Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Сите ли жени се вакви? :cautious:
Не само жените, и мажите се такви... така да, не го бива да генерализираш, барем не според пол.

Можиш да речиш, сите шо незнат шо сакат во животот, и трчкат по “провизорно подобра“ прилика, се такви. Колку случаи има кај шо машкото ја шутира девојката, за друга...
 
Член од
5 септември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
21
Вака сеа, да објаснам прво дека не сум копиљ како што некој овде на форумов ме мисли, доволно сум возрасен и имам искуства со девојки, само што ова е тотално нешто необјасниво и збунувачки за мене, едноставно сум вчудоневиден...
Дека ме сакала премногу јас можам рацете у оган да ги ставам, зашто не само што сум се чувствувал сакано него и има направено некои работи што не сум ни верувал дека ќе ги направи за мене, затоа сега ми е толку чудна оваа ситуација да буквално ме предаде на најлош можен начин личноста што ја сакам дури и повеќе од себе!!!
Знам дека многу од вас мислат дека она си нашла друг или ме изневерила, јас неможам ништо со сигурност да тврдам ама познавајќи ја тоа е речиси невозможно, зашто сигурен сум дека ако имало такво нешто ќе ми кажеше, премногу искрена личност е...
Да, навистина е чудно баш кога сега требаше да ја надминеме последната пречка (она да се пресели у ск) ова да се случи, али последниот пат кога се видовме ми рече дека сака слобода и пауза (што не ми беше никако логично) и ми рече како помалце ме сакала него порано, за после тоа да се извини и да ми каже дека незнае што се случува со неа и дека тоа што го кажала не важи и премногу ме сака! После тоа се беше ок и наредните неколку дена кога се слушавме беше како ништо да не се случило се додека дојде денот да се договориме за одмор и ми каже дека не ме сака и тоа е нејзина конечна одлука, а откако јас и реков дека не е можно некој што премногу го сакаш наеднаш да го отсакаш и да ги изгубиш чувствата таа ми рече се е можно и дека така е најдобро за нас и да го прифатам фактот-што побрзо тоа подобро.
Се слушнавме уште 2-3 пати после тоа и таа беше ладна кон мене у стилот нема потреба да ме бараш, зашто ми се јавуваш, не сме веќе у врска и после долги убедувања прифати да се видиме ама ми рече да немам лажна надеж зашто ова ќе било последен пат да се видиме...За 2-3 дена треба да се видиме, и навистина незнам што да правам, се ова е премногу за мене и незнам како ќе ги издржам тие моменти дур сме заедно...Треба ли уште еднаш да пробам да ја разубедам дека прави голема грешка или што ми останува да направам?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.672
Поени од реакции
14.552
Епа извини, сам се негираш дека доволно си возрасен и после викаш дека ја сакаш повеќе од себе.

Не си возрасен со ова мислење, никој не вреди повеќе од самиот себе.

После НИЕДНО ЖЕНСКО не е премногу искрена личност, запамти. НИЕДНА (ако го прочита девојка ми ова кис4е, али такви сте)

П.С Не оди на тој последен состанок! Фрли 2 години, ама не оди. Остај ја да чека
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Останува да го пропуштиш последнио состанок.Нека дреми таму како гуска.Веќе те извисила што има да е молиш.Сеа си е сакал ете знам дека ти е тешко на сите ни било некогаш ... ама ... не вреди да се спушташ ниско и да молиш некого.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.672
Поени од реакции
14.552
Ако идеш kај неа, договори се на некое место, ама не оди. Уште подобро, ако доаѓа во Ск... не оди.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Вака сеа, да објаснам прво дека не сум копиљ како што некој овде на форумов ме мисли, доволно сум возрасен и имам искуства со девојки, само што ова е тотално нешто необјасниво и збунувачки за мене, едноставно сум вчудоневиден...
Дека ме сакала премногу јас можам рацете у оган да ги ставам, зашто не само што сум се чувствувал сакано него и има направено некои работи што не сум ни верувал дека ќе ги направи за мене, затоа сега ми е толку чудна оваа ситуација да буквално ме предаде на најлош можен начин личноста што ја сакам дури и повеќе од себе!!!
Знам дека многу од вас мислат дека она си нашла друг или ме изневерила, јас неможам ништо со сигурност да тврдам ама познавајќи ја тоа е речиси невозможно, зашто сигурен сум дека ако имало такво нешто ќе ми кажеше, премногу искрена личност е...
Да, навистина е чудно баш кога сега требаше да ја надминеме последната пречка (она да се пресели у ск) ова да се случи, али последниот пат кога се видовме ми рече дека сака слобода и пауза (што не ми беше никако логично) и ми рече како помалце ме сакала него порано, за после тоа да се извини и да ми каже дека незнае што се случува со неа и дека тоа што го кажала не важи и премногу ме сака! После тоа се беше ок и наредните неколку дена кога се слушавме беше како ништо да не се случило се додека дојде денот да се договориме за одмор и ми каже дека не ме сака и тоа е нејзина конечна одлука, а откако јас и реков дека не е можно некој што премногу го сакаш наеднаш да го отсакаш и да ги изгубиш чувствата таа ми рече се е можно и дека така е најдобро за нас и да го прифатам фактот-што побрзо тоа подобро.
Се слушнавме уште 2-3 пати после тоа и таа беше ладна кон мене у стилот нема потреба да ме бараш, зашто ми се јавуваш, не сме веќе у врска и после долги убедувања прифати да се видиме ама ми рече да немам лажна надеж зашто ова ќе било последен пат да се видиме...За 2-3 дена треба да се видиме, и навистина незнам што да правам, се ова е премногу за мене и незнам како ќе ги издржам тие моменти дур сме заедно...Треба ли уште еднаш да пробам да ја разубедам дека прави голема грешка или што ми останува да направам?
Болдот се ти кажува само што не сакаш да прочиташ.


