Barclays Premier League Season 2013 - 2014

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?


  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Треба будали да се од било кој тим сега да ни дадат било каков играч за помалце од 10 милиони фунти, ама сами си го баравме, кога се распдруваш по медуими во јуни дека ќе си ја покажел финансиската моќ и дека си имал 70 милиони фунти за трансфери, а после си го дрвиш два месеца, па ќе се оставиш без пола тим во клучни утакмици и со сеуште необезбедено учество во ЛШ.


Туку да ми кажат колегиве од Челзи, каде отиде Бенајун, може пак да го земеме позајмица ќе заврши работа, плус Фламини за беспари, а може и Герет Бери за ситниш, плус ќе му дадеме трета шанса на Бентнер да стане најдобриот напаѓач на светот. Лудило, човек просто да посака да биде навивач на Арсенал во моментов. (y)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.731
Поени од реакции
52.673
Единствено нешто што имаме потреба да го знаеме за Бенајун е дека веќе не е во Челзи :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
На Википедиа вика бил без клуб, значи беспари ќе биде. Венгер шо чекаш зимај го одма!
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ете, прво ни го купија Шамак, а сега пред нос ќе ни го грабнат најголемото летно засилување, а бре Венгер гледаш ли шо направи.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961


Што мислите гол или не е гол ?? не знам дали го има некој постирано ова .
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.482
Поени од реакции
10.219
Најверојатно Антони Тејлор е суспендиран за наредно коло.А конечната казна допрва ќе биде изречена,ова е само привремено.
За тие што не го знаат Тејлор-судијата на мечот Арсенал-Астон Вила.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.731
Поени од реакции
52.673
Не можеме многу луѓе да сфатиме зашто е несфатливо.
Проблемот е што проблемот не е само во Венгер. Да беше само до Венгер, ќе го избркаа до сега и ќе дојдеше некој кој ќе потроши пари и ќе има шампионски амбиции. Ама очигледно на другите таму им одговара ова.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.482
Поени од реакции
10.219
Тешко некој ќе сфати дека не е до Венгер.
Едино поради што сум му "лут" на Венгер е тоа што кога можеше да си отиде пред 5-6 години не го направи тоа.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.731
Поени од реакции
52.673
Не дека не е до Венгер него не е само до Венгер. Да не беше воопшто до Венгер сигурно ќе си отидеше до сега зошто не му даваат да троши. Во ПСЖ што ќе му фалеше. Уствари овде полесно му е, сигурна му е работата.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.482
Поени од реакции
10.219
Проблемот е што ја прифати таа глупа политика.Тогаш веќе да,има удел само поради тоа што прифати.
Но љубовта спрема клубот беше пресудна.Е сега поради тоа го прават сенилен старец,педофил и незнам што.Едини тренер во тоа време кој со кило семки и правење сам ѕвезди ќе го одржи Арсенал во врвот.

Тераме стар и веќе глуп муабет...
Кажете што очекувате од Сити вечерва.Кој ќе биде стартер во нападот,Џеко,Негредо...Агуеро? Кај е овој последниов,некоја повреда го мачеше на крајот од сезоната ако не се лажам..?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom