Законот на Телема

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Прв болд. Непостојат "непријатни коментари", постојат само коментари засновани на стереотипи (како оние дека О.Т.О е секта во која членовите трчале голи по манастири и кршеле нозе на тинејџери. Или оние дека телемитите пиеле крв од мачки и имале оргии на гробишта) кои се кажани во одредена насока, најчесто со провокативна и злонамернa.
Втор болд. Темата не е отворена од телемит, си пишува кој ја отворил.
Трет болд. Желбите и љубопитноста се за оние што собираат "овци" и се трудат да се претстават како овчари, за нив може да биде неуспех бројноста на нивното стадо, не за нас.

1. Нешто, кое ти ќе го наречеш стереотип, не станува навистина стереотип, ако го повторуваш тоа.
Само се убедуваш себе си, во исправноста на твојата одлука и си ја смируваш совеста дека другиот нема аргументи и се размавтува со стереотипи.

Согласно вашите ставови по ова прашање (ОТО и телема) не постои валиден аргумент кој ти би го прифатил, а истиот говори против твоите убедувања.
Дури и некој твој брат или бивш брат, да го каже тоа, ти веројатно ќе го окарактеризираш како неточност, бладање, љубомора, желба да ви се наштети итн...

Ваквиот пристап е многу сличен на верниците од монотеистичките религии (особено исламот), кои вие толку многу ги критикувате.

2. Небитно,кој ја отворил. Вие сте нејзини доаени и носители на истата.

3. Доколку целта не ви е зголемување на стадото, тогаш со која причина зборувате за вашите "тајни", а истите не ги споделувате, ниту пак таканаречените ритуали, туку велите - иницирај се и ќе дознаеш, односно дојди во стадото?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

1. Ако не е стереотип, каде се доказите за скршените нозе на тинејџерите, оргиите на гробиштата, жртвувањето на мачки, користењето на дрога и ред други бисери кои беа истресени на темава?
Демантирањето на глупост од таблоиди ти го рамниш со пристап на верници кои се спремни на пример да тврдат дека поимот "ова поколение" не се однесувал на одредена генерација, туку на челиот човечки род?! Критика е една работа, дискусија друга а провокација и злонамерност е сосема петнаеста.

2. Кога некого лично го прозиваш дека е должен да очекува таков третман затоа што тој отворил таква тема, неможеш потоа да кажеш - небитно е кој ја отворил.

3. Целта никогаш небила, ниту некогаш ќе биде бројност! Никогаш! Мал милион пати беше нагласено дека тие тајни не се како оние во секојдневието, дека тие се Знаење кое иницијантот треба да го достигне - да го осознае(открие), а не да го дознае во вид на информација од некого!

И со кое право ги окарактеризираш нашите ритуали како "таканаречени"? И како со однос како овој очекуваш почит од моја страна потоа?
Крив ви е некој трет што толку ви е капацитетот да сватите дека секој ритуал е симболика - хиероглиф? И дека без познавање на секој поим кој е споменат залудно е да се изведува?
 
1. За доказите обрати се во МВР. За лошиот глас што ве бие во однос на дрога, секс оргии на гробишта, заблагодарете им се на вашите браќа, кои се претставуваат како претставници на вашиот ред, откако ќе се најдат во небрано, после нечија пријава.

2. Не цепидлачи. Јасно е кој е носител на темава.

3. Ајде бе. Не била целта бројност? Ама добредоједни се нови браќа нели?
Ако сакаш да го споделиш твоето новостекнато знаење, од чисто филантропски причини, оти нели ако бројноста не ви е важна, тогаш пропагирањето на вашето учење е од чисто човекољубни побуди, тогаш ништо не ве спречува тоа да го направите преку телевизија на пример?

Со право кое ми го овозможува демократијата, ги нарекувам тие ритуали таканаречени, додека не се докаже спротивното.
Јас не очекувам почит од твоја страна. Откако успеа целата претходна дискусија да ја симнеш на лично ниво, ништо не очекувам.
Избегнувам да те цитирам, од претходно наведените причини.

