Вака сеа, да објаснам прво дека не сум копиљ како што некој овде на форумов ме мисли, доволно сум возрасен и имам искуства со девојки, само што ова е тотално нешто необјасниво и збунувачки за мене, едноставно сум вчудоневиден...
Дека ме сакала премногу јас можам рацете у оган да ги ставам, зашто не само што сум се чувствувал сакано него и има направено некои работи што не сум ни верувал дека ќе ги направи за мене, затоа сега ми е толку чудна оваа ситуација да буквално ме предаде на најлош можен начин личноста што ја сакам дури и повеќе од себе!!!
Знам дека многу од вас мислат дека она си нашла друг или ме изневерила, јас неможам ништо со сигурност да тврдам ама познавајќи ја тоа е речиси невозможно, зашто сигурен сум дека ако имало такво нешто ќе ми кажеше, премногу искрена личност е...
Да, навистина е чудно баш кога сега требаше да ја надминеме последната пречка (она да се пресели у ск) ова да се случи, али последниот пат кога се видовме ми рече дека сака слобода и пауза (што не ми беше никако логично) и ми рече како помалце ме сакала него порано, за после тоа да се извини и да ми каже дека незнае што се случува со неа и дека тоа што го кажала не важи и премногу ме сака! После тоа се беше ок и наредните неколку дена кога се слушавме беше како ништо да не се случило се додека дојде денот да се договориме за одмор и ми каже дека не ме сака и тоа е нејзина конечна одлука, а откако јас и реков дека не е можно некој што премногу го сакаш наеднаш да го отсакаш и да ги изгубиш чувствата таа ми рече се е можно и дека така е најдобро за нас и да го прифатам фактот-што побрзо тоа подобро.
Се слушнавме уште 2-3 пати после тоа и таа беше ладна кон мене у стилот нема потреба да ме бараш, зашто ми се јавуваш, не сме веќе у врска и после долги убедувања прифати да се видиме ама ми рече да немам лажна надеж зашто ова ќе било последен пат да се видиме...За 2-3 дена треба да се видиме, и навистина незнам што да правам, се ова е премногу за мене и незнам како ќе ги издржам тие моменти дур сме заедно...Треба ли уште еднаш да пробам да ја разубедам дека прави голема грешка или што ми останува да направам?