Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.652
- Поени од реакции
- 31.882
- Возраст
- 34
Поттик да ја отворам темава ми беше една реченица која вчера ја прочитав во казнено-процесното право каде наидов на интересна дефиниција за тоа што претставува вистината.
Вистината е највисока форма на субјективен одраз на објективната стварност во човековата свест.
Да бидам искрен многу ретко сум размислувал околу дефинирање на истата. Често пати ја слушаме низ муабети кога некој ја употребува во најразлични реченици со цел некој некого да убеди во нешто.
Дефиницијата која ја изложив ако се расчлени е разбирлива. Но може повторно да се постави прашањето, дали и таа форма на одраз е навистина најсилна форма, најдобра форма. Дали можеме да размислуваме и за апсолутна вистина и дали истата постои? Кант и Хегел обично апсолутната вистина ја поврзуваат со онаа вистина која е недокажлива, например го наведуваат Бог.(немам намера темава да ја тераме на религиска основа) само го наведив тоа што сум го сретнал низ филозофијата на право.
Јас немам некое огромно познавање околу оваа тематика, но на форумов има членови кои сигурно некогаш покрај останите проучувања и размисли за најразлични појави, соодноси, влијаниja, некогаш се сретнале и со ова прашање. Ме интересира што мислите околу истата. Што претставува вистината за вас? Како можеме да ја дефинираме истата, па макар и преку најглупи смешни примери? Дали постои апсолутна вистина? Се надевам преку различни мислења ќе можам да го потпроширам хоризонтот околу ова прашање. Нели еден од подобрите начини да научиме нешто е да ги согледаме мислите на попаметните, помудрите од нас. Па народе повелете околу некое од прашањава, изјаснете се.