам уште која девојка може да биде дама....и проститутка може да биде дама.....дамата е елегантна во секое движење (од подигање на чаша, преку качување во автобус, па до соблекување) без разлика дали некој ја гледа или не...и одмерена во разговор (бира зборови)....без разлика дали е во друштво или на кафе во комшии.....свесна е за себе и своето опкружување и пред се е достоинствена

од друга страна познавам и девојки/ жени (а и мажи) кои воопшто не внимаваат на своето опкружување....почнуваат да верглаат на одредена тема без разлика дали соговорникот ги слуша, дали прави фаци дали им обрнува внимание и слично.....
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Дама ...
Девојка родена и порасната во град, со градски манири, потекло од интелектуална фамилија, она исто така интелектуалка(во прав смисол на збор), ситуирана(не зборам за мулти-милионерство туку нормална ситуираност), со либерте сфаќања(под либерте сфаќања зборам за комуникативност и отвореност а не за ороспиство и кичерајство), мрзи народњачки кичераи од типот на турбо-фолкерај и сл., употребува културна реторика со секого, мрзи традиционални бљувотини од типот на свадби и сл. старински закоравени традиции, не се занимава со рекла-казала маалски муабети(читај оговарања и сплетки) и.т.н.
Е сега намерно не спомнав за нејзиниот изглед и нејзиното облекување од проста причина што секоја девојка може да се облече убаво а и повеќето девојки се убави но сепак само минорен дел од нив се дами !
Дама и принцеза се тотално различни работи, принцезите се шмизли, а шмизлите немаат никакво однесување ниту пак грам мозок, дамата мора да ги поседува тие квалитети да има однесување и колку-толку мозок(интелект) !

Што правиме ако нема потекло од интелектуална фамилија?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Дај вратете се во денешно време.Нема "господин" и "дама".Помина времето на балови,грациозност,внимателност и слично.Денес се е практично,а "практичните" не може да бидат ни "господин" ни "дама"
Логаритам. да не сакаш случајно да прашаш за себе?:cautious:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.134
Поени од реакции
30.249
Само пример ќе наведам за ДАМА(на светско ниво):
1.Адел
2.Бијонсе
3.Сара Брајтман

На Балкан пенинсула (симптоми на дама имаат):
1.Северина
2.Ражнатовичева (ако настрана ги стаиме криминалот и корупцијата)

Ин Маседониа :
...Loading.....Loading......Loading....Sorry,no ladies !
епитом на дама
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Ja оbozavam preberni devojki, ali ne uptight, onaka, povleceni so vkus. Ja instant se vlubuvam vo dami. :)
 
Л

Лигеја

Гостин
Во 21-ви век нема дами. Нема ни џетлмени. Тие концепти припаѓаат на едно друго време и на една друга култура. Поточно на едно време кога имаше култура и културата се ценеше и манирите го правеа човекот (Manners maketh man).

Сега е друго време... така да остајте носталгијата, џабе е. Тоа време не се враќа назад никогаш.
Не се согласувам.Ако не постојат дами тогаш не би постоеле ни femme fatale кои се опозит од дамите. :D Денес само малку се преформулирани работите но тука се,си постојат и едниот и другиот тип на жени кои со векови опстојуваат по некои непишани правила. :)
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Не се согласувам.Ако не постојат дами тогаш не би постоеле ни femme fatale кои се опозит од дамите. :D Денес само малку се преформулирани работите но тука се,си постојат и едниот и другиот тип на жени кои со векови опстојуваат по некои непишани правила. :)
А како знаеш дека femme fatale жените постојат? Да не си една од нив? :P :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom