Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Има карти уште? Јас скроз изумив дека уствари утакмицава се игра тука кај нас :unsure:
 
Ќе има ли пренос на Сител или на МТВ ?
 
На канал 5 ке има

Шо телевизии се овоа бе, способни само за турски серии да даваат.... На сајтон ништо немаат објавено, битно на цеца бањарката и паднала или на бате онур мустаќите мрсни му биле, ебате телевизиите.....
 
Znae nekoj dali ima ostanato karti za natp. so Litvanija, i ako ima koja cena se spored blokovite na sedenje? :)
 
Има уште карти?





Не дека сакам да купам, туку да се пофалам дека имам :D

Очекувам театарска атмосфера од публиката (освен ептен ако не биде изедначена играта и ако има искри на теренот), како и на секој максимално изрекламиран натпревар, со префорсирано пуштање на „Излези момче...“ на звучниците. Сепак, разбирам дека никој не сака да го пропушти единствениот натпревар пред домашна публика пред заминувањето на ЕП. Се надевам дека ќе видиме доста атракции од Бо и по некое забивање на Антиќ :)

Значи Гече сигурно ќе биде во составот и за овој натпревар? Супер, баш ме интересира како ќе изигра. Мислам дека премногу луѓе имаат некој страв дека тотално ја загубил формата за време на паузата, ама јас имам впечаток дека е сосема спротивно. Ако игра, ќе видиме во сабота :)
 
Гечевски и една година да не тренира, пак ке си биде истиот. Не е играч што се потпира на физикусот, туку на вештини. Единствено во одбрана може да биде слаба точка, ама па, он никогаш не ни бил некојси сјајен одбранбен играч. :)
 
Значи Гече сигурно ќе биде во составот и за овој натпревар? Супер, баш ме интересира како ќе изигра. Мислам дека премногу луѓе имаат некој страв дека тотално ја загубил формата за време на паузата, ама јас имам впечаток дека е сосема спротивно. Ако игра, ќе видиме во сабота :)


Не верувам дека ќе го стават во игра со само неколку дена тренирање. Јас не би го ставил да игра на оваа утакмица.
 
Па никој не треба да очекува од мечов со Литванија чуда во смисла на резултатот и играта... Во сред припреми Пипан си ја бара играта, ќе ротира играчи, и битно е сите да бидат здрави да нема повреди... Затоа на овие мечеви нема залетување. Е сега атмосферата што се прави е нормална за нашето поднебје. Апа па поискусни се овојпат сигурно ќе успеат да избалансираат, туку најбитно формата да им биде таман за од четврти натаму.
 
Викаат дека и на вратите пред натпреварот ке има карти,е сега колку е сигурно тоа не знам:)И ја уште немам земено...
 
Многу би сакал Ѓуроски да влета наместо Соколов во потесниот состав за претстојново ЕП. Соколов е тотално непотребен, а Ѓуроски може да изненади. Убаво е малку свежа крв да се внесе, да не биде скроз закржлавен тимот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom