Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
па за Кокино пожелно е да биде Недела (за која треба да се издоговориме) бидејќи со едно одење може да се оди и до Куклица....а за тоа треба време....нормално и да направите некоја добра фотографија или видео....со тоа што поучени од предходното искуство....може да се оди поорганизирано...со повеќе опрема.... и секако "посматрачите" да не улетуваат во кадар и да не прават лајт-шоу во близина на опремата
или пак доколку поголемиот дел поседувате камперска опрема (шатори, вреќи и слично) може да се оди сабота попладне, да се кампира во близина на Кокино, да направите ноќни тајм-лапс.....да фатиме изгрејсонце на Кокино, а потоа да се оди за Куклица
До Кокино има околу 75км и уште 25-30 до Куклица така да планирајте околу 200км идење враќање
Абе генијалци, сеа ми текна, со лаптоп може да се праи интервалометар, цедето шо иде со апаратот има EOS јутилити, унутра со тоа чудо моеш да штракаш фотки на даден размак и дадена количина, језда максимумот е 999 фотки ама пак, боље него ич.
Ти треба лаптопот и кабел за апаратот, ги сејвуе фотките у лаптоп уствари и тоа е тоа, сите сетинзи, дури и за местење фокус е добро пошо имаш лајв вју у компјутер, поише се глеа на тоа чудо.![]()
Па фокусот и мануелно го местевме, пошто тешко фокусира ѕвезди на таа далечина и сами го фокусиравме. Ако ти успее тоа што сакаш да го направиш ќе работи, најмал проблем е фокусот.
....може....ама незгодно е сегде да влечеш лаптоп...посебно ако има доста за пешачење
....инаку вчера видов едно интересно решение за интервалометар....па кога ќе имам повеќе време ќе пробам да го конвертирам за со PIC микроконтролер.....фората е едноставна....го закачуваш на апарат....штракаш две фотографии на произволно временско растојание.....уредот го мери времето и потоа го пушта шатерот на истото тоа временско растојание се додека има место на картицата или додека не го прекинеш.... е сега она што не ми е јасно....бидејќи немам DSLR,,, е фокусот...односно кога ќе стиснеш фокус или го генерираш од надвор колку време му треба да фокусира односно дали воопшто ќе фокусира ако сликаш ѕвезди.....прашањето е дали постои опција фокусот да се намести мануелно....а интервалометарот само да го пушта шатерот?