Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Библијата не е составена од два збора „не убиј“, туку има над 700.000 зборови запишани во 66 книги колку што има Библијата.
И сличен пример на оваа ситуација има во Библијата:

„Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана. Но ако е сонцето веќе изгреано, неговата крв треба да биде одмаздена.“ (Излез 22:2-3, Библијата)

Значи ако денски убиеш невооружен крадец, ти си извршил убиство и ќе си добиеш казна за тоа (во наш случај од државата, а и пред Бог ќе ти се смета за грев). Но ако навечер крадецот ти провали и ти не можеш да видиш дали е вооружен, оправдано е убиството. Значи ако за крадец е дозволено убиство при неможност да се види дали има оружје, уште повеќе дозволено да убиеш вооружен разбојник кој ти посегнува по животот.

То се зборува кога може човек да одмазди човечко убиство, пренесено денес ако ти убијат роднина кој провалувал денски - имаш право да се одмаздуваш - само ноќе ако го убијат во провала - тогаш заборави одмазда.
То е башка од божјите заповеди и негови одмазди
 
Казната за убиство во тоа време била одмазда, според Мојсеевиот закон „око за око, заб за заб, живот за живот“. Штом Бог вели неговата крв да не биде одмаздувана, тоа значи дека Бог го оправдува тоа убиство и затоа заповеда да нема казна за таквото убиство во самоодбрана. Што би значело дека не е грев да го убиеш во самоодбрана.
 
Лука 6
29 На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата.
30 Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
 
Точно така, но тука Исус не вели: „на оној што ќе ти ја убие ќерката, дај му го и синот да ти го убие“. Едно е да дадеш наметка, кошула, па дури и да добиеш шлаканица, а друго е да дозволиш некој да те убие или да го убие твоето семејство.
 
Примерот се однесуваше на крадец кој доаѓа навечер и за кој не ни знаеш која му е намерата ни дали има оружје или не. Според тебе испадна дека можеш слободно да го убиеш, додека цитатот што јас ти го постирав вели дека на крадецот не треба да му го бараш тоа што ќе ти го земе.

А дури ни за убиство, не сум сретнал никаде дозвола да возвратиш кога е во прашање новиот завет. Доколку сум испуштил нешто, ќе можеш ли да кажеш каде е тој дел што сум го испуштил? Каде се оправдува убиство во самоодбрана?
 
е како не знаеш која му е намерата на апаш што ти се мота низ кука у никое време навечер. сигурно не дошол приспивна песна да ти испее.

и како не знаеш дали има оружје или нема кога посочив како пример дека детето ти го држи со нож под грло. или ако за тебе ножот е прибор за јадење само, ондах то је друга прича.

Според новиот завет, христијанин нема право да дава отпор, напротив, пораката е да го сака својот непријател, да го сврти и другиот образ, ако некој му ја земе наметката да му ја даде и кошулата, да не го бара назад тоа што ќе му го земат...итн, итн.
 
spored biblijata gospod ja sozdal zemjata za 6 dena a sedmiot den odmaral!
i prasuvam kakov e toj gospod sto ima potreba od odmor?
 
Хахахаха, закон! Морам да најдам која будала мене ме пишала како христијанин кога сум се родил бидејки јас сум далеку далкеу од тоа. :)

Според новиот завет, христијанин нема право да дава отпор, напротив, пораката е да го сака својот непријател, да го сврти и другиот образ, ако некој му ја земе наметката да му ја даде и кошулата, да не го бара назад тоа што ќе му го земат...итн, итн.
 
spored biblijata gospod ja sozdal zemjata za 6 dena a sedmiot den odmaral!
i prasuvam kakov e toj gospod sto ima potreba od odmor?
И јас се прашувам каков е тој господ што има потреба да суди, бидејќи судењето е акт со кој нештата ги делиш на потребни и непотребни.
Каков е тој господ кој создал или допуштил нешта и особини кои се непотребни?
 
Според новиот завет, христијанин нема право да дава отпор,.

Ако христијаните немаа(т) право да дадат отпор, до сега немаше да постои христијанството. Светот и световните идолопоклоници се настрвени против Црквата од денот кога таа постои-ѓа‘оло‘ не поднесува ништо што е Христово и спаосоносно, а очигедниот тренд во Светов е намерата од мрачните сили за целосно занемување на верата во Христа со нејзини сурогати или со нејзино целосно профанизирање.

Записите од Црквата велат дека дури и монаси имаат војувано, со оружје, бранејќи се, бранејќи ги манастирите, а со тоа и верата и Црквата. За православните цареви и нивните војски, да не прајме мабет...
--- надополнето: 22 август 2013 во 23:54 ---
напротив, пораката е да го сака својот непријател, да го сврти и другиот образ, ако некој му ја земе наметката да му ја даде и кошулата, да не го бара назад тоа што ќе му го земат...итн, итн.

