Прашања до Атеистите II

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
И покрај тоа што има одредена доза на њу ејџ срање http://quantumfuture.net/sr/organskiportali.htm

Органски реплики на хомосапиенсот што знаеле да имитирет луѓе, ама немале душа и свест :rolleyes: .
Истражување на 5 души жедни за њу квантум ејџ.
Го имам порано читано истово на касиопаеа, и имам донесено заклучок - да не го одбивам во целост, бидејќи се базира на научни истражувања, континуирани експерименти.. и има постигнато одреден прогрес до ден денес.
Но премногу лесно е да се каже дека одредени психопати - несвесно живеат во реалноста, имаат само една цел, опседнати се, агресивни се према сите што не се согласуваат со нив.... односно немаат душа и свест. Рано е за таков заклучок. Човекот еволуира, но понекогаш и во обратна насока. Но зошто само човекот е земен како пример. Каде се другите форми на живот? Кучето има свест, има душа?
Ќе видиме во иднина.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ок. Може и така да се каже, не велам не. Во вакви философски теми, што и да се каже си има своја тежина:)

Во случај на увидена апсурдност, дали суцидноста е оправдана?
oд моја гледна точка НЕ. затоа што сеуште ни остануваат сурогатите, нели? ионака сите, ама баш сите кажуваат барем една од овие две работи, деца или работа. не е битно дали си теист или Атеист, во секојдневието сите се бориме со овие проблеми.
така да, и сега си живееме, па не гледам причина и “тогаш“ кога ќе знаеме дека апсурдот постои да не живееме.
но тоа од моја перспектива, а не значи дека треба да биде општо прифатена. ...... напротив, во таква ситуација очекувам дека верниците (читај “верник на било која религија) ќе се разочараат и дека кај нив ќе дојде до голем број на самоубиства. ќе биде у стилу, .... да ти ибам живот кога нема да идам кај бог, кога нема да идам во рај, .... кога нема да имам 72 девици, ......... кога нема да се реинкарнирам, ...... треба да набројувам уште? :D
у ствари, дојдов до заклучок дека сакам да се потврди апсурдот :D
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прашање до атеистите: Која е смислата на животот?
Здогледуваш човек кој се подготвува да изврши самоубиство. Вели дека не гледа причина и смисла да продолжи со животот. Не го оставила жената, не доживеал финансиска криза, не го стрефила неизлечлива болест или некаква трагедија, туку едноставно не гледа некоја смисла во животот.
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале? Зошто да продолжи со животот?
Фала.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Бидејќи животот е еден и не постои друга шанса за живот затоа вреди да се бори да се живее.Прифати се што ти се нуди во животот и максимално искористи го.Се ќе помине и доброто и лошото,и болеста и здравјето,и богатството и сиромаштијата.Во животинскиот свет не постои самоубиството,тоа е само кај човекот.Зајакот дали жив или самоубиен сепак ќе биде храна на лисицата,затоа дава се од себе да и избега на опасноста и да продолжи да живее.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Зар очекуваш да постои некоја смисла за живот,таа е вградена во гените на секој жив организам.Тоа само ние луѓето ментално си поставуваме такво прашање.Секоја жива клетка во организмот прави милиони калкулации,и се самозаштитува се со цел да живее и да се репродуцира.Едноставно тоа постои во нејзе,таква и е програмата,ниту па некогаш се прашува зошто живее,ниту која е причината за тоа.
А твојата програма каква е?
Си се прашал некогаш?
Како тоа ти дојде до овие идеи?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Бидејќи животот е еден и не постои друга шанса за живот затоа вреди да се бори да се живее.Прифати се што ти се нуди во животот и максимално искористи го.Се ќе помине и доброто и лошото,и болеста и здравјето,и богатството и сиромаштијата.Во животинскиот свет не постои самоубиството,тоа е само кај човекот.Зајакот дали жив или самоубиен сепак ќе биде храна на лисицата,затоа дава се од себе да и избега на опасноста и да продолжи да живее.
Во животинскиот свет постои самоубиство.
Сега ќе треба да ја менуваш животната филозофија!
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Прашање до атеистите: Која е смислата на животот?
Здогледуваш човек кој се подготвува да изврши самоубиство. Вели дека не гледа причина и смисла да продолжи со животот. Не го оставила жената, не доживеал финансиска криза, не го стрефила неизлечлива болест или некаква трагедија, туку едноставно не гледа некоја смисла во животот.
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале? Зошто да продолжи со животот?
Фала.

