Довербата тешко се гради, а лесно се руши! Потребно е и од двете страни да се покажат дела на добри намери и соживот, надминување на старите рани и болки со нови излекувани постапки. Секој да си ја живее својата вера, нација, простор, ситуација, без да го загрозува другиот, без да го понижува... Кога треба помош, да си помагаме едни на други, а не да се злорадуваме кога "противникот" е во невоља. Поинаку не може, другото ќе доведе до бесмислени жртви, умоболни виновници, поместување на живеалишта, иназадување, омрази и секакви глупости!!! Ни треба концепт на помирување, на смирување и разбирање на разлики... Концепт на висока и широка култура, здраво општество. Границите кои се само во нашите срца да се растурат и сите да живееме под ова сонце заедно, единствени во своите разлики, да ги сакаме и почитуваме, а апсолутните вистини се право на секој субјект, кој треба да го чека есхатолошкото живеење! Тогаш можеби повторно ќе го доживееме истиот концепт на добрите намери