Ти одговарам пред се ради култура, оти си ме цитирал.

Со кое право ти се дрзнуваш да го карактеризираш нечиј капацитет, само поради тоа што не се согласува со тебе?
Ќе ти повторам, имате еден куп начини, ако сакате тие ритуали да ги покажете на јавноста. Имате телевизија, излезете од вашата "тајновитост".
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. За доказите обрати се во МВР. За лошиот глас што ве бие во однос на дрога, секс оргии на гробишта, заблагодарете им се на вашите браќа, кои се претставуваат како претставници на вашиот ред, откако ќе се најдат во небрано, после нечија пријава.
Таму треба да се обрати и да ги докаже своите тврдења оној што обвинува, слободно може било кој да се јави во МВР и да провери дали имало било што од горенаведеното.
Со оглед на тоа што болдот е чиста клевета и лага, ќе морам да те третирам на начин на кој се третираат луѓето кои лажат - како лажов.
3. Ајде бе. Не била целта бројност? Ама добредоједни се нови браќа нели?
Ако сакаш да го споделиш твоето новостекнато знаење, од чисто филантропски причини, оти нели ако бројноста не ви е важна, тогаш пропагирањето на вашето учење е од чисто човекољубни побуди, тогаш ништо не ве спречува тоа да го направите преку телевизија на пример?
Да, ниту била, ниту ќе биде. А за тоа кој е добредојден а кој не, има кој да одлучува, без гајле.
Што се однесува до споделувањето на знаењето, сигурно и фудбалерите немаат потреба од тренинзи според твојава логика, зошто да тренираат? Нека си пуштат телевизија и нека учат!
Со право кое ми го овозможува демократијата, ги нарекувам тие ритуали таканаречени, додека не се докаже спротивното.
И според кои критериуми ќе решиме дали се или не "таканаречени"?
Со кое право ти се дрзнуваш да го карактеризираш нечиј капацитет, само поради тоа што не се согласува со тебе?
Ќе ти повторам, имате еден куп начини, ако сакате тие ритуали да ги покажете на јавноста. Имате телевизија, излезете од вашата "тајновитост".
Не е во прашање согласување или не, туку класична злонамерност и провокација. Кога едната страна нема никакво познавање, одговорт од другата страна неможе да биде предмет на согласување или не.
Праксата си има своја интерна намена која се однесувана иницијантите, причините за тоа ги наведов погоре.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Таму треба да се обрати и да ги докаже своите тврдења оној што обвинува, слободно може било кој да се јави во МВР и да провери дали имало било што од горенаведеното.
Со оглед на тоа што болдот е чиста клевета и лага, ќе морам да те третирам на начин на кој се третираат луѓето кои лажат - како лажов.

Да, ниту била, ниту ќе биде. А за тоа кој е добредојден а кој не, има кој да одлучува, без гајле.
Што се однесува до споделувањето на знаењето, сигурно и фудбалерите немаат потреба од тренинзи според твојава логика, зошто да тренираат? Нека си пуштат телевизија и нека учат!

И според кои критериуми ќе решиме дали се или не "таканаречени"?

Не е во прашање согласување или не, туку класична злонамерност и провокација. Кога едната страна нема никакво познавање, одговорт од другата страна неможе да биде предмет на согласување или не.
Праксата си има своја интерна намена која се однесувана иницијантите, причините за тоа ги наведов погоре.

Ипси абе најарно да не дискутираш со мене на оваа тема.

Во состојба си да згазиш се, само да го девалвираш ставот на соговорникот, кој е спротивен на твојот, и не се согласува дека ОТО и телемета се "ваууууууууу, супер, еј како не сме знаеле за неа до сега, и слично".
Барем јас те доживувам како таков на темава, и не ме бендисува тоа.

Каква злонамерност бе црни Ипси:facepalm:

Зашто мислиш дека некој нема друга работа, па тебе зло ќе ти мисли.
Не е се завера против тебе, ОТО и телемата. Аман.

Деловите од ЛИбер Ал Вегис што ги постирате, наликуваат како исламскине памфлети, и цитатите на СПирос од библијата.
Јас така ги гледам и пишав во таа насока.

Да, не го обичам ОТО и телемата, или со други зборови, ако некој ме праша, дали да станам телемит, мојот одговор ќе биде НЕ.

Е тоа е тоа бе Ипси. Ништо заткулисно, ништо страно, ништо злонамерно кон тебе.

Моите скромни искуства со припадници од вашиот ред (ете не велам секта, да не се налутите) допринеле да не го симпатишам како групација, а како учење уште помалку, оти се темели на ликови кои не ја заслужуваат таа почит , во моите очи.

И поради тоа, со моите постови, се обидувам да укажам и на другата страна од паричката.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Со ова ти потврди дека навистина немаш поима од темава, не пак јас да очекувам нешто во врска со тебе :D

Ех, ете Ipsissimus одговорил...
Гледаш како ти всушност врска немаш ни со Телемата тука на форумов(а ја листаш темава 2 години веќе со чудни коментари), не пак нешто да си истражувал ти... и како твоите коментари тука да ги гледам? Ти поеќе се заморуваш ете со мене... како „учител“ (а никаде не сум рекол дека јас сум учител, ниту сум се наметнувал како таков во врска со Телемата.) и како сум сакал да иницирам љубопитност(пу пу пу) - отколку со тематиката која ете коментираш... А има и книги на македонски веќе... лесно да дојдеш во контакт и да видиш дали ова Е за тебе или НЕ Е за тебе. Не можам јас насила да иницирам ништо!
Јас немам желба да иницирам љубопитност кај секој! Што ќе ти е „секој“?

Кој треба - ќе има љубопитност, и истрајност, и желба за работа... Тој што може - ќе има љубопитност да истражува, да има пракса, да бара иницијации (што е најбитно)!

П.С.
Претпочитам поеќе колега-колега релација отколку како што велиш ти „учител“-„ученик“ релација! :D Така гледаме ние во О.Т.О. ! :love:
 
Полека бе Хепта, не скокај веднаш ко попарен.

Со тоа што ќе кажеш дека немам врска со телемата и не сум истражувал со неа, воопшто не ги демантираш моите размислувања, дури напротив.

Повторно книги за мене на македонски, за да видам дали е за мене или не:P

Добар си Хепта, добар си ;)

Ништо бе батка, не објаснил твојот брат Ипсисимус.
Само наведува теории на заговор и како некој злонамерно го провоцира.

За болдот - А тој што нема желба, или пак има спротивни ставови од вас, претпоставувам не смее да пишува на темава:P. Нели?
--- надополнето: 13 август 2013 во 10:23 ---
Хептаграм XI моето скромно обраќање кон тебе започна со овој пост.

Со сета почит Хептаграм, ама што мислиш, како делува овој извадок?

Со што се разликува од цитираното Битие, од Библијата или пак од некој "научен" курански ајет?

Уште повеќе црвениот болд?

Дали е Пандора, Нефертити, Ева, Лилит, Марија, Роуз.....митологијата се повторува во различно пакување.

Си дадов свое размислување за вашите расфрлања со извадоци од книгата која многу ја цените:)

Вие веднаш се нафрливте, небаре човек сака да ве отепа.

Чуден пристап Хепта, чуден.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Како да не ти се нафрлам? :) Христијаните на лавовите! Не се сеќаваш? :D

Не скокам, ти се чудам на умот само :) Сакаш да коментираш и јас да си молчам? Да не те демантирам? Тоа бараш море батка? Е го погоди човекот!
И ти не коментираш, прашуваш за прашање кое треба сам да си го одговориш - и за кое имаш одговор по прашањето кое го постави... мене ме прашуваш за твоите дилеми! Има логика? Сработи си го домашното и ќе добиеш одговор што е исто што е различно и до каде!