Добро прашање чорбаџи... само не знам зошто ги прашуваш атеистите, и не знам дали некој би знаел да ти одговори.
Јас би те прашал тебе истото...
А тоа со самоубиството... не сум видел такви што "едноставно не гледале смисла да продолжат со животот"
Освен ако прашањево не е хипотетичко, таков тип на суицидни луѓе не познавам. Секогаш има причина, без разлика дали ние ја гледаме или не.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.810
Прашање до атеистите: Која е смислата на животот?
Здогледуваш човек кој се подготвува да изврши самоубиство. Вели дека не гледа причина и смисла да продолжи со животот. Не го оставила жената, не доживеал финансиска криза, не го стрефила неизлечлива болест или некаква трагедија, туку едноставно не гледа некоја смисла во животот.
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале? Зошто да продолжи со животот?
Фала.
Многу лесни прашања поставуваш, смислата на животот... дај нешто потешко. :)

Би му рекол дека секој човек има некој на кого му е потребен, секој има луѓе кои мислат на него и го сакаат и ќе им недостига. И дека секој човек има работи што го прават среќен и треба да ужива во нив додека може, а смртта ќе си дојде кога тогаш, нема да му промени ништо.

Ако ова не успее, ќе му кажам дека имам дојава за кец у два, има со трчање да дојде.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Прашање до атеистите: Која е смислата на животот?
Здогледуваш човек кој се подготвува да изврши самоубиство. Вели дека не гледа причина и смисла да продолжи со животот. Не го оставила жената, не доживеал финансиска криза, не го стрефила неизлечлива болест или некаква трагедија, туку едноставно не гледа некоја смисла во животот.
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале? Зошто да продолжи со животот?
Фала.
Murugan веќе ти одговори, иако јас би го надополнил....... би пробал да му помогнам на човекот, никако нема да поминам покрај него и му кажам “скокај/фрли се“.
луѓе сме, имаме само еден живот (кој знаеме дека го имаме) и треба да го вреднуваме, да го извлечеме најдоборто што можеме додека сме живи. ДА, секој од нас има кризи, некој поголеми, некој помали, али сите треба да се помагаме ...... едноставно животот е вреден и има многу мали и големи причини да се живее. тоа .... суицидноста е само момент на слабост, момент во кој треба да пробаме да помогнеме. ништо повеќе, ништо помалку. дали ќе успееме е веќе друго прашање. да сум учел школо ќе ги знам техниките на тоа, али вака, ко секој нормален човек ќе пробам как знам и умеам. ќе пробам да му спомнам и со тоа потсетам на некои негови убави времиња (средно школо, секс, шетање, ..... било што) да го натерам да се замисли и прифати дека сепак во животот има убави нешта кои може и треба да се пофторат. ете тоа би било во глобала, за детали ..... зависи од моментот нели?
--- надополнето: 18 август 2013 во 16:38 ---
Добро прашање чорбаџи... само не знам зошто ги прашуваш атеистите, и не знам дали некој би знаел да ти одговори.
Јас би те прашал тебе истото...
А тоа со самоубиството... не сум видел такви што "едноставно не гледале смисла да продолжат со животот"
Освен ако прашањево не е хипотетичко, таков тип на суицидни луѓе не познавам. Секогаш има причина, без разлика дали ние ја гледаме или не.
во право си, али во корист на муабетот да му удоволиме ќе прифатиме и дека е хипотетички, нели? :D
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Добро прашање чорбаџи... само не знам зошто ги прашуваш атеистите, и не знам дали некој би знаел да ти одговори.
Јас би те прашал тебе истото...
А тоа со самоубиството... не сум видел такви што "едноставно не гледале смисла да продолжат со животот"
Освен ако прашањево не е хипотетичко, таков тип на суицидни луѓе не познавам. Секогаш има причина, без разлика дали ние ја гледаме или не.
Николчо, доста бришеше...остави малку и ние да се посмее.
На прашања до христијанството и до муслиманита оставаш сеир овде одма ги бришеш.
Одговорете за смислата на животот?
Не го вртите муабетот за самоубиство.
--- надополнето: 18 август 2013 во 16:50 ---
Бидејќи животот е еден и не постои друга шанса за живот затоа вреди да се бори да се живее.Прифати се што ти се нуди во животот и максимално искористи го.Се ќе помине и доброто и лошото,и болеста и здравјето,и богатството и сиромаштијата.Во животинскиот свет не постои самоубиството,тоа е само кај човекот.Зајакот дали жив или самоубиен сепак ќе биде храна на лисицата,затоа дава се од себе да и избега на опасноста и да продолжи да живее.
Абе брат...тоа се нарекува борба за опстанок...нема врска со смислата на животот.
Како мешате баби и жаби не ми е јасно.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Прашање до атеистите: Која е смислата на животот?
Здогледуваш човек кој се подготвува да изврши самоубиство. Вели дека не гледа причина и смисла да продолжи со животот. Не го оставила жената, не доживеал финансиска криза, не го стрефила неизлечлива болест или некаква трагедија, туку едноставно не гледа некоја смисла во животот.
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале? Зошто да продолжи со животот?
Фала.
Нема смисла, ние сме софистицирана случајна *грешка*, ако некој мисли дека е доволно храбар да се самоубие, треба да го направи тоа, јас лично и се восхитувам на историјата на јапонците...

И така ќе умреме, што има врска дали сега или по 50 год, ни сега ни по 50 год нема да биде важно дали има смисла животот......
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Премногу лесно прашувате "која е смислата на животот", иако одговорот на тоа прашање е уствари одговорот на се!
Вие демек го знаете??? Ама не онај одговор од вашата духовна перспектива, туку...онај... "вистинскиот".

Смислата на животот е континуирана адаптација према условите во кои егзистира.

Е сега мене животот ме асоцира на спој од материја и енергија, што црпи ресурси за да го задржи својот облик.
Човекот е спој на милион други животи во него. Човекот умира, но не и компонентите од кои се состоел...
Материјата не се губи, само менува облик така?

И сега, како да одговорам која е смислата на животот, кога ни самиот живот не може да се дефинира како што треба.
Зошто мислам дека се што гледаме околу нас е живот? Па дури и тие што умираат, не умираат во целост. Едноставно, миксот се разложува на милиони делови од кои се состоел претходно.
Не знам... можеби звучам агностички, но јас вака ги гледам работите.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Премногу лесно прашувате "која е смислата на животот", иако одговорот на тоа прашање е уствари одговорот на се!
Вие демек го знаете??? Ама не онај одговор од вашата духовна перспектива, туку...онај... "вистинскиот".
Да ние ништо не знаеме..
Ни што е душа , ни која е смислата на животот.
Затоа ве прашуваме вас атеистите да ни одговорите.

Смислата на животот е континуирана адаптација према условите во кои егзистира.
.
Ова се нарекува борба за егзистенција, нема врска со смислата на животот.
Е сега мене животот ме асоцира на спој од материја и енергија, што црпи ресурси за да го задржи својот облик.
Човекот е спој на милион други животи во него. Човекот умира, но не и компонентите од кои се состоел...
Материјата не се губи, само менува облик така?
.
Е сега....ако спојот од материја и енергија не се губи, каде оди таа енергија после нашата смрт?
За материјата веќе знаеме каде оди...2 метра под земја.
 
Животот си ти....и обратно.....чисто хипотетички :)
Сега, кој си ти?
Ова може да се смета како прашање до атеист, иако се декларираше како можен агностик :D
--- надополнето: 18 август 2013 во 17:18 ---
Нема смисла, ние сме софистицирана случајна *грешка*, ако некој мисли дека е доволно храбар да се самоубие, треба да го направи тоа, јас лично и се восхитувам на историјата на јапонците...

И така ќе умреме, што има врска дали сега или по 50 год, ни сега ни по 50 год нема да биде важно дали има смисла животот......
Прекини да пишуваш, нема смисла да ти ги читаме постовите, ако животот ти нема смисла. :P
--- надополнето: 18 август 2013 во 17:26 ---
Eдно прашање(мислење) до атеистите.
"There is an Unborn, Unoriginated, Uncreated, Unformed. If there were not this Unborn, this Unoriginated, this Uncreated, this Unformed, escape from the world of the born, the originated, the created, the formed would not be possible."
Точно ли е ова?
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Да ние ништо не знаеме..
Ни што е душа , ни која е смислата на животот.
Затоа ве прашуваме вас атеистите да ни одговорите.
Ево јас ќе си признам пред цел форум дека НЕ знам која е смислата на животот.
Ќе ми одговориш сега на истото прашање што ми го поставуваш?
Или ќе вртиш околу кола наместо да покажиш колку многу знајш да шлајфуваш.
м?

Ова се нарекува борба за егзистенција, нема врска со смислата на животот.
Кое се нарекува борба за егзистенција? Адаптацијата према условите? :pos:

Ајде и да е така... Ако не водиш борба за егзистенција, жив ќе си?

Е сега....ако спојот од материја и енергија не се губи, каде оди таа енергија после нашата смрт?
За материјата веќе знаеме каде оди...2 метра под земја.

Не мора да значи.. црвите можат и над земја да излезат. Хемиската и електричната енергија се претвораат во топлина која постепено се губи низ просторот. Не сум сигурен кој други видови на енергија ги поседуаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom