Ок, штом сакаш конкретни примери, ајде ќе ти наведам 2-3
Пред година дена на една фамилија од Скопската населба Волково им изгоре куќата (класично од лоша или застарена инсталација). Синот е протестант и затоа брзо дознаа неколку протестантски цркви. Неговата локална црква се организираше и собираше доброволен пролог за реновирање на куќата. Се огласија и поединци од другите протестантски цркви и додадоа на доброволниот прилог. Како што ме извести братот и локалниот градоначалник им вети помош. Трагедијата се санираше.
Еден студент од Демир Капија дојде во Скопје да студира. Толку беше сиромав што во една иста облека се носеше, претерано мирисаше лошо и тоа му го загрозуваше социјалниот живот. Поединци од нашата локална црква збореа со него, му купија нова облека, му помогнаа финансиски, му платија и рати од факултетот.
И третиот пример еве нека биде личен пример. Не, нема да кажувам како јас сум помагал некому, туку како мојата локална црква ми помогнала мене. Како што многу знаат овде, од 2007 до 2009 се лечев од канцер. Декемви 2007 завршив со хемотерапии, ама следната година канцерот ми се врати, имав грозд од зголемени лимфни јазли (тератокарцином) во ретроперитонеумот со големина од 7см. Хемотерапии не помагаа и беше потребно да се изврши RPLND (Retroperitoneal lymph node dissection), која за жал само 2-3 хирирзи кај нас можат да ја извршат професионално, а меѓу нив најдобар е проф. д-р Живко Попов (тогаш директор на Урологија) на кој вториот докторат му е баш на оваа операција. Арно ама кај него листата е голема, уште повеќе затоа што е главен трансплатнтолог на бубрези. Бев кај него и ми рече дека слободен термин има по 5 месеци, што беше предолго за мојата ситуација. Ми кажа дека друга опција е операцијата да ми биде извршена во вонредно работно време, што чинеше 1500 евра (за целиот тим, асистент хирург, сестри, анестезиолог, веројатно некој надомест за болницата и сл). Јас тие пари ги немав, можеби јас и семејството мое ќе ги позајмевме од ваму таму (а после ќе се чудевме како ќе ги вратиме), но мојата локална црква делуваше побрзо, направи акција и во рок од една недела ми собраа и над потребното. Пасторот ја подели сумата со бројот на членови на црквата и рече: Ако сите во просек дадеме по толку, ќе биде доволно за операцијата. Фактот што собраа поеќе од доволно зборува дека некои луѓе дадоа и повеќе од просечното, што мене ми комуницираше братска љубов и грижа. Попов ме отвори ко риба што се расекува, ме исчисти професионално и еве, до ден денес сум чист и стојам на две нозе благодарение на Бог, на хирургот и на мојата локална црква. Ми помогнаа и други протестантски цркви, најмногу со молитва.
Има и други конкретни примери каде што за болест или евидентна сиромаштија каде што протестантските цркви излегле во пресрет. Моментално барав и слики на мобилниот ама не можам да ги најдам да видиш како хендикепирани луѓе се радуваат затоа што добиваат инвалидска количка која од државата не можеле да ја дочекаат, или пак не им одговарала (затоа што пораснале, а не добиле нова). Повеќето од нив беа и муслимани. Тоа беше акција на протестантската организација
Samaritan's purse, а јас само им помагав.
Една моја пријателка - протестантка од Америка која е мажена за инвалид, летово наместо да иде на одмор, реши да донира финансии за 200 инвалидски колички и ќе патува во Куба за лично да учествува во дистрибуцијата на количките меѓу инвалидите. Е сега на ова некои православци ќе речат: „Абе на неа не и е до хуманоста, таа е агент на ЦИА и тоа го прави со зли намери“. Нашава кутра земја врие од таков менталитет. Нејсе, истото му го правеа и на Исус. Додека Исус им ги лекуваше болните, тие велеа дека Тој е опседнат од демон и со силата на демонот ги прави чудата.