Te сакаЛА можеби пријателе, но не и повеќе, барем не во доза која ти ја посакуваш. Колку поголеми очекувања имаш, толку поголема нервоза околу истите во случај на нивно неисполнување.Ако си зацртал дека таа се погодила и дека таа ќе биде жената на твојот живот, тогаш неубо си сторил. Љубовта ти иди како несогласување меѓу двајца кои решиле да останат заедно и покрај истото, оти некоја друга работа му е посилна од тоа несогласувањето.

Ти не можеш да се помириш со болдираното. Таа веројатно е помала, па и збрчиле мушичките в глава, ја посакала слободата која веројатно ти прекарувала дека ти и си ја одзел и ограничил, па така сега планира да го проживее животот, без тебе. Нешто како пијаниците кои вкусиле малку алкохол за да се кефнат, но им се отворила дизната за уште поголеми количини, па првата голта не им значи понатаму ништо. Е сега неа и се отворила дизната за нови искуства. Во нив не си ти. Педерски е, скроз е педерски, но никако не очајувај и не се обесхрабрувај. Животот продолжува, нови женски идат, со нив не ги прави некои грешки кои претходно си ги направил, и не поставувај огромни очекувања од самиот старт. По ова што прочитав од тебе те сметам за добро чоече, искрено кое знае да искажува почит, наспроти секојдневниве батаци кои со чотек клецкаат.

За последното прашање дали треб ада ја разубедиш, ако мислиш обиди се. Но знајш што ќе се случи? Ако ти се нафати да се продолжи, прво заминување Скопје ќе ти акни клоците, но тогаш мислам дека поболно ќе ти дојди. Мораш да го издржиш ваквото созревање на машки начин, биди си ладнокрвен, самоуверен, посакај и се најдобро понтаму во животот и не ја моли ништо. Нека сиби мајката до Скопје и назад. Не можеш ти со сила да натераш некој недосозреан во секунда да порасни и да ја сфати тежината на некои работи. Куртули се и терај со животот. Има радост на овој свет и за тебе, абсорбирај ја и ич да не ти чуе. Најди нова женска, засакај си ја и после прекарувај си се иронично самиот себеси- Колку сум бил загулен кога се нервирав за мочлана :)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
He'll go for sure:icon_lol: неможете да го разубедите, психата е појака од се. Неможе он да го дочека моментот. Лесно е да се каже а тешко да се направи тоа у пракса. Најпаметно и таа да не биде гуска и да почне да го игнорира скроз за овој да ја заборави засекогаш. Пошто таа додека го влечка за нос тој ќе нема мир. А вака без комуникација за месец два ќе му помине.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Вака сеа, да објаснам прво дека не сум копиљ како што некој овде на форумов ме мисли, доволно сум возрасен и имам искуства со девојки, само што ова е тотално нешто необјасниво и збунувачки за мене, едноставно сум вчудоневиден...
Дека ме сакала премногу јас можам рацете у оган да ги ставам, зашто не само што сум се чувствувал сакано него и има направено некои работи што не сум ни верувал дека ќе ги направи за мене, затоа сега ми е толку чудна оваа ситуација да буквално ме предаде на најлош можен начин личноста што ја сакам дури и повеќе од себе!!!
Знам дека многу од вас мислат дека она си нашла друг или ме изневерила, јас неможам ништо со сигурност да тврдам ама познавајќи ја тоа е речиси невозможно, зашто сигурен сум дека ако имало такво нешто ќе ми кажеше, премногу искрена личност е...
Да, навистина е чудно баш кога сега требаше да ја надминеме последната пречка (она да се пресели у ск) ова да се случи, али последниот пат кога се видовме ми рече дека сака слобода и пауза (што не ми беше никако логично) и ми рече како помалце ме сакала него порано, за после тоа да се извини и да ми каже дека незнае што се случува со неа и дека тоа што го кажала не важи и премногу ме сака! После тоа се беше ок и наредните неколку дена кога се слушавме беше како ништо да не се случило се додека дојде денот да се договориме за одмор и ми каже дека не ме сака и тоа е нејзина конечна одлука, а откако јас и реков дека не е можно некој што премногу го сакаш наеднаш да го отсакаш и да ги изгубиш чувствата таа ми рече се е можно и дека така е најдобро за нас и да го прифатам фактот-што побрзо тоа подобро.
Се слушнавме уште 2-3 пати после тоа и таа беше ладна кон мене у стилот нема потреба да ме бараш, зашто ми се јавуваш, не сме веќе у врска и после долги убедувања прифати да се видиме ама ми рече да немам лажна надеж зашто ова ќе било последен пат да се видиме...За 2-3 дена треба да се видиме, и навистина незнам што да правам, се ова е премногу за мене и незнам како ќе ги издржам тие моменти дур сме заедно...Треба ли уште еднаш да пробам да ја разубедам дека прави голема грешка или што ми останува да направам?

Закривено: Дали мислиш дека *само* за тебе ги направила? Или има шанси да ги направила и за некој друг пред тебе? Или покрај тебе?

Потцртано: Дали, ако имало такво нешто, ќе ѝ кажела и на другата личност, т.е. дека имала нешто и со тебе?

Задебелено: Немој да се зачудиш ако денот кога треба да се видите таа е некаде на гости или си ја мие косата или слично. Со други зборови, сосема е можно да не дојде да се видите, ако не ѝ одговара.
Понатаму, како знаеш дека прави голема грешка? Знаеш ли кои ѝ се плановите во животот, што сака, со кого, како итн? Зошто мислиш дека си повикан да кажуваш што е најдобро за неа, особено кога таа вели дека веќе не си?


Велиш имаш искуства со девојки... Си ги сакал ли како оваа? Ако не, си немал искуства со девојки, барем не како со оваа. Оваа си ја сакал длабоко, со целото свое битие, си ѝ се дал целосно и сè си спремен да направиш за неа, т.е. ти така велиш. Ако е така, тоа „сè“ вклучува и дека треба да ја оставиш. И тоа е она што таа го бара од тебе. Ете, и нејзе ѝ е потребно тоа искуство, за да биде целосна личност - да знае да остави некого кого многу го сака(ла). Јасно ѝ е дека тоа мора да го направи и го прави. Сега редот е и на тебе.


Сите од нас умираат. Тоа значи - сите го оставаме овој свет, заедно со луѓето што ги сакаме во него. Мора да знаеш како е да оставиш некого што те сака, зашто тоа *ќе* го направиш, во најдобар случај после 50-60-70 години поминати заедно. Затоа, на ова што ти се случува гледај како на нужна последица од тоа што сите сме луѓе и сите ќе оставиме некого зад нас. Нејзе тоа ѝ е јасно и го прави тој чекор сега, за да биде спремна тоа да го стори и на старост, кога ќе умре. Да, те искористила на тој начин. Но не можеш да ја обвинуваш - ако е така, треба да го обвиниш целиот човечки род зашто е таков каков што е, несовршен и си предизвикува страдање самиот на себе.


Мислам дека воопшто не треба да одиш на таа ваша средба. Супер е што си успеал да ја наговориш, зашто сега и ти ќе имаш можност да ја оставиш неа. Затоа, јави ѝ се и кажи ѝ дека разбираш зошто мора се разделите и дека ја почитуваш нејзината одлука, заблагодари ѝ се за сè што направила за тебе и кажи ѝ пријатен живот, чао-пријатно.