Тоа е точно, но само во границите од мерката, а не безусловно и идиотски, затоа што „...така пишува во Библијата...„.

Според учењето од Црквата, релациите помеѓу луѓето се и треба да се двонасочни, а не еднонасочни, каде насилникот би имал предност во однос на верникот, а верникот би требал да глуми бидала, која трпи се‘ што насилникот ќе и‘ наметне.
--- надополнето: 22 август 2013 во 23:58 ---
spored biblijata gospod ja sozdal zemjata za 6 dena a sedmiot den odmaral!
i prasuvam kakov e toj gospod sto ima potreba od odmor?

Тој Господ Бог не се уморува па да има потреба од одмор. Денот за Божјиот одмор е даден повеќе заради човекот, за да може отпаднатиот човек барем еднаш во неделата да помисли на својот Творец и Бог и да заедничари со Бога, на служба/молитва. Така, човекот е тој кој се уморува и кој има потреба од одмор, а не сам Бог.
 
Ако христијаните немаа(т) право да дадат отпор, до дега немаше да постои христијанството. Светот и световните идолопоклоници се настрвени против Црквата од денот кога таа постои-ѓа‘оло‘ не поденсува ништо што е Христово и спаосоносно, а очигедниот тренд во Светов е намерата од мрачните сили за целосно занемување на верата во Христа со нејзини сурогати или со нејзино целосно профанизирање.

Записите од Црквата велат дека дури и монаси имаат војувано, со оружје, бранејќи се, бранејќи ги манастирите, а со тоа и верата и Црквата. За православните цареви и нивните војски, да не прајме мабет...
--- надополнето: 22 август 2013 во 23:54 ---

Тоа е точно, но само во границите од мерката, а не безусловно и идиотски, затоа што „...така пишува во Библијата...„.

Според учењето од Црквата, релациите помеѓу луѓето се и треба да се двонасочни, а не еднонасочни, каде насилникот би имал предност во однос на верникот, а верникот би треба да глуми бидала, која трпи се‘ што насилникот ќе и‘ наметне.
Јас сум неутрален, и не го толкувам напишаното, туку тоа што го пишува тоа го кажувам. Каде се споменати тие "граници од мерката"?
 
spored biblijata gospod ja sozdal zemjata za 6 dena a sedmiot den odmaral!
i prasuvam kakov e toj gospod sto ima potreba od odmor?

Во Библијата никаде не пишува дека Бог има потреба од одмор. Еврејскиот збор „шабат“ не значи само одмор во смисла на опоравување од умор. Тој збор значи и да уживаш, да завршиш со работата, да не работиш (вообичаени работи). Па дури и ние велиме дека одмараме и кога не сме уморни, а одиме на летен одмор, каде што не седиме уморни на некој стол, туку понекогаш сме и поактивни од колку воообичаено.

Од друга страна пак во Библијата има експлицитни цитати каде што пишува дека Бог не се уморува:

„Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив. “ (Исаија 40:28, Библијата)
 
Јас сум неутрален, и не го толкувам напишаното, туку тоа што го пишува тоа го кажувам. Каде се споменати тие "граници од мерката"?

Јас не сум неутрален-таква состојба не постои во Црквата па затоа сум пристрасен кон учењето од Црквата.

Мерката, т.е. умереноста, како начин на живеење и битисување, одредени се од самата Црква, а се именуваат и како:
- „Царски пат„, според начинот на кој владееле Богобојажливите еврејски цареви;
- „среден пат„, со кој се избегнуваат крајностите од одредена ситуација. Оваа можност ја познаваа и елините, како Аристотел и неговата позната „златна средина„, според која треба да го избегнување претерувањето исто како што треба да ја избегнуваме немаштијата;
-„умереноста во се‘„, со која го одредуваме своето битисување, без претерување.

Слепото приджување до она кое е запишано во Писмото, редовно доведува до одредена ситуација, во која читателот на Писмото може да забележи дека самото Писмо има „поривречности„. Еве како тоа го ислустрира еден современ теолог, кој вели: „..Точно е дека во Писмото стои дека секоја власт е од Бога дадена, но ако власта почне да донесува закони со кои (власта) ги погазува Божјите Заповеди, тогаш не сме должни да и‘ се покоруваме на таквата власт...„.

Така, во случајов со власта, а кој (случај) можеме да го видиме во реалното живеење, Божјите Заповеди се мерката (границата) која не допушта преоѓање и задирање на државата во волјата Божја, иако истиот тој Бог благоволил или допуштил постоење на власта/државата. Задирањето во волјата Божја е една крајност, а немањето никаква власт во општеството, би била дугата крајност, додека самата власт треба да балансира „помеѓу„.
 
Тогаш зошто ви е библија? Ако таа не е авторитет, и ако јасно си признавате дека сте пристрасни кон толкување на поединци или групи, за што ви служи таа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom