Shorty напиша: ↑
Извините дечки ми треба помош. Го има ли некој бројот од Гино (Архангел)? Ми треба за да ми направи сетап на гитарата [/q
A da probas sam da si napravis udri harmonic(flazolet) na 12 pole pa pretisni so prst na 12 i ako odgovaraat ok ako ne vrti na kobilicata dodeka ne ti zvucat priblizno ok.... ne e tesko ima na youtube bitno e koga ke sviris od 1 do 21 pole otprilika da drzi stim gitarata e sega ne baraj perfekcija ipak gitara e ne e nuklearna raketa
Малку е покомплицирано од тоа, ама дефинитивно се прави и сам.
Еднаш ми правеа сетап на акустична и еднаш на електрична (не беше Гино) и
ниту една не беше баш како што треба.
На крај малку research на интернет и малку трпение и си средив сетап на двете.
Како и да е, редоследот на правење сетап е:
- висина на bridge
- висина на nut
- neck release (закривеност на вратот)
- pitch (ова е тоа што го опиша веќе... практично треба слободна и на 12то поле жицата да дава ист звук во спротивно треба да се компензира)
Пред да се нафатите за се ова, решете што gauge на жици ќе користите. Пример: на идеален (лесен за свирење)
сетап за 11ки ако ставите 10ки после некоја жица ќе звони со сигурност.
Напомени:
Корекција на висина на "nut" (извинете но незнам македонско име за тоа) гледајте да избегнете доколку не
ви е навистина превисоко, или прениско. Тука ако се зезнете има поприлично работа за оправање.
Внимателно и со neck release. Препорака е затегање и отпуштање на шипката во вратот малку по малку (околу 1/4 круг па
да се остави едно саат време па пак да се проба дали е добро)
За крај... забавно е правењето сетап и малку фат ако имате, нема од што да се плашите.
На електрична баш и нема што многу непоправливо згрешите, барем на стратокастер е така.
Дури и на акустична да го спуштите bridge-от премногу, се додава тенок слој оддолу за подигање ништо страшно.