Со лесно.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Дека ме сакала премногу јас можам рацете у оган да ги ставам, зашто не само што сум се чувствувал сакано него и има направено некои работи што не сум ни верувал дека ќе ги направи за мене, затоа сега ми е толку чудна оваа ситуација да буквално ме предаде на најлош можен начин личноста што ја сакам дури и повеќе од себе!!!
Знам дека многу од вас мислат дека она си нашла друг или ме изневерила, јас неможам ништо со сигурност да тврдам ама познавајќи ја тоа е речиси невозможно, зашто сигурен сум дека ако имало такво нешто ќе ми кажеше, премногу искрена личност е...
Пријателе, за овој дел, поготово за болдираниот дел не можеш никогаш да бидеш толку сигурен. Никогаш. Каква и да е, што и да прави... никогаш. Затоа толку многу луѓе се горат, ставаат раце во оган, несвесни дека тоа го прават токму за таа што додава гориво у огинот. И совет плус, немој веќе да ја прашуваш зашто ти раскинува. Чим досега не ти кажала точно и убаво зашто, нема ни да ти каже. Може ќе ти изврти триста приказни све дур не ја погоди таа со која ќе бидеш задоволен за да си продолжиш понатаму, а веруј ми, тоа лесно може да го направи пошто она очајно може да ја бара таа приказна, а ти очајно сакаш да ја слушнеш, иако не е вистинската. Вистинската можеби ќе ја дознаеш по месец, два, три, година, две, а можеби и никогаш. Тоа е тоа.

И да, и јас истото ќе ти го препорачам: Не иди на тоа последно гледање, поготово чим ти истакнала дека ќе биде последно. Сепак сум 100% сигурен дека нема да ме послушаш бидејќи во човековата природа е да се држиме за последното гранче надеж. Сепак мое е да кажам, твое е да делуваш. Со среќа :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Јас пак сум сигурна дека ќе оди и ќе моли.

Ти мислиш дека те сака, таа ти рекла дека веќе не те сака. Крај на приказната.
Не можеш ти за неа да кажеш дека прави грешка, ако не и е убаво со тебе, има секакво право да си ја бара среќата на друго место.

Поштеди си се од понатамошни мизерии. И да се смирите некако, ако имаш бар малце искреност кон сам себе, ич нема да ти биде убаво во врската оти длабоко ќе знаеш дека кај неа чувствата се промениле.

Јас раскинав врска од 2 години и некој месец пред три дена. Имавме раскинато порано, за по некое време пак да пробаме. Секој втор ден се прашував дали ме сака ко порано, зошто не прави ова, зошто не прави она. Да направам една споредба какви бевме на почеток и какви бевме сега, има милионски години разлика. Си ја гледаш врската како ти се лизга од раце, и си викаш ајде може ќе се поправи, ваљда ќе се смени нешто. Нема да се смени, емоциите си доаѓаат и си одат.
И не сум депримирана, тешко ми е, али кога нешто не оди, не оди.
Можеби дека крајот одамна го очекував, но не верував дека ќе го ставам.
Кај тебе дошло ко шок, затоа ти е ова неверување.

