Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Прв болд. Непостојат "непријатни коментари", постојат само коментари засновани на стереотипи (како оние дека О.Т.О е секта во која членовите трчале голи по манастири и кршеле нозе на тинејџери. Или оние дека телемитите пиеле крв од мачки и имале оргии на гробишта) кои се кажани во одредена насока, најчесто со провокативна и злонамернa.
Втор болд. Темата не е отворена од телемит, си пишува кој ја отворил.
Трет болд. Желбите и љубопитноста се за оние што собираат "овци" и се трудат да се претстават како овчари, за нив може да биде неуспех бројноста на нивното стадо, не за нас.
1. Нешто, кое ти ќе го наречеш стереотип, не станува навистина стереотип, ако го повторуваш тоа.
Само се убедуваш себе си, во исправноста на твојата одлука и си ја смируваш совеста дека другиот нема аргументи и се размавтува со стереотипи.
Согласно вашите ставови по ова прашање (ОТО и телема) не постои валиден аргумент кој ти би го прифатил, а истиот говори против твоите убедувања.
Дури и некој твој брат или бивш брат, да го каже тоа, ти веројатно ќе го окарактеризираш како неточност, бладање, љубомора, желба да ви се наштети итн...
Ваквиот пристап е многу сличен на верниците од монотеистичките религии (особено исламот), кои вие толку многу ги критикувате.
2. Небитно,кој ја отворил. Вие сте нејзини доаени и носители на истата.
3. Доколку целта не ви е зголемување на стадото, тогаш со која причина зборувате за вашите "тајни", а истите не ги споделувате, ниту пак таканаречените ритуали, туку велите - иницирај се и ќе дознаеш, односно дојди во стадото?