Ова гледиште се нарекува релативизам. Основниот проблем на релативизмот е што се темели на апсолутистичко тврдење. Тоа тврдење е следново: „
Не постои апсолутна вистина.“
Прашањето што следи тука е: Дали си апсолутно сигурен дека не постои апсолутна вистина?

Доколку релативистот рече „Не сум апсолутно сигурен“, произлегува дека и тоа тврдење е релативно т.е. за некои не постои апсолутна вистина, а пак за некои си постои апсолутна вистина. Но ако постои апсолутна вистина, тогаш не постои релативна вистина и така доаѓаме до логичка контрадикција.
Народски кажано: Изјавата „Не постои апсолутна вистина“ си ја сече гранката на која што седи
Од друга страна, иако релативистичкото гледиште звучи интересно и онака „толерантно“ кон сите различни гледишта, филозофии, верувања, сепак тоа гледиште не е возможно практично да се живее и е корисно само вака за дебати по форуми. Тоа е така бидејќи ние како човештво за да живееме во општествена средина мораме да се усогласиме околу некои работи како:
- Општественото уредување
- Моралните норми
- Основна етика
(не ми текнува нешто друго)
Доколку луѓето не се усогласат по овие работи, тогаш некој може да излезе надвор и да се прогласи за цар и со група луѓе да си оформи царство на плоштадот во Скопје. Едноставно тоа е вистина за таа група луѓе и тоа не мора да биде вистина за сите останати. Што мислите како власта ќе реагира на ваквиот потег?

Ако вистината е релативна, тогаш јас можам да отидам надвор и да му удрам бокс на комшијата. Молам? Сум му напрвил зло? Не е точно. Во мојот морален систем тоа е добро, тоа е доблесен потег

Хммм се чувствувам гладен, зошто да не го заколам, да го сомелам и да си направам плескавици?

Убиството заради прехранување во мојот морално-етички систем е сосема оправдано и не е ограничено само на животните. Итн. Примери има безброј.