Ако сакаш да се задоволуваш со трошки љубов, повели. Отиди и моли ја за уште малце, па за уште малце и се така. Не за џабе викаат кога нешто ќе се скрши, се фрла, не се лепи.
Она те фрлила, фрли ја и ти. (y)
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Вака сеа, да објаснам прво дека не сум копиљ како што некој овде на форумов ме мисли, доволно сум возрасен и имам искуства со девојки, само што ова е тотално нешто необјасниво и збунувачки за мене, едноставно сум вчудоневиден...
Дека ме сакала премногу јас можам рацете у оган да ги ставам, зашто не само што сум се чувствувал сакано него и има направено некои работи што не сум ни верувал дека ќе ги направи за мене, затоа сега ми е толку чудна оваа ситуација да буквално ме предаде на најлош можен начин личноста што ја сакам дури и повеќе од себе!!!
Знам дека многу од вас мислат дека она си нашла друг или ме изневерила, јас неможам ништо со сигурност да тврдам ама познавајќи ја тоа е речиси невозможно, зашто сигурен сум дека ако имало такво нешто ќе ми кажеше, премногу искрена личност е...
Да, навистина е чудно баш кога сега требаше да ја надминеме последната пречка (она да се пресели у ск) ова да се случи, али последниот пат кога се видовме ми рече дека сака слобода и пауза (што не ми беше никако логично) и ми рече како помалце ме сакала него порано, за после тоа да се извини и да ми каже дека незнае што се случува со неа и дека тоа што го кажала не важи и премногу ме сака! После тоа се беше ок и наредните неколку дена кога се слушавме беше како ништо да не се случило се додека дојде денот да се договориме за одмор и ми каже дека не ме сака и тоа е нејзина конечна одлука, а откако јас и реков дека не е можно некој што премногу го сакаш наеднаш да го отсакаш и да ги изгубиш чувствата таа ми рече се е можно и дека така е најдобро за нас и да го прифатам фактот-што побрзо тоа подобро.
Се слушнавме уште 2-3 пати после тоа и таа беше ладна кон мене у стилот нема потреба да ме бараш, зашто ми се јавуваш, не сме веќе у врска и после долги убедувања прифати да се видиме ама ми рече да немам лажна надеж зашто ова ќе било последен пат да се видиме...За 2-3 дена треба да се видиме, и навистина незнам што да правам, се ова е премногу за мене и незнам како ќе ги издржам тие моменти дур сме заедно...Треба ли уште еднаш да пробам да ја разубедам дека прави голема грешка или што ми останува да направам?
Значи те сакала и цврсто си го осетил тоа, во периодот од 2 години и било убаво со тебе. Тука сепак игра улога колку чести биле вашите средби, оддалеченоста и разликата во години т.е различна фреквенција, ама тоа ти си знаеш. Ако викаш дека требало да се пресели во Скопје, претпоставувам на факултет, па оттука следува еуфорија од тоа што го нуди студентскиот живот, слобода, нови искуства итн ствари шо се родиле во нејзината глава. Е сега, сето тоа тие чудно пошто ти се десило наеднаш, не си приметил некои работи, или таа успевала да ги прикрие, сеедно.

Според вториот болд/андерлајн, мене ми звучи дека се појавил некој највероватно од нејзиното место, што е можно да го посакувала порано, па улетал сега колку да и ги помати чувствата. Се десило нешто меѓу нив или биле у почетна фаза, тоа е највероватното сценарио за да ти каже дека сака слобода и пауза и дека помалце те сака од порано. Те сакала помалце од порано бе... o_O

Од кога не излегло како што очекувала со дотичниот/се дистанцирал, или барем и поминала еуфоријата следува извинување, не знае што се случува со неа (измешани чувства), па се вади дека не важело и те сакала премногу...:unsure:

Не ми е јасно само зошто не си ја прашал директно за тоа, барем ќе знаеш што е причината, и едноставно ќе си заминеш колку и да ти биде тешко...кога веќе нели била искрена девојка. Тоа е мое мислење, врската на далечина ви била изложена на напади на кои ти не си можел да одговориш соодветно, заиграле мушичките во глава и за твоја несреќа паднала на блефот. Ти посакувам брзо закрепнување.
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Стави се на нејзино место.Значи ти си ги изговорил зборовите "не те сакам повеќе" и "Дојди да се видиме за последен пат". И ?Jas сум со останатите-Не оди.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За денешните женски ние машките сме статистика ! Во секој момент можи да фати некој друг,а машко треба да се изоперит за да фати друга!Многу финансии гнјавенје извесен перјод дур ја убедиш да излезите и ред други гнјаважи.Ич да не се чудиш не ти се дешавет само тебе вакви работи,а то искрена чуствителна било само добра маска ништо друго.
Многу бе патетични станавте, јас незнам како ќе продолжите во животов со овие размислувања. Човек да земе пакетче паломи и да ви плаче врз машкава судбина. Вие кутрите цвеќиња за мирисање, мирни, паметни, културни, вљубени, верни. Прави ангели.

Дечко прифати ја искреноста на девојката, не те сака, завршила љубовта. И цел форум да ти вика да не одиш на последниот состанок ќе отидеш. Иди и во очите нејзини види го крајот. Може така ќе се помириш со судбината. Колку повеќе ќе ја молиш, толку повеќе ќе и згади од тебе. Иди види сам, дека не те сака повеќе.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дечко прифати ја искреноста на девојката, не те сака, завршила љубовта. И цел форум да ти вика да не одиш на последниот состанок ќе отидеш. Иди и во очите нејзини види го крајот. Може така ќе се помириш со судбината. Колку повеќе ќе ја молиш, толку повеќе ќе и згади од тебе. Иди види сам, дека не те сака повеќе.
Оти имам чувство дека ќе му фати кривина и дека ќе го остај со прсто в уста да си плачи сам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom