Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ај пошто утре ова време ќе биде при крај нашиот прв меч да пишам очекувања од сезонава.

Премиер Лига- Лани очекував топ4 пласман и тоа и добив. Борење до последна минута за директен пласман во ЛШ. Годинава очекувам да освоиме едно од првите 3 позиции во лигата што директно би не носеле во ЛШ. Значи од ПЛ очекувам да бидеме на подиумот. Реално имаме и шанса да освоиме некако и лига ама и да не освоиме не би било изненадување и крај на свет.

Фа и Капитол1 куп- Ако освоиме еден од куповиве ќе биде добро. Ако не освоиме тогаш дали е добро или не ќе видиме од самиот натпревар. Не е сеедно дали ќе освоиме титула во куповиве или ќе отпаднеме во прво коло.

ЛШ-Ако остане Мурињо во Челзи 3-4 години мислам дека ќе се исправи неправдата (Мурињо да не освои ЛШ со Челзи). Сезонава можеби не (а можеби и да) ама мислам дека во следниве едно 5 години можеби и би ја освоиле втората титула во ЛШ. Од оваа сезона најпрво и основно е да ги поминеме групите. После тоа добро ќе биде да го поминеме и 1/8 финалето а супер ќе биде и 1/4 финалето да го поминеме. Тука ќе има свој дел и среќата, ждребот, формата итн.

УЕФА Супер куп- Овој меч најмногу го очекувам годинава (2013 до крај на година). Лани го изгубивме овој меч ама еве годинава имаме уште една шанса. Не велам дека ќе освоиме или дека ќе изгубиме ама баш сакам да го видам мечов бидејќи според многумина Баерн е најдобра екипа во моментов а многумина очекувам да го избришат (ако не го направиле тоа до сега) Челзи од мечот како екипа што нема шанса да победи. И да не победиме баш ќе биде добро да се виде што сме и до кај сме.


Играчи-Од играчиве очекувам најмногу од Хазард.Ако лани Мата ни беше најдобар играч годинава тоа очекувам да биде Еден. Ако Мата игра како што знае тогаш играчите зад нападот ќе бидат супер.Ама сето тоа ќе мора да го искористат напаѓачите. Имаме 3ца напаѓачи а играме формација со 1 напаѓач. Верувам дека барем еден би требало да биде во форма (дел од) сезонава. Де Брујне исто ќе биде еден од подобрите играчи кај и ќе биде еден од откритијата на лигата. Одбранава можеби ќе прави грешки повремено ама се додека тоа не им стане навика секој втор меч добро ќе биде. Оваа година ќе му биде последна шанса според мене на Бертранд да докаже дека може да биде дел од првиот дел од Челзи, пошто другата година мора да се купи лев бек. Се надевам дека Мозес ќе изигра подобро од лани бидејќи ќе ни биде потребен. Ширле не знам зошто го земавме за таа сума. Оскар лани изигра солидно ама годинава треба да биде подобар. Лампард годинава ако некако даде 10+ гола во ЕПЛ ќе докаже дека е еден од најдобрите (можеби и пет) играчи во историјата на Премиер Лигата (ако тоа не го докажал до сега). Рамче лани малце разочара ама ако игра сезонава како во пријателскиве ќе биде добро. Се надевам дека Микел ќе биде во втор план покрај Есиен кој му е миленик на Мурињо. Не ќе биде лошо Чех да не прави многу грешки и Мурињо да си биде на ниво.

Друго ништо не мора пошто на крај краева покрај Арсенал со Суарез и Хигуаин, Јунајтед со Роналдо, Левандовски, Тијаго, Мурињо и компанија, како и Ливерпул кој што ќе ја освојат сезонава сигурно и нема што многу да очекуваме.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
870
Инаку Мата,Торес и Азпи играа за Шпанија во Четвртокот?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Уште еден ден до почеток на Премиер Лига.
--- надополнето: 17 август 2013 во 20:07 ---
Него прееска во ѕидон од текст заборавив да ви спомнам да не се замарате многу во темана за ЕПЛ. За ваше добро не вреди да си тупите глава со такви фаци.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Не мора да значи, не е ептен зафатен човек да не може една реченица да пише :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ај да пробам да претпоставам тим за после:

Чех​
Азпи-Ивановиќ-Кејхил-Ешли​
Рамирес-Лампард​
Де Брујне-Оскар-Хазард​
Торес​
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
На Руни што број ќе му дадеме? 20? :D
--- надополнето: 18 август 2013 во 14:37 ---
dragonsky Probably I won't select Azpilicueta, because he is the same. From Ecuador to be on the bench back to London.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
10ката ќе му биде ослободена кога ќе си отиде Мата. Еве денеска демек бил повреден.. глупости...нека си кажат поштено дека ќе си иде мислат нас ќе не лажат....
Мислат ние деца сме па ќе им веруваме дека постојат повреди. Сите знаат дека на светов има 4 работи што спортивно на верувањата на некои не постојат : Баба Роги, Дедо Мраз, женски оргазам и повреди на фудбалер среде трансфер период.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom