Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18
sto se odnesuva do zadolzenosta,dosadeno mi e veke 1000 pati da povtoruvam deka sega sme mnogu pozadolzeni otkolku togas :
486249_534316179930930_308324476_n.jpg
a zadrugite i zemjata barem bile na site,sega se na subrata roj
 
Добро, поголемиот дел од проблемот го решивме, мада го спинуваш мубаетот за што е темата на спорење и дали и колку не сакаше ти да го браниш и колку тек сега со последниот пост итро се корегираше, ама еве овој пат ќе ја рипнам таа техникалија.

...

Само да проверам дали добро те сфатив, ти велиш дека она што денес го живееме е последица од тоа владеење? Товарот го влечеме од тој систем? (Товар као продолжување на таа економска политика, враќање на долгови, начин на работа, итн во таа смисла)

Само со да или не за да можам после да одговорам, да видам дали правилно ја сфатив поентата.
 
Не 100%тна последица но со огоромен удел. Сфати го ова како да имаш ќерка која упропастила се. Не може тоа што го направила ќерка ти да си го направила ти, но со голема веројатност најголемата кривица за тоа што ќерка ти е каква што е си ти.

Мојот многу сакан професор по музичко од средно Миленковски Стојан ќе рече-Нема лоши деца, имао само лошо воспитани деца.
 
Леандра Леандровска зема кредит од 100 000 евра и ја става куќата под хипотека за да се курца со тие пари. После некое време Леандра доживува некој период во животот што ја променува, се прекрстува во Трајанка Трајковска менува адреса на живеење, потпис тврди дека веќе не е истата како порано итн. Наградно прашање-Дали кредитот за курцање сега веќе не важи и дали банката нема да си го побара долгот само затоа што Леандра е сега Трајанка. Во денешно време Петко и Трајко зборат за Леандра. Петко вика ајде да споредиме како Леандра ги менаџирала финансиите и домот а како Трајанка. Трајко вика-Абе шефе Леандра и Трајанка е една и иста особа. Заебанциите што ги доживува сега Трајанка е ради глупостите кои ги правела истата Трајанка пред да се прекрсти.
Те почитувам како голем економист и сега да ти дадам јас две-три хипотетички ситуации...

Владата на Мујо и Хасо ја задолжиле државата за 10.000.000.000 поради одредени редовни државни расходи(сигурно како економист знаеш како треба да се покриваат редовните а како вондредните државни расходи).
По некоја година, владата на Мујо и Хасо го прават истото, пак од иста причина.
По уште некоја година, доаѓа Владата на Џорџ Другиот и тој го прави истото.
По таму некоја година доаѓа Владата на Хогарт и го прави истото.
И тогаш ти доаѓаат од банката и ти викаат доста е рефинансирање на долг, врати ми ги парите.
Заебанциите што сега ги доживува Владата на Хогарт е ради тоа што го правел Хогарт или тие пред него? Или пак сите заедно? За мене сепак најбитно е, кој го јаде на крај? Кој губи највеќе? Мујо и Хасо? Џорџ Другиот? Хогарт? Народот? Што во оваа капиталистичка форма на задолжување е различно од она во социјалистичкото?

--------

И ај уште една, со вистински бројки, како економист, ќе те замолам, да отвориш сите расположливи податоци(од НБРМ, Статистика, Влада) и да ми кажеш ако сега во моментов(21.08.2013) дојде Банката и си ги побара сите пари што Македонија и ги должи(дали сега во моментов да и ги врати или кога достасува долгот) и притоа и каже дека нема повеќе да и позајмува:
1. Кој ќе биде крив? Трајанка? Леандра?
2. Со бројки(нормално под претпоставка) како би се движеле основните економски показатели?
3. Дали народот ќе биде среќен што ете конечно немаме долгови?
 
Само да проверам дали добро те сфатив, ти велиш дека она што денес го живееме е последица од тоа владеење? Товарот го влечеме од тој систем? (Товар као продолжување на таа економска политика, враќање на долгови, начин на работа, итн во таа смисла)

Само со да или не за да можам после да одговорам, да видам дали правилно ја сфатив поентата.

А бе leandra, тогашните судии се судии и сега (карикирам малку, се однесува на1991-), тогашните попови се попови и сега,... (додај по твој избор - политичари,лекари, професори, економисти...). Мал товар ли е тоа? Ако сите параметри на инпут се исти, реално ли е да очекуваме поинаков резултат на крајот? Ете тоа е според мене товарот.

И што е најжално, тогашниот ментален склоп е ист и сега, зачинет со најлошото од демократијата (од која има доста добри работи да се земат, а земени се само најлошите). Ајде да разберам дека во 91 луѓето неспремни влегоа во еден друг систем (кој сами си го изгласаа, ама ајде), ама и после 20 години да не сфатиш во што си влегол -нема оправдување.

Него најдобро е овде да застанеме и да продолжиме од историски аспект. Историјава ми е еден од најквалитетните подфоруми и гревота да се упропастува со споредби „кога подобро се живеело„, затоа што ниту е тоа темата а и во општи и во економија има барем по една ваква тема која е се уште активна.
--- надополнето: 21 август 2013 во 18:46 ---
a zadrugite i zemjata barem bile na site,sega se na subrata roj

Се се, ама ова ми е омилената мантра :). Се било на сите - фабриките, базените, одморалиштата, салите, ловиштата... Па и вилите биле „на народот„, е сега тоа што во нив седеле се едни исти луѓе е чиста случајност :D.

Добро, вие што ваше беше се, во толку години сте пробале ли да отидете, еве да речеме во вилата Билјана, во Охрид. Нели, пошто и таа била „на сите„ би требало да ви ја отворат и да ве пречекаат ко родени браќа. Или на пример да влезете на базен без карта. Нели, со наши пари правен, автоматски е „наш„, а во наше се влегува кога се сака и како се сака :).

А бре луѓе :(
 
Бре какви бисери од размислувања нема да прочиташ.Како си ја разбрал тој “опшествената сопственост“
 
Не мислев да коментирам ама кога гледам секакви луге да коментираат што не верувам дека прочитале ниту по една книга не можев да се воздржам
Сите речиси сите работници тогаш им стигале пари да одат на одмор,може не одел у вилата у охрид,а не верувам дек и ти сега си отишол
 
sto se odnesuva do zadolzenosta,dosadeno mi e veke 1000 pati da povtoruvam deka sega sme mnogu pozadolzeni otkolku togas :
Прегледај го приврзокот 70595
a zadrugite i zemjata barem bile na site,sega se na subrata roj

Ц.
Сакаш да кажеш,тогаш сите биле еднакви.и пред Бога и Тито.Аха..аха. Имам чуено,сите носеле исти гаќи,исти панталони..исти куќи имале..и иста сметка и салдо во банка.Рајот на земјата бил тогаш,иако сум знаел не сум бил свесен..сега све ми се појасни.
 
Оваа е една тема на кој не може и не смее да се размислува црно бело или беше добро или не беше.Борбата помегу Капитализмот,Фашизмот и Комунизмот започнува уште пред 2та светска војна.Фашизмот го уништиле заедно и продолжила борбата мегу останатите две идеологии,прашање на време било кој прв ке потклекне и кој ке победи во игра биле сите можни надмудрувања од шпиуни,ладни војни,економски местенки па се до нуклеарки.
Има теорија дека Горбачов прецедателот на СССР бил шпиун од западот кој почнал да прави први погубни чекори за Комунизмот а воедно да се руши целиот тој блок со што западот победува што не значи дека КАПИТАЛИЗМОТ и денешното владеење на западот е ПРАВИЛНО А СЕ ШТО БИЛО ВО ТОА ВРЕМЕ БИЛО ЛОШО
Како мал ми рекоа дека Југославија се распадна зашто не чинела,не и одело,лугето не смееле после 9 сатот да излезат на улица и ред други работи кој мене лично као дете ме натера го МРАЗАМ ТОА ОПШТЕСТВО а воедно и ЈУГОСЛАВИЈА а ТИТО го плукав.Најболно нешто ми беше кога почнаа да излегуваат статии како тој бил крив зашто Македонија не се обединела ГО МРАЗЕВ ТИТО
Денеска после 25 и повеке години имаме незвисност,демократија,приватен сектор и пак се наваркаме што се случило... секојдневно чекаме да се подобри,како демек лошото завршило и со многу труд ке успееме но искрено ништо не мрдна од тогаш,ова на Балканот е некое МУТИРАНО ОПШТЕСТВО.Многумина велат дека било вештачка држава,ама по некоја логика сите сојузи се прават вештачки,зарем ЕУ не е вештачка зарем на Германија и е мило да го плака долгот на Грција.
Почновам да свакам дека во Југославија не било добро,ама денеска па ни најмалце не е добро
Не сакам да бидам долг зашто долгите коментари не привлекуваат внимание,ама тука сум од после да си ги доискажам ставовите
 
Југославија во смисол на живењето била подобро од денес.А полицискиот час би требало и денеска да се врати па ќе видите како стапката на дрогаши и криминал ќе опадне.Инаку Тито не дозволил обединување на Македонија поради следниве причини:
1.Во Грција ила присутна Англија.
2.Зад Бугарија стоел СССР.
3.И двето предходно наведени земји биле во сојузничкиот блок и со самото влегување на Југославија со вооружени сили во земји под нивен протекторат фактички значи објавување на нова војна,против дотогашните сојузници.
 
Обединувањето најмалку зависело од Тито, Сталин се одкажува од Грција уште во Јалта кога се исцртани границите.
Од извештајот на НСА кој што е деновиве излезен во јавност:
Тито направил неколку потези што го разлутиле Сталин, а капката што ја прелеала чашата бил грчкиот проблем и Титовата помош (околу 10.000 „доброволци“) за комунистите што се бореле во таа земја.
Јасно е нели кои се овие доброволци.

А обединувањето со Пиринска Македонија пропадна со смртта на Бугарскиот премиер Георги Димитров, тогаш Пирин има автономија и се водат преговори со Бугарија за обединување во рамките на поширока Балканска федерација.
 
Обединувањето најмалку зависело од Тито, Сталин се одкажува од Грција уште во Јалта кога се исцртани границите.
Од извештајот на НСА кој што е деновиве излезен во јавност:

Јасно е нели кои се овие доброволци.

А обединувањето со Пиринска Македонија пропадна со смртта на Бугарскиот премиер Георги Димитров, тогаш Пирин има автономија и се водат преговори со Бугарија за обединување во рамките на поширока Балканска федерација.
Tочно и јас сакав тоа да го потенцирам во мојот коментар.Вишите силе се виновни по тоа прашање
 
Бре какви бисери од размислувања нема да прочиташ.Како си ја разбрал тој “опшествената сопственост
Не мислев да коментирам ама кога гледам секакви луге да коментираат што не верувам дека прочитале ниту по една книга не можев да се воздржам
Сите речиси сите работници тогаш им стигале пари да одат на одмор,може не одел у вилата у охрид,а не верувам дек и ти сега си отишол

:DФала за дијагнозата.
Наместо мислење да коментираш личност не е баш најкултурно, а да коментираш човек на кој не му ги знаеш ставовите е во најмала рака кретенски, ама вие си знаете, големи сте :). Што е до мене нема проблем, ама премногу го ценам овој подфорум да си го мерам овде со вас, ако толку инсистирате тоа ќе го оставам за другите подфоруми.

Каков коментар сакате да дадам на лепење сликички? Ќе се убиеш од пишување,ќе оставиш десет линкови и како одговор добиваш сликички, банери и гифови со „досетки„. На такви постови одговорот што сте ми го цитирале совршено одговара.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom