1. Го чува учењето од Црквата и го поучува својот верен народ во тоа учењ,е водејќи го (народот) кон Христа Бога.
Не би рекол. Секој разумен и непристрасен човек што ги прочитал евангелијата и делата на апостолите јасно дошол до заклучокот дека она што МПЦ го поучува и практикува денес нема допирни точки, ниту пак одблиску наликува на она што го правеле Христос и апостолите (т.е. Христовата Црква).
Ако сметаш поинаку, тогаш:
Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија? Каде ја нарекле најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасен цитат каде што апостол Петар одбива поклонување)
Покажи ми каде на апостолите им бацувале раце?
Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кандила?
Покажи ми каде Христос или апостолите се мешале во политика?
Покажи ми каде Христос или апостолите се побратимувале со власта?
Покажи ми каде Христос и апостолите користеле ценовници за нивните богослужби?
Итн.
2. Помага, духовно и материјално на своите членови.
До сега на вестите сме чуле за еден куп трагични приказни на луѓе кои што останале без работа, им изгорела куќата, семејни насилства при што жената невработена живее во некоја соба со болна ќерка и одвај преживуваат. Слуашме како министерството за Социјала им излегува во пресрет, Црвениот Крст исто така, поединци помагаат и сл. Но јас речиси никогаш не сум чул на вести да кажат МПЦ излегла и им помогнала на тие луѓе, а гарант повеќето од нив се крстени во МПЦ што значи тоа се нејзини членови.
Во протестантските цркви кога некој член ќе доживее некоја трагедија, истата се дознава за неколку минути или часови и се одржува вонредна средба на која веднаш се собира помош или се смислува начин како да се помогне на човекот во потреба.
Каде МПЦ дели бесплатни Нови Завети за верско описменување на народот? А зошто и би делела, кога во нејзина корист е народот да нема познавање од Библијата, бидејќи тогаш јасно би увидел дека Исус и апостолите поучувале нешто дијаметрално спротивно од МПЦ и веднаш МПЦ би си ги изгубила муштериите.
Од друга страна светски познатото протестантско здружение Гидеон дели илјадници нови завети и во Македонија за верско описменување на народот.
Протестантското здружение "Samaritan's purse" e светско хуманитарно здружение кое помага и кај нас и дели бесплатни инвалидски колички на инвалидите на кои што таа количка им е како дел од телото.
На секој Божиќ милиони протестантски семејства припремаат пакетчиња со повеќе подароци и ги испраќаат во сиромашните земји за да израдуваат некое дете кое поинаку и не би добило подарок. Илјадници од тие пакетчиња доаѓаат и во Македонија и се делат по домовите за деца без родители, по затворите за малолетници, по црквите и сл.
3. Практикува Свети Тајни, служи и спасува човекови души.
И масонтие си имаат свои свет тајни, па тоа не значи дека со нив спасуваат човекови души. Тоа е ваше верување дека со ткн. „свети тајни“ спасувате човечки души.
4. Дел од Црквата, прибира и лечи и свои и световни членови во неизлечиви нешта.
Тука за бајачите збориш?
4. Во дијаспората, го шири учењето, согласно Христовата заповед до Апостолите.
Друг да лажеш дека МПЦ у дијаспората го шири учењето на Исус. Се што прават поповите и владиците во дијаспората е се настануваат каде што има македонско население (овци за стрижење) и го користат национализмот и етнофилетизмот кај тие луѓе (кои имаат носталгични чувства кон Македонија и сакаат да се поистоветат со нешто македонско) и на таа основа заработуваат преку нив. МПЦ се како еден вид мини амбасади за собирање на македонците во дијаспората. Ќе дојдат во црква и ќе речат ете дојдовме во нашата црква, а не во онаа туѓата (ко демек Исус основал националистичка или етнофилетистичка црква па секоја нација или етничка група треба да си оди во својата етничка/национална црква).
Патем еве како МПЦ го шири учењето во Австралија, со судските спорови каде што очите си ги вадат кој да го стрижи тамошното население:
http://www.press24.mk/sudskite-sporovi-vo-avstralija-go-namaluvaat-ugledot-na-mpc-oa
5. Низ вековите, Црквата го зачува македонскиот народ од самозаборав.
Повторно ноторна лага што МПЦ непрекинато ја шири за да ја добие благонаклоноста од македонските патриоти и националисти.
Прво, МПЦ постои од 1959 година. Пред тоа немало МПЦ. Пред тоа била Српската црква, пред тоа Бугарската, а пред тоа Грчката.
Потоа, поповите секогаш биле на страната на власта (и сега и порано). Кога окупатори биле на власт, МПЦ се побратимувала со нив. Познатиот писател и монах Кирил Пејчиновиќ во своето дело „Огледало’“ (напишано во 1816 година) пишува дека
некои од поповите кога не можеле да им земат пари на македонците, тие го викале турскиот аскер за по пат на сила да изнудат пари од бедниот македонец
. Ете колку поповите го љубеле македонскиот народ, здружувајќи се со турците за да го измачуваат сопствениот народ.
Она што пак е ретко познато или пак намерно премолчено, е фактот дека меѓу востаниците за ослободување на Македонија имало и значителен број протестантски христијани, од кои некои биле и војводи и членови на раководни органи (на пр.
Добре Даскалов од Кавадарци, кој бил и делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО во 1903 г, потоа и на Прилепскиот конгрес во 1904 г., итн.).
Во книгата СПОМЕНИ за Јане Сандански од Љубомир Милетиќ има некои интересни изјави од Сандански
за учеството на протестантите во Револуцијата, па и во раководството на востаниците:
„Заминав со 8 мина: Иван Цветков, со завршен VI клас во софиската гимназија, родум од Разлог, Добре Даскалов, од Тиквешко, имаше завршено протестанско училиште во Самоков; Коце Абаџиев, протестант, со завршен 4 клас во Самоков, родум од Пазарџик, и др. Во протестанското училиште, како и во металското училиште во Самоков, имаше револуционерен кружок....Му се искажав на еден од протестантите од Организацијата дека ќе бараме помош и од нив. Се согласија. Двајца од нив беа од раководното тело...“ – редактирани белешки од Јане Сандански
Да потсетиме дека по неуспехот на Илинденското востание, Турците егзекутирале голем број од револуционерите, а нивните деца останале сирачиња.
Женското Протестантско учичиште од Битола (основано во 1878 г.) згрижило повеќе десетици од овие сирачиња и им дало образование.
А ако почнам да пишувам за општите придобивки од протестантската реформација ќе напишам цела книга. Овде би пишал само дека протестантската реформација ја извади Европа од мрачниот темен век воден од инквизиторската Католичка Црква. Сепак реформацијата за жал на овие простори стигнала некаде до Словенија, впрочем до каде што завршува и развиениот дел од Европа и започнуваат православно/муслиманските подрачја.