Чуден да, замисли па да сакаше навистина да не натепаш што ќе беше
Батка, со Ипси тоа се муабетете, мое мислење е дека добро ти одговори

Како не те демантирам? Да ги сметам за валидни твоите муабети тука кој си неук за темава? Ало, ТЕЛЕМА! Сработи! Размисли! Надмини! Коментирај како ти е волја! Ало!
Абе ќе те учам сега како што кога кому? Не зезај!

Ти не ме читаш - секој може да има ставови тука - форум е... Какви се имаат ставови - ако се заморувавме... кај ќе беше крајот.
После твојот став кога ќе те праша некој што ти батка имаш сработено од темава, освен тука на форум што имаш читнато и 3-4 есеи по нет, за да ти ги сметаме валидни коментарите, што ќе речеш ти батка?
Батка, тоа нема врска, јас сепак имам свој став - не ме интересира Телема, магика, јога, О.Т.О. - ама јас имам негативен став за тоа! :D
Абе ајде, чуден пристап, чуден :)

Гледаш како може да коментираш - не гледам дека ти е избришан пост, не гледам дека ти е забрането да коментираш.Слободно коментирај... мое е како ќе ти одговорам и дали :)
Муабетот беше за твојот коментар како јас сакам да „иницирам“ поголема заинтересираност и како сум „учител“ тука. Заинтересираност има, огромна откако почнав да постојам тука, на форумов + блогот... дури и ти си заинтересиран иако имаш негативен став - нормално, те разбирам.

За џабе се жалиш, кога секогаш ти пишувам и си муабетам со тебе.

И што ви е тоа: дури напротив... што дури напротив. Ти кој што немаш врска со темава иако еве кисниш по неа, велиш исти сте како овој или оној - те прашувам од каде тоа кога не си ништо чепнал од она што е зборувано тука, ти ми велиш тоа нема врска, не ме демантираш - НАПРОТИВ!

Абе Доналд, чуден пристам море :)
Секој месец имаш период кога доаѓаш и се испукаш тука со 6-7 поста и те снемува... зависи како изглеа те изнервира некој мој пост или на ипси на дурги теми, по се изгледа.

Ајде, терај си патот - си кажа своето, јас моето - секој по својот пат :D
 
Мислам дека и вие го погодивте човекот, со вашиот начин на демантирање:P

Да расчистиме нешто - немам потреба да сработувам нешто, што однапред знам дека не ми носи добро у животот:)

Коментирам претежно на вашиот пристап за пропагирање на телемата.

Ти даде цитати од Книгата на законоти на крај заклучок дека учењето дошло преку скарлетната жена на Кроули:cool:

Најпрво ме изнасмеа сето тоа, и во тој правец го искоментирав твојот пост.

Арно ама , ти почна да се браниш, а потоа и братот Ипси се вклучи во одбрана на светото ваше учење и омаловажување на мојата персона по ова прашање.

Мораш да разбереш дека тоа што ти го нудиш тука, и телемата воопшто, не е ништо поразлично од религиите против кои толку зборувате.
Така изгледа тоа во моите очи, и не само во моите. Тоа што некои не ви пишуваат, не значи дека се слагаат со вас.

Чуден да, замисли па да сакаше навистина да не натепаш што ќе беше
Батка, со Ипси тоа се муабетете, мое мислење е дека добро ти одговори
Зашто бе Хепта би ве тепал некој? Има ли потреба?
Муабетите такви сам си ги наоправи Ипси, а гледам дека и ти не си многу далеку од тоа.

На спортскиот терен (фудбал, баскет) се пцуеме, партал се праиме со другарите, но после завршување сите пиеме пиво, односно се друго останува зад нас, на теренот, во духот на борбата.

Кога ќе научите да ја разграничите виртуелната реалност и дискусија, макар е тоа и провокација од ваша гледна точка, од реалноста, тогаш ќе можете да одговарате и на несоодветни прашања, без да ги упатувате соговорниците надвор од темава.

