Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Јас, напротив, мислам дека Бен Афлек е одличен актер, само што направил неколку грешки кога бирал улоги. Ако го изгледате во Chasing Amy ќе го промените мислењето за него затоа што тука се надминува себеси. Нема потреба од паника, Бетмен ќе биде безбеден. :noze:
 
Само шо го изгледав Before Midnight, 10 минути пробвам да најдам зборој за да го пофалам али не можам да ги најдам соодветните. Можит зато шо сум сеуште под импресии или дека сум фасциниран од режисерот кој по втор пат успеват да ги задржит високите стандарди кои ги постави со првиот филм од трилогијава(живи и здрави до 2022,па можит немат да останит на трилогија).

Само ми падна чудно, дали е до новиот с'рч енџин на кајгана или стварно филмов е ретко спомнуван на подфорумов, а скоро месец и пол имат добра(hd rip) верзија по интернетов.
 
Блуреј чекаме, размазени сме :icon_lol:
 
Само што го догледав и The Cosmonaut. Кој глуп филм еј.. :tapp:. Тотално нема врска, 2/10 му е доста. Подобро не го гледајте филмов.
 
нека умре Афлек па и него ќе го хајпаат
Ова беше непотребно, Леџер одглуми антологиски, моќно. Еден од најдобрите негативци, било кога.

Јас, напротив, мислам дека Бен Афлек е одличен актер, само што направил неколку грешки кога бирал улоги. Ако го изгледате во Chasing Amy ќе го промените мислењето за него затоа што тука се надминува себеси. Нема потреба од паника, Бетмен ќе биде безбеден. :noze:
И онака Супермен ќе го остави во некој подрум, да не му смета. :)

Ова е како јас гледам тежок автогол на Афлек. За нешто пари ќе ја изгуби целат репутација која ја стекна минативе години. Човекот е одличен како режисер а како актер треба да игра во драми и по некоја комедија за разбивање монотонија. Бетменот не е улога во која било кој може да се истакне, колку и ние да си правиме муабети кој бил најдобриот Бетмен тоа е сосема неважно, пола филм си под маска во останатата половина си во подрумот си правиш муабет со батлерот. Во Бетмен секогаш негативците биле во прв план и колку е добар филмот зависи најмногу од тоа како одработил негативецот, Бетмен е спореден лик навистина...

И некако не ми е споиво ова со остаатите проекти на Афлек, навистина да не беа парите ќе беше и премногу чудно.

Мене и понатаму омилена негова улога ми е онаа во Догма.
 
Ова беше непотребно, Леџер одглуми антологиски, моќно. Еден од најдобрите негативци, било кога.
Не го хејтав Леџер. Омилен негативец ми е само ради глумата

Него, ако умре Афлек нема да го хејтаат. Не знам дали од почит или штоидае, ама кога музичари или актери умираат, добиваат многу повеќе хајпање и фанови од кога биле живи
 
Можете некој мајндфак филм да ми предложите? Нешто слично како Phone booth, Exam, Cube. Или од стилот на Law Abiding. :)

Малце каснам ама еве ти и од мене предлог. Triangle обавезно со Мелиса Џорџ, мене ми е омилен филм. The others исто. Dogville. Шпанските Los Cronocrimenes, Fermat's Room и Nueve reinas, и за нијанса послаб од нив El secreto de sus ojos. Ако се шпански, немој да ти бидат одбивни, многу се добри.
Други мајндфак што ми текнуваат во моментов се Mindhunters и Sleuth (1972).
--- надополнето: 24 август 2013 во 14:52 ---
Ова е како јас гледам тежок автогол на Афлек. За нешто пари ќе ја изгуби целат репутација која ја стекна минативе години. Човекот е одличен како режисер а како актер треба да игра во драми и по некоја комедија за разбивање монотонија. Бетменот не е улога во која било кој може да се истакне, колку и ние да си правиме муабети кој бил најдобриот Бетмен тоа е сосема неважно, пола филм си под маска во останатата половина си во подрумот си правиш муабет со батлерот. Во Бетмен секогаш негативците биле во прв план и колку е добар филмот зависи најмногу од тоа како одработил негативецот, Бетмен е спореден лик навистина...

И некако не ми е споиво ова со остаатите проекти на Афлек, навистина да не беа парите ќе беше и премногу чудно.

Мене и понатаму омилена негова улога ми е онаа во Догма.

Ех, не ми се верува за пари да му е. На крај краева си има цена како глумец, и во романтична комедија да оди да глуми, пак ќе земе милиони. Не дека е во некој чкрипец. За Бен Афлек правиме муабет, зеде Оскар годинава.
Јас мислам дека ја има прифатено улогава пошто што знам како некое достигнување им е на Холивудциве да играат суперхерои.
 
Малце каснам ама еве ти и од мене предлог. Triangle обавезно со Мелиса Џорџ, мене ми е омилен филм. The others исто. Dogville. Шпанските Los Cronocrimenes, Fermat's Room и Nueve reinas, и за нијанса послаб од нив El secreto de sus ojos. Ако се шпански, немој да ти бидат одбивни, многу се добри.
Други мајндфак што ми текнуваат во моментов се Mindhunters и Sleuth (1972).
--- надополнето: 24 август 2013 во 14:52 ---

Ех, не ми се верува за пари да му е. На крај краева си има цена како глумец, и во романтична комедија да оди да глуми, пак ќе земе милиони. Не дека е во некој чкрипец. За Бен Афлек правиме муабет, зеде Оскар годинава.
Јас мислам дека ја има прифатено улогава пошто што знам како некое достигнување им е на Холивудциве да играат суперхерои.
Е де, за тој Бен Афлек збориме :)

И не касниш малку со Triangle многу касниш :) Туку кога сме кај шпанско говорно подрачје, El Secreto De Sus Ojos и The Skin I Live In ме извадија од ум. А од француско Incendies, страшно потценет филм, чист Оскар са странски филм заслужи...
 
1. Како откри шо ќе се случи на крајот?
2. Каде имаше фантазија у филмов?
Пиши у спојлер да не им го зезнеш филмов на другиве.

Justice League одамна се чекаше такво нешто, не знам зошто ви е чудно.
Ја посипува колава со бензин и нормално гори цела кола и никако да дојде до експлозија , не само тоа туку и типов успева да ја запали :facepalm: плус коа ќе биде исфрлен со колата во вода и на крај си останува зив и здрав и ништо не му фали не ми делува многу реално.
Како открив уште коа го одбра психијатрот знаев дека ги мести едно 90% бев сигурен во тоа :)

Едитирано од модератор, во иднина означувај спојлери
 
Абе океј јасно беше дека ги мести, нешто такво мораше да има, ама сето она на крај што се се случи алал ти вера ако си го предвидел...
 
Бела Тар, Ингмар Бергман или Вим Вендерс.

На кој режисер да почнам првен да му ги гледам филмовите, нивните најпознати филмови ми се во watch-листата па сите ми се на некаков начин слични, дајте предлог со кој да почнам. (y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Некој предлог, кој според вас е најдобриот филм од книгите на Гришам ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom