Се согласувам генерално со тебе, сепак можеби различно ја сфаќаме „апсолутната вистина“. Кога јас велам апсолутна вистина не мислам на апсолутно прецизно знаење за нешто, бидејќи такво нешто е невозможно за човекот. На пример јас можам да речам дека растојанието од Скопје до Тетово е околу 40км. Некој може да рече: не, 39км е. Трет ќе рече зависи од каде мериш. Четврт ќе реќе од центарот на плоштадот на Скопје до центарот на плоштадот во Тетово е точно 44,5км. Петти ќе рече не, туку 44512 метри. Шести: не, 44512,16 метри итн.
Има исто така многу други вистини кои човекот не може целосно да ги знае, секој, како што велиш, ја спознава на различно ниво, секој различни заклучоци изведува од таа вистина, но факт е дека вистината за одредено нешто е една. Лигеја или постои или не постои. Не може за некого да постои, а за некого да не постои. Може некои да го игнорираат нејзиното постоење, да не и прават муабет, да се колнат дека не постои, но тоа не ја тангира вистината: Лигеја постои
Имало времиња која мнозинството луѓе верувале дека Земјата е рамна плоча носена на грбовите на желки. Некои луѓе велеле: Не се желки, китови се. Некои трети (релативисти) сакајќи да ги смират првите и вторите можеби велеле: „Абе не се карајте, за вас се желки, за нив се китови“

Денес знаејќи ја вистината за обликот на Земјата знаеме дека ни првите биле во право, ни вторите, ама најмалку биле во право третите, бидејќи првите и вторите не биле информирани, ама третите биле контрадикторни, апсурдни, да не речам глупи