Како не те демантирам? Да ги сметам за валидни твоите муабети тука кој си неук за темава? Ало, ТЕЛЕМА! Сработи! Размисли! Надмини! Коментирај како ти е волја! Ало!
Абе ќе те учам сега како што кога кому? Не зезај!
Извини батка, ама нема да трошам време да сработувам телема. Доволно е да знам што нуди, каков е вашиот ред организиран финансиски и концептуално, за да заклучам дека не треба да сум дел од сето тоа.

Во претходната дискусија ако се сеќаваш одби да одговриш на многу прашања за поставеноста на редот, финансиската конструкција и законските регулативи.
Јас тоа го испочитував и не продолжив понатаму, бидејќи не чувствувам потреба нели.

Ти не ме читаш - секој може да има ставови тука - форум е... Какви се имаат ставови - ако се заморувавме... кај ќе беше крајот.
После твојот став кога ќе те праша некој што ти батка имаш сработено од темава, освен тука на форум што имаш читнато и 3-4 есеи по нет, за да ти ги сметаме валидни коментарите, што ќе речеш ти батка?
Батка, тоа нема врска, јас сепак имам свој став - не ме интересира Телема, магика, јога, О.Т.О. - ама јас имам негативен став за тоа! :D
Абе ајде, чуден пристап, чуден :)
Ти објаснив погоре за мојот став, во однос на вашиот ред и членувањето во него.

Гледаш како може да коментираш - не гледам дека ти е избришан пост, не гледам дека ти е забрането да коментираш.Слободно коментирај... мое е како ќе ти одговорам и дали :)
Муабетот беше за твојот коментар како јас сакам да „иницирам“ поголема заинтересираност и како сум „учител“ тука. Заинтересираност има, огромна откако почнав да постојам тука, на форумов + блогот... дури и ти си заинтересиран иако имаш негативен став - нормално, те разбирам.

За џабе се жалиш, кога секогаш ти пишувам и си муабетам со тебе.
Не велам дека имам официјална забрана, туку нелагодност од ваша страна да одговарате и на незгодни прашања, со кои сте се сретнале сигурно и друг пат.

Убаво е ако имаш заинтересирани. Со среќа нека ти е. Секоја нова чланарина го зајакнува редот:P

И што ви е тоа: дури напротив... што дури напротив. Ти кој што немаш врска со темава иако еве кисниш по неа, велиш исти сте како овој или оној - те прашувам од каде тоа кога не си ништо чепнал од она што е зборувано тука, ти ми велиш тоа нема врска, не ме демантираш - НАПРОТИВ!

Абе Доналд, чуден пристам море :)
Секој месец имаш период кога доаѓаш и се испукаш тука со 6-7 поста и те снемува... зависи како изглеа те изнервира некој мој пост или на ипси на дурги теми, по се изгледа.

Ајде, терај си патот - си кажа своето, јас моето - секој по својот пат :D
Сега киснам на темава или двапати сум дошол по 6-7 поста?

Хепта едноставно е прашањево - дали ти смета моето негативно размислување за редот ОТО и неговото учење телема, и зошто?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Мислам дека и вие го погодивте човекот, со вашиот начин на демантирање:P

Да расчистиме нешто - немам потреба да сработувам нешто, што однапред знам дека не ми носи добро у животот:)
Коментирам претежно на вашиот пристап за пропагирање на телемата.
Ти даде цитати од Книгата на законоти на крај заклучок дека учењето дошло преку скарлетната жена на Кроули:cool:
Не ми смета ништо што доаѓа од тебе :)

Ако мислиш дека Телемата не е за тебе и Редот - во ред, ти секако најдобро си знаеш за себе си. Нема да дискутираме за тоа што тебе ти лежи и каде се пронаоѓаш... :)
Јас темава ја гледам за споделување на инфо од телемит за други, кои ги интересира Телема и им е блиска... Нема проблем и за такви ко тебе кои не им чини и се против тоа...
Повели биди против...

Ај да прашам: кое учење дошло преку жена му на Кроули?
Како го разбра ти тоа? Може објаснување?

И јас одговарам кому сакам, како сакам, немам никаква обврска да се заморувам со прашања (демек незгодни) од луѓе кои не ги интересира Телемата и Редот и не се запознале со многу работи, и прашуваат веќе одговорени прашања ...

Ама нема да добиеш такви одговори од мене, за внатрешното уредување на Редот. Па имаме јавни документи, официјални. Да ти ги прераскажувам сакаш?

Глупости... прашал тој за финансиите во Редот... :D До тоа ти дојде баш што е во врска со Телема и О.Т.О. , за парите :D Материјалист!
Парите доаѓаат и си одат! Ако некогаш ја беше прочитал ти статијата за иницијациите и трошоците ќе видеше дека во Р.М. чланарината годишно е 15% од светското ниво!
Може да ми пресметаш 15% од 36$ на пример? :)
Редот ако се надеваше на парите од чланарини... ехеее :) Заминавме сите под ледот! Парите се небитни! Реков - доаѓаат секогаш и си одат секогаш!
Затоа намалете со тоа како Редот „пари собира“ и слични без веза глупости...
Веднаш преминувам во воен мод заради вакви глупости пишување....

И да, не се лигавам за да некому му се допаднам или да му се допадне Телемата и Редот. Може да не ти се допаѓа мојот пристап и да не поднесуваш Телемити на пример и нивниот однос кон тебе и другите тука - твое си е тоа. Јас сум ваков... има други кои се многу поразлични од мене.
Јас вака ја објаснувам Телемата! Ти смета? Ти се критикува? Повели батка, ти објаснувај, запоти си го газот и покажи ми како :) Не само „ви го критикувам зборувањето за Телемата и пристапот“. Немој и ти да ти смета всушност ние како зборуваме на другите теми, а тука не даваме „пиле да прелета“? Тоа да не е работата? Ако е тоа, еј извини :D

Значи ако сакаш одговори, прашувај убави прашања. Кои се убави? Јас ќе одлучам :D Секако прашањата не може да ги одговори некој надвор од Редот, нели ;)
 
Болдот е најбитен:), и ми се допаѓа што е така, бидејќи во спротивно би немало реципроцитет.

21 ве е, светот го движат парите.
Ти велиш дека не се парите во прв план за редот....хммммм.

Ќе го прифатам како такво, бидејќи во спротивно би дошле до ситуации, кои не би бил спремен јавно да ги споделиш на форум:)

Затоа нека биде - Редот ОТО не го интересираат парите, или не му се во прв план.:pipi:

Тогаш што е во прв план на редот ОТО, посебно на оние со повисоки степени?

Јас не велам дека не поднесувам телемити, туку не поднесувам одреден карактер и тип на луѓе. Впрочем како и секој човек.

Батали го учењето Хепта, барем со мене. Тоа е уште една бајка, налик Библијата, Куранот..., само спакувана малку поубаво.

1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”
7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.
8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.
9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.
10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.
.....

1. Had! The manifestation of Nuit.
2. The unveiling of the company of heaven.
3. Every man and every woman is a star.
4. Every number is infinite; there is no difference.
5. Help me, o warrior lord of Thebes, in my unveiling before the Children of men!
6. Be thou Hadit, my secret centre, my heart & my tongue!
7. Behold! it is revealed by Aiwass the minister of Hoor-paar-kraat.
8. The Khabs is in the Khu, not the Khu in the Khabs.
9. Worship then the Khabs, and behold my light shed over you!
10. Let my servants be few & secret: they shall rule the many & the known.
....

И двете се бајки.

Мухамед, пештера, 7 век, Габриел, ентитет - ангел, Алах - Бог, книга Куран

Роуз Кроули, хотелска соба во Египет, 20 век, Ајваз - ентитет, книга - Либер Ал Вегис.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси абе најарно да не дискутираш со мене на оваа тема.

Во состојба си да згазиш се, само да го девалвираш ставот на соговорникот, кој е спротивен на твојот, и не се согласува дека ОТО и телемета се "ваууууууууу, супер, еј како не сме знаеле за неа до сега, и слично".
Барем јас те доживувам како таков на темава, и не ме бендисува тоа.

Каква злонамерност бе црни Ипси:facepalm:

Зашто мислиш дека некој нема друга работа, па тебе зло ќе ти мисли.
Не е се завера против тебе, ОТО и телемата. Аман.
Што е најарно за мене, ти неможеш да знаеш и затоа поштеди ме од совети. Јас не девалвирам никого, демантирањето на идиоштини, глупости и невистини постирани од било чија страна, е тоа - демантирање, укажување дека нема врска со реалноста, дали ти ќе го сватиш тоа како атак кон себе или не, твое си е. Навистина незнам што очекуваш, кога ќе ќе постираш нешто кое нема врска со Редот да молчам и да не реагирам?! Или кога ќе донесеш заклучок кој едноставно не е точен, да се смешкам и да потврдувам?

Што се однесува до ставовите, далеку од тоа дека ги сметам за било каква завера, едноставно заклучокот во случаите со тебе и сличните соговорници како тебе е дека се дрзнувате да носите суд и оценки за тема која не ја познавате, притоа игнорирјајќи ги објаснувањата од наша страна. Такви примери имаше многу. Кога некој детално ќе објаснува - цитира извадоци, посочува одредена литература, а соговорникот како реакција на сето тоа ќе му каже дека ниту кликнал на линковите, ниту прочитал, ниту го интересирало, туку само тепал време, како треба тоа да се свати? Ако за тебе тоа не е елементарно непочитување на нечиј труд да ти објасни, тогаш проблемот треба да си го бараш во себе си. А што се однесува до изборот на прашањата конкретно кон мене, само ја потенцира злонамерноста и провокацијата на истите. Да прашаш јавно - на форум, некого што лично го познаваш дали трча гол по манастири, крши нозе на луѓе и пие крв од мачки е врв на сите можни навреди! И да биде иронијата поголема, ти мене ми велиш дека сум бил во состојба да згазам се, само за да го девалвирам ставот на соговорникот кој бил спротивен на мојот?! o_O

Дали за тебе е став тврдењето дека нема разлика помеѓу телемата и религиите, кога уште пред 4 месеци е објаснето тоа овде?
Дали е став упорното негирање и инаетење на објаснувањата од наша страна, кога е јасно дека ти како аутсајдер во оваа тематика неможе да имаш повеќе увид и знаење од нас?
Дали е став намерното наметнување слика за Редот како опасна и перверзна организација, заснована на шпекулации, невистини и генерализации произлезени од причини познати само на тебе?

Значи да сумирам, без разлика дали се работи за позитивно или негативно размислување, ако се темели на неинформираност, провокација и предрасуди, тогаш истото е погрешно.
Никој нема против од коментари и мислења, но треба да се има во обзир дека две различни мислења може да имаат еднаква валидност само и ако двете се засноваат на еднакво искуство, знаење и увид, што во оваа ситуација не е случај.

За крај ќе кажам само дека ако сакате конструктивен дијалог на темава, не се обидувајте да бидете поголеми телемити од нас.

93 93/93
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Liber Legis. Со L!
Закон нели!

Разликата е во тоа што јас нема да те убедувам дека „Книгата на Законот“ за тебе не треба да е бајка и да ти биде некаков кодекс на живеење и умирање. :)
Ако не можеш да се пронајдеш и да најдеш смисла во овој Закон - како да ти објаснам - барај друго! Нема да те задржувам ниту јас, ниту било кој друг на твојот пат.
Затоа не сме ние исти со христијаните (сите форми) и муслиманите!

И добро е што барем ја поврзуваш со Библијата и Коранот како свети книги... тука сме само 110 години, скоро... Бидејќи во истата книга која за тебе е бајка, се вели и ова:
„Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку;“ - Liber AL vel Legis, I:56

Јас реков: парите секогаш доаѓаат и секогаш си одат. Не реков ништо во врска за прв, втор или не знам кој план за О.Т.О.!

Јас воопшто не зборувам за Редот од внатре, не пак за повисоките степени. Во нашите книги (Libri) убави си пишува дека О.Т.О. се занимава со... Човекот.
Ако мислиш дека парите го вртат светот - лесно ќе се управува таков свет јас мислам!

Која е целта на О.Т.О. како Ред? Да го шири Законот на Телема на Земјата! И тука доаѓа прашањето што ли е тоа Телема и ете не во бесконечните дефиниции и книги кои вака или онака го врзуваат Законот со магика, нов еон, нова свесност на човекот, нови етички и морални вредности, нов однос на човекот во однос на другите, итн итн.
Зборот „ширење“ овде не значи иницирање куп луѓе - ами запознавање на луѓето со Законот (ете како јас што правам тука - создавам пријатели на Редот, но и такви кои се строго против) - па ако им е Волја - некои ќе побараат пристап - ако на некои не им е по Волја - ќе си заминат и мир со нив! Има и такви кои ќе се бунтуваат - иако не го разбирам тоа.

И еве, за да не испадне дека не сум ти одговорил на прашањето и да ме критикуваш како сум избегнал „зезнато“ прашање, повели одговор (со надеж дека ги разбра од нашите книги првите степени (Човек на Земјата), па се заинтересира за овие, повисоките. Еве, одговор:

Според тоа, ритуалите и учењата од (V)-(IX) се инструкции на Иницијантот за Господарење со Животот; тука се инструкциите во Херметичката Филозофија, Кабала, Магика, Јога, сите со цел да го спремат Иницијантот за откривање и посветување во една Врвна Тајна.

И да додадам: ги молиме читателите да не прашуваат залудно која ли е таа Врвна Тајна, бидејќи тој одговор не може да се напише на форум или во книга!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ууууу жестоко, жестоко :P

Ова ѓоамити како и ја што слушав набедувања, зборење од фантазии, од места на страв од непознато...и кога ќе речам дај да ти објаснам за да разбереш и да не се секираш дека нешто не знам (ќе ме убиеле, ќе ме одвоеле од фамилија, ќе ме следеле, ќе ме дрогирале итн итн) ќе ми се деси....добивам одговор не сакам да разберам.

Што да се каже на таков човек?

Така да, Доналд и такви како него што сакаат само нешто да полемираат - а немаат желба сами да разберат и да се потрудат...барем можат со поголема почит да прашаат нешто. Ова се осеќам као расипана лента, пошто веќе сум го кажала тоа овде, на оваа тема.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Батали го учењето Хепта, барем со мене. Тоа е уште една бајка, налик Библијата, Куранот..., само спакувана малку поубаво.

1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”
7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.
8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.
9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.
10Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.
.....

1. Had! The manifestation of Nuit.
2. The unveiling of the company of heaven.
3. Every man and every woman is a star.
4. Every number is infinite; there is no difference.
5. Help me, o warrior lord of Thebes, in my unveiling before the Children of men!
6. Be thou Hadit, my secret centre, my heart & my tongue!
7. Behold! it is revealed by Aiwass the minister of Hoor-paar-kraat.
8. The Khabs is in the Khu, not the Khu in the Khabs.
9. Worship then the Khabs, and behold my light shed over you!
10. Let my servants be few & secret: they shall rule the many & the known.
....

И двете се бајки.

Мухамед, пештера, 7 век, Габриел, ентитет - ангел, Алах - Бог, книга Куран

Роуз Кроули, хотелска соба во Египет, 20 век, Ајваз - ентитет, книга - Либер Ал Вегис.
Кајгана форум, тема - Алистер Кроули, април месец, пост 466.
Што се однесува до религиското и телемата, ќе те прашам само една работа па ти спореди, размисли и донеси заклучок сам дали има или не сличност.
Дали Исламот дозволува верникот муслиман да го реплицира - сам да помине низ искуството кое поминал Мухамед и да го потврди или демантира?
Дали Христијанството вели дека секој може да помине низ искуството на Исус, да го реплицира и да го потврди или демантира?
Ако одговорот на прашањава е да, тогаш се слагам со тебе дека нема разлика.
Линк до постот бидејќи темата е затворена и неможе да се цитираат постовите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom